• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Новиот целосно електричен Jaguar

I‑PACE

Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

360° НАДВОРЕШНОСТ
360° ПОГОНСКИ СИСТЕМ

ЗАБРЗУВАЊЕ

0-100km/h за 4.8 секудни

АВТОНОМИЈА

470 km WLTP*

Новиот целосно електричен Jaguar

I‑PACE

Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

360° НАДВОРЕШНОСТ
360° ПОГОНСКИ СИСТЕМ

ЗАБРЗУВАЊЕ

0-100km/h за 4.8 секудни

АВТОНОМИЈА

470 km WLTP*

*WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови кај патничките возила во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење.

Секој Jaguar возбудува како ниеден друг автомобил на патот. Преминувањето на целосно електричен погон не го менува тоа. Креиран од темел, новиот Jaguar I‑PACE е целосно електрично возило на батерија (Battery Electric Vehicle - BEV). Возбудлив за гледање и за возење, Jaguar I‑PACE е најелегантниот спортски автомобил со пет седишта во светот.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Play

ДУША

Време е за промена. Време е категорично да се остане Jaguar.

I‑PACE: ДЕТАЛИ

АВТОНОМИЈА

Едно целосно полнење обезбедува автономија од 470km според WLTP циклусот*.
*Прикажаните вредности се според NEDC и новиот WLTP тест за циклуси на возење. Разликата во вредностите е поради промената на начинот на испитување на возилата, а не поради намалување на перформансите. Реалните вредности и податоците за вкупните перформанси на EV (електрично возило) можат да се разликуваат во зависност од променливите величини во возењето и околината.

ПЕРФОРМАНСИ

Инстантниот вртежен момент и тракцијата од системот погон на сите тркала му го даваат на I‑PACE забрзувањето на спортски автомобил. Тој постигнува брзина од 100km/h за 4.8 секунди.

БАТЕРИЈА

Батеријата со капацитет од 90kWh кај I‑PACE е направена од пакети на литиум-јонски ќелии со висока густина на енергија. Нејзиниот дизајн и најсовремениот систем за управување со топлината поддржува долготрајност и периоди со постојана максимална моќност.

МОЌНОСТ

I‑PACE го движат два синхрони електромотори со перманентни магнети. Слично на технологијата што се наоѓа во тркачкиот автомобил I‑TYPE Formula E, овие мотори развиваат моќност од 400PS и вртежен момент од 700Nm.

ДИМЕНЗИИ

I‑PACE има компактни габаритни димензии, но исклучително пространа внатрешност. Во внатрешноста има пет седишта со стандардни димензии, иновативен простор за одлагање предмети, обилен заден багажен простор од преку 1,453 литри и 27 литри во предниот багажен простор.

ПОЛНЕЊЕ

Со брз полнач со еднонасочна струја - DC со моќност од 50kW - тип на полнач што се наоѓа во повеќето јавни станици за полнење - I‑PACE може да постигне автономија од 270km на час*. 
*Вистинските времиња за полнење може да се разликуваат во зависност од условите на околината и достапната инсталација за полнење.
Play

АВТОНОМИЈА И ПОЛНЕЊЕ

Без оглед на тоа дали ова е вашето прво или следно електрично возило, откријте како Jaguar I‑PACE беспрекорно се вклопува во вашиот животен стил со помош на нашите калкулатор за автономија и прашалник за полнење.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ АВТОНОМИЈАТА И ПОЛНЕЊЕТО

СТИМУЛАЦИЈА

Сопствениците на I‑PACE добиваат финансиски поволности како сопственици на електрично возило. Меѓу стимуациите што го прават секојдневното возење попогодно и поефтино може да бидат владини субвенции, поефтини патарини, поефтино паркирање во центарот на градот и едноставен пристап до коловозните ленти за возила со повеќе патници.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ СТИМУЛАЦИИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Возбудлив за гледање и за возење, едноставен и поврзан како никогаш досега - I‑PACE е најелегантниот спортски автомобил со пет седишта во светот. Направете го ваш уште денес.

Креирајте свој модел Информирајте ме редовно

Play

ЕЛЕКТРИЗИРАЧКО ВОЗЕЊЕ

I‑PACE е Jaguar, пред сè - вистински автомобил за возачот. Неговите електромотори и скоро совршената распределба на тежината развиваат и испорачуваат инстантен вртежен момент од 700Nm и агилност како на спортски автомобил.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ

ПОДВИЖНИ ЛИНИИ

Со својот елегантен, аеродинамичен дизајн со мал коефициент на отпор на воздухот од 0,29d, I‑PACE е создаден да биде ефикасен, јасно сечејќи го воздухот за да обезбеди максимална автономија и стабилност. I‑PACE нуди возбуда од секој агол благодарејќи на неговата флуидна странична линија, впечатливата вдлабнатина со отвор во хаубата и препознатливите задни крила.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

