• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

SOFTWARE UPDATES (ОБНОВУВАЊА НА СОФТВЕРОТ) - СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ОВАА ФУНКЦИЈА

ЛАНСИРАЊЕТО НА I-PACE, ПРВОТО ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА JAGUAR, ДАВА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ЕДНО НОВО ПОЛЕ ОД ТЕХНИЧКИ ИНОВАЦИИ. НА ПРИМЕР, НАШАТА НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИ.

Развивме нови способности што овозможуват безжично „over-the-air“ обновување на софтверот на возилото.

За дополнителна удобност, функцијата Software Updates ви овозможува безжично „over-the-air“ да ги преземате и инсталирате обновувањата на софтверот преку SIM картичката или преку Wi-Fi врската до вашето возило.

Штом е достапно обновување системот во автомобилот ќе ве праша дали сакате да го прифатите тоа обновување. Возилата со коишто управуваат повеќе возачи, како што се возила од возен парк или возила за изнајмување чиишто сопственици не сакаат да има пристап до обновувањата, постои едноставна функција за блокирање, со PIN број, што може да се овозможи за да се ограничи пристапот.

Функцијата Software Updates осигурува дека вашето возило работи со најдобрите перформанси и секогаш е во тек со новитетите. Оваа функција е поставена за радикално да се промени автомобилската индустрија и наскоро ќе стане вообичаена како што е денеска за мобилните телефони.

Функцијата Software Updates - Воздухот брмчи од обновувања

Функцијата Software Updates

Прашање: Што претставува функцијата Software Updates?

Одговор: Функцијата Software Updates значи дека можете да го обновите главниот софтвер на возилото безжично „over-the-air“, без да има потреба да го посетите продавачот на Jaguar / Land Rover.



Прашање: Што му прави оваа функција на моето возило?

Одговор: Функцијата Software Updates ќе ги обнови системот за информаци и забава, единицата за телематика и, кај одредени модели, модулот за контрола на енергијата на батеријата на возилото. Ова ќе му овозможи на Jaguar да ви обезбеди обновувања на вашиот систем за информации и забава, а каде што е применливо управување со и дополнително оптимизирање на системот Способност за полнење на батеријата.



Прашање: Како можам да ја исклучам функцијата Software Updates?

Одговор: Функцијата Software Updates можете да ја вклучите/исклучите преку менито Setting (Поставки) во секцијата Software Updates (Обновувања на софтверот).


Прашање: Како ќе знам дека е достапно некое обновување?

Одговор: Кога е достапно некое обновување, ќе добиете известување преку системот дека е достапно обновување на софтверот за вашето возило. Потоа, ќе добиете прашање за преземање, коешто ако се прифати ќе го активира процесот на преземање. Од друга страна, можете и сами да проверите дали има обновување на софтверот преку менито Setting (Поставки), во секцијата Software Updates (Обновувања на софтверот).



Прашање: Дали обновувањата на софтверот се бесплатни?

Одговор: Ако за преземање на обновувањето ја користите вашата SIM каритичка наместо Wi-Fi врската, можете да се изложите на трошоци за пристап до податоци.



Прашање: Колку време трае инсталирањето?

Одговор: Целото инсталирање може да трае до 35 минути, а за време на инсталирањето возилото нема да може да се користи.



Прашање: Што треба да направам пред инсталирање на обновувањето?

Одговор: Батеријата на возилото мора да биде наполнета над 60% и не смее да е приклучена на станица за полнење. Возилото не може да се користи сè додека инсталирањето на софтверот не заврши.



Прашање: На екранот на допир се прикажува „Software Update available“ (Достапно е обновување на софтверот). Што треба да правам?

Одговор: Оваа порака се прикажува кога е достапен нов софтвер. Вашето возило го поддржува обновувањето на софтверот без да има потреба да го посетите продавачот. Следете ги прашањата за да го активирате процесот.



Прашање: Моето преземање беше неуспешно, што треба да направам?

Одговор: Возилото можете да го користите нормално бидејќи неуспешното преземање нема да влијае на функционалноста на возилото на никаков начин. Можете да се обидете повторно да го изведете обновувањето преку менито Settings (Поставки), во секцијата Software Updates (Обновувања на софтверот). Ако обновувањето и понатаму е неуспешно ви советуваме да го посетите продавачот за подетално испитување.



Прашање: На екранот на допир се прикажува „Installation could not start“ (Инсталирањето не може да започне). Што треба да направам?

Одговор: Оваа порака се прикажува кога инсталирањето на софтверот не може да започне. Причината е наведена во пораката (на пример: Door unlocked (Отклучена врата), mobile network not available (не е достапна мобилна мрежа), preconditions not met (предусловите не се исполнети)). Следете ги екранските упатства за да продолжите.



Прашање: На екранот на допир се прикажува „Software installation failed“ (Инсталирањето на софтверот е неуспешно). Што треба да направам?

Одговор: Оваа порака се прикажува кога инсталирањето на софтверот не е успешно. Софтверот на возилото ќе се врати на својата претходна верзија. Возилото може да се користи нормално. Функцијата Software Updates (Обновување на софтверот) може да ја изведе продавачот. Пораката ќе укаже дали обновувањето на софтверот е итно. Кликнете „OK“ за да излезете од функцијата Software Updates.



Прашање: Дали има начин да се сопре инсталирањето?

Одговор: Не. Откако ќе започне, инсталирањето не може да се сопре. Сепак, тоа би требало да трае приближно само 35 минути. За време на исталирањето можете да влегувате и да излегувате од возилото.



Прашање: Случајно го прескокнав обновувањето на мојот софтвер, но сега сакам да го изведам. Што треба да направам?

Одговор: Со обновувањето можете да започнете преку менито Vehicle Settings (Поставки на возилото), во секцијата Software Updates (Обновувања на осфтверот). Во оваа секција можете да проверите дали има обновување за системите на возилото или за системот за информации и забава.



Прашање: Дали функцијата Software Updates е единствениот начин за обновување на софтверот на мојот автомобил?

Одговор: Не. Вие сепак можете да возите до вашиот продавач којшто ќе може да го изведе обновувањето на софтверот на вашиот автомобил преку системот во неговата сервисна работилница.