ВНАТРЕШНОСТ

Внатрешноста на F-PACE ги спојува елегантното и спортското за да го создаде најновото во современиот дизајн.

Погледнете го видеото

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
НА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

Изберете ги опционалните седишта Performance со перфорирана зрнеста кожа1 за да го збогатите чувството за спортски автомобил. Овие седишта се карактеризираат со прилагодливи странични потпирачи коишто удобно ќе ве сместат во седиштето, а нудат и поголема странична поддршка. Кај F-PACE SVR, седиштата Performance се тапацирани со перфорирана кожа Windsor прошиена со ромбоидни форми, а во наслонот за глава е втиснато логото SVR.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ВНАТРЕШНОСТА НА F-PACE SVR

Кабината на F-PACE SVR, со седиштата Performance, ги сместува возачот и сопатниците на главната сцена.

Погледнете го видеото
yt:swTBaho7KSw
СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА
СЕДИШТА PERFORMANCE

Седишта Performance со перфорирана кожа Windsor, прошиена со ромбоидни форми, во боите Light Oyster/Ebony2.

СЕДИШТА LUXURY

Седишта од перфорирана кожа Windsor во бојата Siena Tan достапни кај моделот Portfolio.

СЕДИШТА SPORT

Спортски седишта од зрнеста кожа во бојата Ebony/Pimento достапни кај моделот R-Sport.

ВЕРЗИИ
F‑PACE 300 SPORT
НОВИОТ F‑PACE 300 SPORT

Низ внатрешноста на F-PACE 300 SPORT се протега жолто контрастно порабување што се комбинира со алуминиумските лопатки за менување на степените на пренос и создава мешавина од најфини нијанси и спортска решителност. На наслоните за глава и на воланот е знакот 300 SPORT, знак што ја обележува уникатноста на возилото.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
F‑PACE CHEQUERED FLAG
НОВИОТ F‑PACE CHEQUERED FLAG

Храбрата, кожна R-SPORT внатрешност се надополнува со завршните украсни детали во стилот Meshed Aluminium и металните плочки на праговите со знакот F-PACE Chequered Flag. За вашето опкружување можете да изберете една од двете понудени опции со импресивни бои: црна Ebony и црвена Pimento, или црна Ebony со контрастно порабување во светлата боја Light Oyster.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ОПРЕМА ВО ВНАТРЕШНОСТА

Во вашиот F-PACE можете уште подетално да го истакнете вашиот карактер со помош на мноштвото достапни опции.

ПРИЛАГОДЛИВО АМБИЕНТНО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Можете да ја издигнете персонализацијата на повисоко ниво со помош на системот Прилагодливо амбиентно внатрешно осветлување3 коешто создава богат визуелен ефект и гостопримлива, релаксирачка атмосфера за сите патници во автомобилот. Системот ги нагласува најфините стилски детали во внатрешноста со снопови од мека светлина којашто е во избор од десет различни бои. F-PACE може да создаде амбиент којшто ќе се совпадне со секое ваше расположение.
ПРОСТОР ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ
Кај задните седишта, просторот за нозете и за колената е 945mm и 65mm, по наведениот редослед. Тука има простор три возрасни лица да седат заедно и комфорно, а задните седишта се карактеризираат и со функцијата за електрично навалување4 - совршената положба за седење ја добивате со еден допир на копчето.
Погледнете го видеото
yt:_BepWtrvQK8
ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ
Изберете еден од нашите опционални панорамски стаклени покриви5, фиксен или лизгачки панорамски покрив, за да ја исполните со светлина внатрешноста на вашиот F-PACE и да го зголемите чувството за простор. За поголема приватност и да се намали прекумерното загревање од сончевите зраци, секој панорамски покрив е опремен со електрична завеса како дел од стандардната опрема.

Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто го комбинира возбудливото возење со практичноста и ефикасноста. Создајте го вашиот совршен F-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1Достапно само кај F-PACE R-Sport и F-PACE S.
2Достапно само кај F-PACE SVR.
3Достапноста и можноста за вградување е во зависност од пазарот.
4Опционална карактеристика. Не е достапно кај F-PACE SVR.
5Вградувањето панорамски покрив е во зависност од пазарот и моделот.