ВНАТРЕШНО СПОКОЈСТВО

I‑PACE беспрекорно ги интегрира технологијата и обилниот простор. Внатрешниот дизајн е јасен и едноставен, со опипливи карактеристики и непоколебливи линии. Природата на електричниот погонски систем нуди дополнителен простор, којшто обезбедува поголема слобода за максимирање на комфорот во внатрешноста на I‑PACE.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

СЕКОГАШ ИМАТЕ КОНТРОЛА

Системот за информации и забава Touch Pro Duo во I‑PACE овозможува едноставна контрола на сите технологии во автомобилот. Способноста за 4G Wi-Fi е стандард и е носител на функциите за поврзливост, што значи дека е едноставно да бидете во контакт со вашиот дигитален свет.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА-ВО-АВТОМОБИЛ
Play

СЕ ТРКАМЕ ЗА ДА ИНОВИРАМЕ

Ние, во Jaguar, сме посветени на создавањето електрични автомобили коишто се предизвик за возење и уживање за очите. Jaguar се трка во Формула Е шампионатот уште од 2016 година и, во 2018, I-PACE eTROPHY ќе стане првата серија од меѓународни трки за целосно електрични сериски автомобили во светот. Следната глава од Се тркаме за да иновираме започна.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈАТА

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ I‑PACE

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

I-PACE S

Радикален и напреден со изглед што привлекува погледи.

  • 18"-ни тркала од легура 'Style 1022' со 15 краци
  • ЛЕД фарови
  • Спортски седишта од вештачка кожа Luxtec со полуелектрично прилагодување во 8 насоки
  • Touch Pro Duo, интерактивен дисплеј за возачот и - аудио систем Meridian™
  • Пакет Park
  • Функции за поврзливост: Remote, Navigation Pro, Connect Pro (Smart Settings, Pro Services, 4G Wi-Fi Hotspot), пакет Smartphone и Secure Tracker

I-PACE SE

Хипермодерна форма со напредни безбедносни карактеристики.

  • 20"-ни тркала од легура 'Style 6007' со 6 краци
  • Премиум ЛЕД фарови со препознатливи светла за дневно возење
  • Спортски седишта од зрнеста кожа со прилагодување во 10 насоки со мемориска функција
  • Touch Pro Duo, интерактивен дисплеј за возачот и аудио систем Meridian™
  • Пакет Drive
  • Функции за поврзливост: Remote, Navigation Pro, Connect Pro (Smart Settings, Pro Services, 4G Wi-Fi Hotspot), пакет Smartphone и Secure Tracker

I-PACE HSE

Технолошкиот врв на I‑PACE и луксуз во електриката во еден самоуверен, прекрасно стилизиран пакет.

  • 20"-ни тркала од легура 'Style 5068' со 5 краци со завршна обработка со дијамант
  • Матрикс ЛЕД фарови во препознатливи светла за дневно возење
  • Спортски седишта од кожата Windsor со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција
  • Touch Pro Duo, интерактивен дисплеј за возачот и аудио систем Meridian™ со опкружувачки звук
  • Пакет Driver Assist
  • Функции за поврзливост: Remote, Navigation Pro, Connect Pro (Smart Settings, Pro Services, 4G Wi-Fi Hotspot), пакет Smartphone и Secure Tracker

I-PACE FIRST EDITION

Со ексклузувни дизајнерски детали и спецификација богата со функции како дел од стандардната опрема, I‑PACE First Edition го доловува духот на I‑PACE Concept.

  • 20"-ни тркала од легура 'Style 5070' со 5 двојни краци во бојата Technical Grey со завршна обработка Polished.
  • Матрикс ЛЕД фарови со препознатливи светла за дневно возење
  • Спортски седишта од кожата Windsor со прилагодување во 18 насоки
  • Проширен пакет Windsor Leather
  • Touch Pro Duo, интерактивен дисплеј за возачот и Head-up дисплеј
  • Аудио систем Meridian™ со опкружувачки звук
  • Пакет Driver Assist
  • Фиксен панорамски покрив
  • Прилагодливо амбиентно внатрешно осветлување
  • Клима уред со четири зони
  • Функции за поврзливост: Remote, Navigation Pro, Connect Pro (Smart Settings, Pro Services, 4G Wi-Fi Hotspot), пакет Smartphone и Secure Tracker
*WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови кај патничките возила во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење.
Официјални вредности според EU испитувања од испитувањата на производителот според законите на EU. Служат само за споредба. Реалните вредности и податоците за вкупните перформанси на EV (електрично возило) можат да се разликуваат во зависност од променливите величини во возењето и околината. 
Одредени опишани карактеристики можеби се опционални или зависат од пазарот. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Jaguar. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.