НАДВОРЕШНОСТ

Со својот моќен, агилен изглед и спортскиот карактер, F-PACE има уникатна појава на патот. Визуелно инспириран од Jaguar F-TYPE, F-PACE е перформансен SUV со ДНК на спортски автомобил.

Погледнете го видеото

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

F-PACE е најновиот во серијата на прекрасни, возбудливи автомобили. Со своите динамички пропорции, тој ја надградува аеродинамиката и ја унапредува способноста. Аеродинамичниот облик на автомобилот во форма на капка солза е нагласен со закосената линија на покривот, што го комплетира неговиот самоуверен став.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
НАДВОРЕШНОСТА НА F-PACE SVR

Со специјално дизајнирана, прилагодена аеродинамика, во којашто спаѓаат новиот преден одбојник и поширокиот спојлер, F‑PACE SVR постигнува сила на притисок кон површината и има аеродинамика со перформанси што се неопходни за еден SUV да постигне максимална брзина од 283km/h - а во исто врема да изгледа сензационално.

Погледнете го видеото
yt:-aohHGisxrY
УНАПРЕДЕНА АЕРОДИНАМИКА

Уникатниот надворешен дизајн на F-PACE SVR нуди аеродинамика со извонредни перформанси бидејќи воздухот се насочува над, под и околу автомобилот - се намалува подигнувањето, се зголемува тракцијата на пневматиците, а истовремено се постигнува ефективно ладење на моторот и кочниците. Како резултат на тоа се добива бескомпромисна управливост, совладување свиоци со поголема g-сила и зголемена стабилност при големи брзини.

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

Аеродинамиката на F-PACE е клучна функција на дизајнот на неговата каросерија и овозможува импресивен коефициент на отпор на воздухот Cd 0.34. Резултатот кажува дека F-PACE навистина е така мазен како што изгледа. Крајно усовршената аеродинамика ги намалува потрошувачката на гориво, емисијата на CO2 и бучавата од ветерот, а истовремено ги подобрува стабилноста при големи брзини и самодовербата на возачот.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН
НАПРЕД
ПРИЛАГОДЛИВИ ЛЕД ФАРОВИ

Прилагодливите ЛЕД фарови2 на F-PACE коишто имаат светла за дневно возење со карактеристиката на Jaguar - „Ј“ потписот, даваат светлина со боја којашто е блиска до бојата на дневната светлина, со што се грижат вашите очи полесно да ги распознаваат предметите, а и го намалуваат нивниот замор.

СТРАНИЧНО
ДИНАМИЧКИ ПРОПОРЦИИ

F-PACE има динамичен изглед од секој агол. Со самоуверен преден дел, импозантна украсна маска и јасни остри рабови коишто смислено потсетуваат на спортската елеганција на F-TYPE.

НАЗАД
МОЌНИ ЗАДНИ КРИЛА

Изразените задни крила го надградуваат спортскиот карактер на F-PACE, инспириран од моделот F-TYPE, и формираат заводлив заден дел за ЛЕД крајните светла со висок интензитет.

ВЕРЗИИ
F‑PACE 300 SPORT
НОВИОТ F‑PACE 300 SPORT

F-PACE 300 SPORT ги привлекува погледите со својот дизајн, од која страна и да го гледате. Помеѓу краците на уникатните тркала во сивата боја Satin Dark Grey блеска жолтиот знак од шепите на кочниците. Идејата продолжува со знакот 300 SPORT на украсната маска во црната боја Gloss Black и на крајната врата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
F‑PACE CHEQUERED FLAG
НОВИОТ F‑PACE CHEQUERED FLAG

За да се збогати неговата појава на патот, F-PACE Chequered Flag е опремен со нашиот пакет Black, пакет што дополнително го истакнува агресивниот стил на возилото. Во овој пакет е вклучена опрема во црната боја Gloss Black, како што се страничните отвори за воздух со карактеристичниот знак и S предниот одбојник којшто е фокусиран кон перформансите.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
JAGUAR ТРКАЛА
ТРКАЛА ЗА F-PACE SVR
Изберете ги 21”-ните ковани тркала од легура обработени со дијамант, или опционалните 22”-ни ковани тркала од легура обработени со дијамант или со завршна обработка во бојата Gloss Black. За поголем зафат на тркалата со подлогата и поголема стабилност во свиоците, задните пневматици со ширина од 295mm уште повеќе го подвлекуваат спортскиот карактер на F-PACE SVR.
СПОРТСКИ ТРКАЛА
F-PACE нуди голем избор на тркала од легура со аеродинамичен облик и мала тежина, а нуди и широк спектар на димензии на тркалата 18“ - 22“ - извонредно дополнение на динамичниот изглед на F-PACE. Изберете ги вашите тркала со помош на нашиот конфигуратор.

Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто го комбинира возбудливото возење со практичноста и ефикасноста. Создајте го вашиот совршен F-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1Во зависност од моторот.
2Вградувањето е во зависност од изведбата на моделот и пазарот. Ксенон или халогени фарови се исто така достапни во зависност од избраниот модел.