• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

АВТОНОМИЈА И ПОЛНЕЊЕ

I‑PACE ви овозможува да одите подалеку.

ИДНИНАТА НА ПОСЕДУВАЊЕ АВТОМОБИЛ

I‑PACE има автономија од 470km според циклусот на WLTP,*. Ова е овозможено со помош на неговата литиум-јонска батерија од висока технологија којашто има капацитет од 90kWh. Се комбинираат технологијата на следната генерација електрични автомобили и нашата страст за дизајн за да се добие возило со нулта емисија на издувни гасови коешто недвосмислено останува Jaguar. 

*WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови кај патничките возила во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Дали знаевте

Изберете категорија за да дознаете како таа влијае врз автономијата на I-PACE.

Климатизација на внатрешноста
Екстремни температури
Стил на возење
Возење во сообраќај
КЛИМАТИЗАЦИЈА НА ВНАТРЕШНОСТА

КЛИМАТИЗАЦИЈА НА ВНАТРЕШНОСТА

Системите за греење и климатизација на воздухот трошат енергија и тоа може да ја намали автономијата. Овие системи најчесто се употребуваат на почетокот на патувањето така што, за да се намали нивното влијание врз автономијата, I‑PACE има способност за претходно климатизирање на внатрешноста пред тргнувањето додека автомобилот сѐ уште се полни. Ова му овозможува на I-PACE да користи струја од електричното напојување, а не од батеријата, за да ја грее или лади внатрешноста.

ЕКСТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ

ЕКСТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Екстремно ниските и високи температури влијаат на тоа колку добро може батеријата да го одржува своето ниво на полнење. I-PACE се карактеризира со софистицирани системи за управување со топлината коишто се грижат батеријата да се одржува на нејзината оптимална температура и го минимизираат влијанието на надворешните температури врз автономијата на автомобилот.

СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ

СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ

Најголемо влијание врз автономијата има возачот. Честото, силно забрзување ќе има штетно влијание на состојбата со полнење на возилото, додека патувањето со мирно темпо ќе помогне да се сочува автономијата на електричниот автомобил. Постепеното забрзување може исто така да ја намали вашата зависност од нагло кочење коешто троши повеќе енергија од нежното кочење. Патувањето со мирно темпо ќе помогне да се сочува автономијата на електричниот автомобил.

ВОЗЕЊЕ ВО СООБРАЌАЈ

ВОЗЕЊЕ ВО СООБРАЌАЈ

И забрзувањето и кочењето трошат енергија. 
Повторливите забрзувања и кочења, што е случај во густ сообраќај, можат да бидат исцрпувачки за батеријата какви што се и за возачот. 
Со одржување непроменета брзина колку што е можно повеќе во густ сообраќај ќе се погрижите за сочувување на автономијата.

ЧИСТО, УДОБНО, БЕЗ НЕПРИЈАТНОСТИ

Батеријата на I‑PACE се полни преку приклучната точка за полнење на автомобилот, дискретно поставено зад лакот на предното крило. Откако ќе го приклучите, можете слободно да го оставите I‑PACE да се полни. Возилото автоматски ќе го прекине полнењето кога ќе се достигне полниот капацитет. Полнењето на автомобилот на дожд, или дури кога е паркиран на снег, е сосема безбедно, бидејќи системот за полнење е целосно затворен.

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

За оптимално полнење во вашиот дом, можете да вградите ѕиден полнач* што е одобрен од страна на Jaguar. I PACE е опремен со монофазен вграден полнач** со назименична струја - АС со моќност од 7,4kW, што може целосно да го наполни возилото преку ноќ и да даде автономија од 35km на час. Кога користите домашна приклучница, брзините на полнење се помали отколку кај ѕидниот полнач (до 11km автономија на час), но се доволни за да се измине просечна дневна градска релација од 60km ако возилото се полнело преку ноќ. Индустриските приклучници (или надградените домашни приклучници) можат да полнат со брзина до 35 km автономија на час.

* Jaguar има овластено партнерство за инфраструктура за полнење за сите пазари на коишто е достапен I PACE. Нашите партнери за инфраструктура ви стојат на располагање да ви понудат совети за најдобрите решенија за вас. За подетални информации консултирајте се со вашиот продавач на Jaguar.
**7,4kW електрично напојување е достапно во повеќето земји.

