ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Обезбедувајќи богатство од информации и забава, InControl е нашиот пакет од напредни технологии што ве поврзува и вас и вашиот E‑PACE со останатиот свет.

Погледнете го видеото

InControl се карактеризира со интуитивни и напредни интегрирани технологии за да може секој да ужива на свој начин во патувањето. Екранот Touch Pro од 10” поставен во срцето на централната конзола ги поддржува гестикулациите со поминување со прст и штипнување и нуди богата аудио-визуелна забава.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
TOUCH PRO

За да го збогати доживувањето во автомобил, Touch Pro нуди до 4 прилагодливи основни екрани и кратки времиња на одговор како и гласовна контрола. Интерактивната странична табла ви овозможува да изберете од понудените табли - така да полето на вашиот главен екран може да се користи за навигација, додека страничната табла обебедува контроли за телефон. Едноставно лизгајте со прстот нагоре и надолу за да се префрлувате помеѓу повеќето табли.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СИСТЕМОТ INCONTROL
ПАКЕТ CONNECT PRO<sup>1</sup>
За понатамошно унапредување на Touch Pro, опционалниот пакет Connect Pro2 се состои од функциите Pro Services и 4G Wi-Fi хот-спот, Smart Settings и Navigation Pro. Слушајте ја вашата омилена музика, омилена радио станица и омилените подкаст дигитални датотеки додека сте во движење. Сето тоа без вашиот паметен телефон. Поврзете ги вашите Deezer и TuneIn сметки со InControl Portal и до вашите медиуми можете да пристапите директно од екранот на допир во вашето возило.
INCONTROL APPS<sup>2</sup>
Опционалната технологија InControl Apps овозможува апликациите што се оптимизирани за возило на вашиот Apple или Android паметен телефон да се контролираат преку екранот на допир на E-PACE, вклучувајќи ги вашите контакти, календарот и музичкиот плеер. Едноставно, поврзете го вашиот паметен телефон преку USB кабел.
SMART SETTINGS<sup>3</sup>
Автоматски го препознава секој возач преку неговиот клуч и телефон, опционалната функција Smart Settings може да ги избере претпочитаните положби на седиштето и ретровизорите и да го вклучи вашиот претпочитан медиум на почетокот на секое патување. Функцијата Smart Settings може исто така да ги научи и автоматизира овие ваши склоности врз основа на вашите навики и рутини во минатото.
REMOTE<sup>4</sup>
Апликацијата Remote обезбедува информации за вашето возило и ви овозможува далечинска комуникација со возилото. Оваа услуга ги вклучува функцијата Optimised Assistance којашто испраќа податоци за вашата локација и дијагностички податоци во случај на дефект и функцијата SOS итен повик. Апликацијата Jaguar InControl Remote ви овозможува и далечинска проверка на нивото на гориво, а може дури и да го пронајде вашето возило на преполн паркинг.
SECURE TRACKER<sup>5</sup>
Ако некој провали во вашиот автомобил или ако го придвижи нелегално, опционалниот систем Secure Tracker автоматски испраќа известување до вас и до центарот за набљудување и ќе се погрижи возилото да се лоцира и да се оспособи што е можно побрзо. Дури и ако вашето возило е украдено со клучевите, вие можете да го известите повикувачкиот центар за следење со помош на апликацијата за паметен телефон Secure Tracker.
СИСТЕМ CLICK AND GO
Со опционалната интегрирана основна единица на системот Click and Go, патниците на задните седишта можат да ги користат нивните таблет уреди во хендс фри режим во текот на патувањето. Со едноставен механизам за монтирање и заден USB полнач, патниците уживаат во забавата додека нивните уреди остануваат наполнети.
INFOTAINMENT
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
Опционалниот Head-up дисплеј (HUD) ги прикажува клучните податоци за возилото врз ветробранското стакло. Се карактеризира со кристално чиста графика во боја со висока резолуција, овозможувајќи ви да ги гледате со леснотија сите команди на возачот и информации.
Погледнете го видеото
yt:WpbYDR84s64
ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ<sup>6</sup>
E‑PACE се карактеризира со опционален 12.3"-ен Интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција, што гарантира дека секогаш ќе уживате во забавата, ќе бидете информирани и поврзани. Системот може да прима и прикажува информации за возењето, забавни содржини и податоци за активната безбедност вклучувајќи ги навигацијата, телефонот и медиумите.
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN<sup>TM</sup> <sup>7</sup>
Оживејте ја вашата музика со два опционални аудио системи од британските експерти за звук MeridianTM. Врвниот аудио систем Meridian со опкружувачки звук со технологијата TrifieldTM емитира полн и чист звук како да се работи за изведба во живо. Распоредот на 14-те звучници и 1 сабвуфер го нуди најдоброто аудио доживување.
ИСТРАЖЕТЕ ГО MERIDIAN AUDIO
IGUIDE

Апликацијата Jaguar iGuide ја користи најновата технологија за да ги објасни сите карактеристики и елементи за контрола на вашиот E‑PACE што треба да ги знаете. Таа служи и како мобилен прирачник за сопственикот, што обезбедува дека секогаш при рака ќе го имате одговорот на кое било прашање.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Првиот компактен СУВ на Jaguar е уникатна комбинација на впечатлива појава, агилност и динамично возење. Креирајте го својот совршен E‑PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1 Пакетот Connect Pro содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar/Land Rover. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Онлајн функционалноста и Wi-Fi поврзливоста зависат од инсталација на микро SIM картичка со соодветен договор.
2 Стандард кај пакетите со спецификациите S, SE и HSE.
3 Достапно само со пакетот Connect Pro.
4 Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar.
5 Secure tracker е претплатничка услуга што може да се продолжи по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar.
6 Стандард кај пакетот со спецификациите HSE.
7 Аудио системот Meridian 380W е стандард кај пакетите со спецификациите SE и HSE.

Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. Trifield и “three fields” (три полиња) уредот е заштитен знак на Trifield Productions Ltd.

InControl содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar. Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на вашиот локален пазар. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. InControl Apps и апликацијата Remote треба да се преземат од Apple/Play Store. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url