ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Откријте ја возбудата што ја донесува возењето на F-PACE, со агилната управливост и технолошки напредните мотори коишто овозможуваат перформанси и ефикасност.

Погледнете го видеото

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПЕРФОРМАНСИ

F-PACE оживеа благодарение на моќноста на неговите мотори во комбинација со алуминиумската конструкција со мала тежина на Jaguar и напредните технологии за динамични перформанси. Заедно, тие овозможуваат возбудливи перформанси и ефикасност.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ НА F-PACE SVR

Со F-PACE SVR, одделението Special Vehicle Operations (SVO) создаде еден SUV што може да „згрми“ до 100km/h за неверојатни 4,3 секунди.

Погледнете го видеото
yt:vnBIEBNnwLY

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ALL ROUND CONFIDENCE

Без разлика дали ќе изберете погон на задните тркала (RWD)1 или погон на сите тркала (AWD), F-PACE секогаш се чувствува и се однесува како Jaguar.

yt:TL2wJx3itTE
АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

Алуминиумската конструкција со мала тежина на F-PACE е крута и јака, нуди одлична заштита за сите патници во возилото, додека нејзината намалена тежина ја подобрува ефикасноста и ги надградува управливоста и кочењето. F-PACE е меѓу најлесните автомобили во својата класа2 и нуди распределба на тежината со скоро совршен 50:502 баланс, за да се постигнат спортски перформанси и беспрекорно возење.

yt:PCymm58S-WM

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

МОТОРИ И ТРАНСМИСИИ
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
БЕНЗИНСКИ
F-PACE нуди неколку бензински мотори, меѓу коишто се два од нашата серија Ingenium. Овие 2.0-литарски 4-цилиндрични бензински мотори Ingenium со турбо полнач со моќност од 250PS или 300PS развиваат извонредна корисна моќност и вртежен момент. Со нивниот дизајн за мала тежина и широката употреба на тркалачките лежишта со валјачиња со мал коефициент на триење, тие се направени за да се добијат глатки перформанси и голема ефикасност.
НОВИ ДИЗЕЛ МОТОРИ
Три дизел мотори во серијата F-PACE се потпираат на Ingenium технологијата. Овие мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција се проектирани со цел да се обезбедат глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start1 и паметно регенеративно полнење. На овој начин се собира кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот за максимална економичност, особено во градското возење.
МОТОРИ ИНСПИРИРАНИ ОД F-TYPE
Сите бензински мотори на F-PACE нудат моќност и брза реакција. 3.0-литарскиот V6 бензински мотор со супер полнач2 којшто F-PACE го дели со F-TYPE, развива моќност од 380PS и вртежен момент од 450Nm. 5.0-литарскиот V8 550PS мотор, достапен во F-PACE SVR, нуди неверојатен вртежен момент од 680Nm. Двата мотора моментално развиваат високи перформанси на секаков број на вртежи на моторот, како и уникатен звук.
3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ
3.0-литарскиот V6 300PS дизел мотор со двоен турбо полнач ја развива својата моќност на префинет и ефикасен начин, генерирајќи импресивен вртежен момент од 700Nm за да се добие возење со брза реакција. Со доводот на горивото управува комон реил систем за вбризгување на горивото, под притисок од 2000 bar, со помош на пиезоелектрични вбризгувачи, овозможувајќи ефикасно согорување и пониска емисија на издувни гасови.
ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC) И СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (AdSR)
Системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC)4 на Jaguar е контрола на мала патна брзина којашто се грижи да одржувате оптимална управливост во ситуации со мала тракција. Кај возилата со погон на сите тркала - AWD кај коишто е вграден системот Прилагодлива динамика, опционалниот систем Прилагодување кон површината (AdSR) ги препознава разликите помеѓу површините за да го искористи расположивиот зафат на тркалата со површината преку прилагодување на поставките на моторот и на кочниците.
Погледнете го видеото
yt:PGx2zd9Afjw
JAGUARDRIVE CONTROL
Уникатниот систем JaguarDrive Control нуди побрзо менување на степените на пренос и поспортски „kickdown“ (нагло забрзување) во динамичкиот режим, порана промена во повисок степен на пренос во еко режимот за да се подобри ефикасноста, додека пак режимот дожд-мраз-снег префрла во помеко движење во услови на мал зафат на тркалата со површината. Системот ви овозможува да избирате помеѓу искористување на целосните динамички перформанси на F-PACE и максимирање на неговата горивна економичност.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:hJWsGMsCcC4
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ (TVbB)
Технологијата Насочување на вртежниот момент преку кочење обезбедува контролирано независно кочење на внатрешните тркала (предно и задно) за да се максимира способноста на возилото и низ најтесните свиоци, намалувајќи го подуправувањето и овозможувајќи агилност како кај спортски автомобил и зголемена самодоверба на возачот.
ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)
Електричниот серво управувач (EPAS) нуди извонредна повратна информација и контрола. Системот се активира по барање - штедејќи ја моќноста за таму кадешто навистина ќе ви треба, а го штеди и горивото. Софистицираната компјутерска контрола на системот ја менува помошта за управување според потребата - зголемувајќи ја помошта при маневрирање со мали брзини на движење, а на големи брзини го подобрува чувството.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
Независно дали забрзувате на автопат, совладувате свиоци на локални патишта или се движите низ град, системот Прилагодлива динамика5 ја модифицира реакцијата на F-PACE за да се совпадне со условите и со вашот стил на возење. Системот постојано ги прилагодува амортизерите за да обезбеди оптимална рамнотежа помеѓу смиреноста и комфорот за цело време.
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА
Инспириран од спортскиот автомобил F-TYPE, опционалниот систем Динамика којашто може да се конфигурира6 ви овозможува да ја поставите динамиката на F-PACE за мапирање на гаста, моментите на менување на степените на пренос и за управувањето за да одговара на вашите потреби за перформанси. Системот се активира кога ќе се избере динамичкиот режим во JaguarDrive Control. Динамичкиот режим го оживува спортскиот карактер на F-PACE со поостра реакција на гаста, го прави управувањето потврдо и дава побрза промена на степените на пренос и таа промена ја изведува на повисок број на вртежи на моторот.

Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто го комбинира возбудливото возење со практичноста и ефикасноста. Создајте го вашиот совршен F-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1Достапно е во зависност од пазарот.
2Во зависност од моделот и моторот.
3Достапно само со 2.0-литарски 4‑цилиндричен 163PS дизел мотор.
4Само со автоматска трансмисија.
5Стандард кај F-PACE S и SVR, не е достапно со 2.0-литарски 4‑цилиндричен 163PS дизел мотор.
6Само со автоматска трансмисија. Стандард кај F-PACE S и SVR, не е достапно со 2.0-литарски 4‑цилиндричен 163PS дизел мотор.
Сите вредности се цели на производителот и се предмет на крајно потврдување пред да се почне со производство. Забележете дека вредностите за CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала, а најниските вредности може да не се постигнат со стандардните тркала.
Погледнете ги WLTP вредностите за F-PACE.
Погледнете ги WLTP вредностите за F-PACE SVR.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.
‡‡Податоците за моторот не се ресертифицирани во 2018. Прикажаните податоци одговараат на сертификацијата од 2017 година.