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

Најдобриот начин за брзо полнење на вашата батерија при долги патувања е со полначи со еднонасочна струја, DC - типичен полнач со моќност од 50kW може да даде до 270km автономија на час*. Бидејќи инфраструктурата за јавни станици за полнење се подобрува, I PACE ќе биде опремен да прифати брзина на полнење со еднонасочна струја - DC до 100kW. Тоа значи дека можете едноставно да додадете 100km автономија за само 15 минути. Во зависност од давателот на услуги, јавните станици за полнење со наизменична струја - АС можат да имаат широк опсег на брзини на полнење. Исто така, можете да најдете погодни станици за полнење на места на коишто можеби сакате да се задржите неколку часови - или дури и да преноќите - како што се локални трговски центри, хотели и сали за физички вежби. Едноставно запрете, приклучете, а потоа уживајте во престојот.

Jaguar има овластено партнерство за инфраструктура за полнење за сите пазари на коишто е достапен I PACE.
*Брз полнач со еднонасочна струја - DC обезбедува голема енергија за кратко време. Брзината на полнење се намалува како што батеријата го достигнува својот полн капацитет, затоа, во повеќето случаи ќе ви треба помалку време за брзо полнење до 80 проценти од капацитетот или за бараната продолжена автономија.

CHARGEMAP (МАПА ЗА ПОЛНЕЊЕ) - ЕДНОСТАВНО БАРАЊЕ НА СТАНИЦА ЗА ПОЛНЕЊЕ

Каде и да одите, сега имате можност однапред да го испланирате вашето патување така што вашиот Jaguar I-PACE секогаш ќе биде доволно наполнет. Со нашата интерактивна функција Chargemap (Мапа за полнење), во секое време можете да ја лоцирате следната станица за полнење, каде и да сте.

КАБЛИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ

Повеќенаменскиот кабел за полнење (познат и како универзален кабел за полнење мод 2), што се испорачува со I‑PACE, ви овозможува да го полните возилото или преку домашна приклучница или преку индустриска приклучница IEC. Прашајте го вашиот продавач на Jaguar за подетални информации во врска со користењето на I‑PACE во други земји.

КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ЗА ЈАВНИ СТАНИЦИ

Кабелот за поленење за јавни станици (познат и како кабел за полнење мод 3) го поврзува I‑PACE со стандардни јавни станици за полнење со наизменична струја - AC. Овој кабел може да се користи и за да се поврзете со домашен ѕиден полнач. Јавните станици за брзо полнење со еднонасочна струја - DC имаат кабел за поврзување така да не морате да користите свој кабел. Прашајте го својот продавач на Jaguar за подетални информации во врска со вашата локална и национална мрежа на јавни станици за полнење. 

Play

ВГРАДУВАЊЕ ДОМАШЕН ЅИДЕН ПОЛНАЧ

Нашите овластени компании за снабдување и вградување на ѕидни полначи ќе гарантираат дека секоја извршена работа е според најстрогите стандарди. Робустниот ѕиден полнач може да се смести крај вашата приодна патека, во вашата гаража или на кои било други погодни локации во вашиот дом. За подетални информации прашајте го вашиот продавач на Jaguar.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

СОЧУВУВАЊЕ НА АВТОНОМИЈАТА

I-PACE е опремен со технологија што ќе ја сочува автономијата и ќе ја штеди батеријата на возилото. Со функцијата за претходно климатизирање на кабината, на пример, можете да ја греете или ладите внатрешноста додека I -PACE се полни за да се користи енергијата од мрежата, а не од батеријата.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ
РЕЖИМ ECO

РЕЖИМ ECO

Режимот Eco се грижи да се сочува автономијата на I‑PACE преку намалување на потрошувачката на енергија и со фаворизирање на поефикасен стил на возење. Овој режим прави и фини промени на температурата во кабината, рециркулацијата на воздухот и на други бројни функции на автомобилот. Овие промени можете да ги заобиколите преку нормално ракување со која било од функците или преку менито за поставки.

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

*WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови кај патничките возила во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење. Податоците за перформанси не се применуваат за моделите што се продадени во Кина. Официјални вредности според EU испитувања од испитувањата на производителот според законите на EU. Служат само за споредба. Реалните вредности и податоците за вкупните перформанси на EV (електрично возило) можат да се разликуваат во зависност од променливите величини во возењето и околината.