ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Напредната технологија на Jaguar F-PACE нуди спектар од системи коишто го збогатуваат доживувањето при возење и се грижат сите патници во возилото да бидат безбедни.

Погледнете го видеото

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
INCONTROL
10” TOUCH PRO
ДЕЛ ОД СТАНДАРДНАТА ОПРЕМА КАЈ СЕКОЈ F-PACE

Хардверот и софтверот од следната генерација на системот Touch Pro ги унапредуваат поврзливоста и забавата во F-PACE до највисокото ниво.

- 10”-ен екран на допир со гестикулации со допирање, поминување со прст и штипнување за зумирање и приспособлив почетен екран
- Група инструменти со 5”-ен централен TFT екран2
- Аудио систем Jaguar2
- AM/FM радио, Bluetooth® и 2 x USB приклучници
ДВОЕН ПОГЛЕД
Функцијата Двоен поглед им овозможува на совозачот и на возачот да уживаат во различни медиуми на истиот екран на допир од 10 инчи. На пример, совозачот може да гледа филм (звукот го слуша преку безжичните слушалки) додека возачот ја гледа навигацијата.3
ДОПОЛНИТЕЛНИ INCONTROL ТЕХНОЛОГИИ
PROTECT
Protect се состои од функциите SOS итен повик, Jaguar Optimised Assistance и апликацијата за паметен телефон Remote Essentials, што обезбедува информации за вашето возило и ви овозможува далечинска комуникација со возилото. Проверете го нивото на гориво во резервоарот и растојанието што можете да го изминете, статусот и положбата на вратите, прозорците и бравите. Погледнете ја последната локација на паркирање на возилото и насоките за враќање до возилото пешки. Можете да ја запишувате и статистиката за вашата километража. 1
CONNECT PRO
За понатамошна надградба на Touch Pro, опционалниот систем Connect Pro се состои од InControl Apps, апликацијата за паметен телефон Remote Premium, Wi-Fi хот-спот и Pro Services вклучувајќи ја функцијата Сообраќајни информации во реално време. Меѓу останатите карактеристики спаѓаат синхронизирање на вашите омилени патувања преку системот за навигација на Touch Pro во автомобилот, апликацијата Route Planner на вашиот паметен телефон и веб-локацијата Route Planner.5
ПАКЕТ SMARTPHONE<sup>7</sup>
Споделување на екранот на вашиот паметен телефон со системот за информации и забава InControl на вашиот F‑PACE никогаш не било поедоноставно. Едноставниот и интуитивен интерфејс на Android AutoTM значи дека можете да комуницирате со системот со минимално одвлекување на вниманието. Недвосмислениот дизајн на Apple CarPlay® ви овозможува едноставно ракување со неговите функции за да останете фокусиран на патот пред вас.
SECURE TRACKER
Secure Tracker обезбедува набљудување на украдено возило и известувања преку вашиот паметен телефон и InControl сигурносниот повикувачки центар.1
ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК СО ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
Системот Препознавање сообраќаен знак ве информира и ве известува на патот, со прикажување на знаците за ограничена брзина и за забрането претекнување во групата инструменти, кадешто можете лесно да ги забележите. Системот Прилагодлив ограничувач на брзината ги користи информациите од системот Препознавање сообраќаен знак за да ја прилагоди брзината на вашето возило, соодветно на добиените информации, со помош на системот Контрола на патна брзина.6
Погледнете го видеото
yt:1FhPoWvXtAE
INCONTROL APPS
InControl Apps го поврзува вашиот паметен телефон со екранот на допир во вашето возило, што значи дека можете да останете сигурно поврзан со вашиот паметен телефон дури и кога сте во автомобилот. InControl Apps ви овозможува да ги контролирате компатибилните апликации на вашиот екран на допир, како што се Spotify и Tile, осигурувајќи безбедно и удобно користење на апликациите коишто се оптимизирани специјално за употреба во вашето возило. 1
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
Опционалниот Head-up Дисплеј (HUD)8 на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото како што се брзината на движење, степенот на пренос и насоките од системот за навигација. Се карактеризира со кристално чиста графика во боја со висока резолуција со што ви овозможува едноставно да ги забележите командите на возачот и информациите.
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™
Аудио системите на Meridian и нивните напредни алгоритми за дигитална обработка на сигналите гарантираат дека ритамот и тактот на секое музичко дело ќе се слушаат токму како што замислил авторот. Изберете еден од понудените системи, аудио систем Meridian™9, 380W со 10 звучници и сабвуфер или аудио системот Meridian™ со опкружувачки звук6, 825W со 16 звучници и сабвуфер.

Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто го комбинира возбудливото возење со практичноста и ефикасноста. Создајте го вашиот совршен F-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

Креирајте свој модел

1 Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar. Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. InControl Apps и апликацијата Remote треба да се преземат од Apple/Play Store. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време. 
2 Карактеристиките и нивната достапност може да се разликуваат во зависност од спецификациите на возилото и пазарот. За подетални информации консултирајте го продавачот на Jaguar што е најблизу до вас. 
3 Опционална карактеристика, бара вградување на Navigation Pro, CD/DVD плеер и аудио систем MeridianTM/аудио систем MeridianTM со опкружувачки звук.
4 Jaguar Optimised Assistance е претплатничка услуга што може да се продолжи по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar. 
5 Connect Pro бара Navigation Pro. Кога е избран системот Navigation Pro, морате да ги изберете и сите карактеристики во пакетот Connect Pro. За подетални информации консулитирајте се со вашиот продавач на Jaguar. Онлајн функционалноста и Wi-Fi поврзливоста зависат од инсталација на микро SIM картичка со соодветен договор.
6 Достапноста и можноста за вградување е во зависност од пазарот. Достапно само како дел од Navigation Pro. 
7 Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време. 
8 Бара да биде вградено соларно ветробранско стакло. 
9 Опционална карактеристика.