Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

БЕЗБЕДНОСТ

Со многу иновативни технологии што се на располагање, ќе сфатите дека сите карактеристики се дизајнирани за да го збогатат вашето доживување при возењето и обезбедуваат поголема безбедност.

Дизајниран да се грижи за вашата безбедност, за безбедноста на вашите сопатници, на батеријата и на останатите учесници во сообраќајот, I‑PACE е осмислен да содржи множество од безбедносни карактеристики.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

БЕЗБЕДНОСНА ЌЕЛИЈА

I‑PACE користи комбинација од алуминиум и челик за да формира крут кафез околу батеријата којшто обезбедува зголемена безбедност за сите патници во возилото.

НАДВОРЕШЕН ЗВУЧЕН СИСТЕМ

I‑PACE емитира надворешен звучен сигнал на брзини под 20km/h. На овој начин I‑PACE се грижи пешаците да бидат свесни за присуството на автомобилот.

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

Сеопфатен систем од шест воздушни перничиња што се состои од воздушни перничиња за возачот и совозачот, странични воздушни завеси и странични воздушни перничиња за градите е дел од стандардната опрема што се грижи за заштитата на патниците во возилото.

ISOFIX

На секојз страна од задните седишта се поставени по две ISOFIX точки за седишта за бебе/дете.

ИНОВАТИВНИ БЕЗБЕДНОСНИ ТЕХНОЛОГИИ

Од справување со градската гужва до големите брзини на отворен пат, за обезбедување дополнителна безбедност за вас и вашите сопатници во I-PACE има множество од иновативни безбедносни технологии што се дел од стандардната опрема, се нудат како опционална опрема или како дел од опционален пакет.

Play

ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ

За да се поедностави возењето на долги релации и во комплицираните ситуации во густ сообраќај, I‑PACE го нуди системот Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош за управување. Овој систем автоматски го поставува I‑PACE во средината на неговата коловозна лента и го управува долж неа, а истовремено го одржува поставеното растојание до возилото пред него.

СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

ИТНО КОЧЕЊЕ

Со помош на камера, радар и ултразвучни сензори системот се грижи да се спречи судар со друго возило, со пешаци и велосипедисти. Ако се забележи ситуација за потенцијален челен судар, се издаваат звучни и визуелни предупредувања. Ако не реагирате, тогаш системот ќе го активира кочењето за да помогне да се намали тежината на можниот судар.

КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА

Системот Контрола на патна брзина ви овозможува да одржувате непроменета брзина без постојана употреба на педалот за гас. Со помош на системот Ограничувач на брзината можете да поставите максимална брзина на возилото.

ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА И ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК

Редовно ве информира за знаците за ограничување на брзината и забрането претекнување јасно прикажувајќи ги во групата инструменти. Кога е активиран, системот Прилагодлив ограничувач на брзината ги користи информациите од системот Препознавање сообраќаен знак и соодветно на нив ја прилагодува брзината на возилото со помош на системот за контрола на патна брзина.

НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ

Преку набљудување на вашите команди со воланот и активностите со педалите за гас и кочници, системот Надзор на состојбата на возачот забележува ако сте почнале да се чувствувате поспан и ви дава рано предупредување кога треба да направите пауза и да се одморите.

ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА

Чувствува кога вашето возило ненамерно излегува од коловозната лента и со активирање на воланот нежно го враќа возилото назад во лентата.

КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД

Камерата за поглед наназад ви обезбедува видливост кога се движите наназад. За да ви помогне при паркирање, на екранот на допир се појавуваат статични линии што го претставуваат I‑PACE и неговата предвидена патека.

ПАКЕТИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Секој пакет нуди лепеза од карактеристики што се грижат за вашата безбедност и редовна информираност. Пакетот Park е стандард кај моделот I‑PACE S. Пакетот Park и пакетот Drive се стандард кај моделот I‑PACE SE. Пакетот Park и пакетот Driver Assist се стандард кај моделите I‑PACE HSE и First Edition.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Паралелното и паркирањето под прав агол се уште поедноставни со системот за помош при паркирање, којшто управува со вашето возило при влез и излез од погодно паркинг место. Откако ќе изберете погон за òд нанапред (Drive) или за òд наназад (Reverse), на вас останува само да ја контролирате брзината на возилото. Графиката и известувањата ве водат низ потребните маневри.

360⁰ ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Ви дава целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Сензорите што се поставени околу возилото автоматски се активираат кога ќе се избере погон за òд наназад (Reverse), или можат да се активираат рачно. При маневрирањето, визуелната графика и звучните сигнали ви укажуваат на растојанието до пречките.

НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ

Ги предупредува патниците што излегуваат од возилото низ задните врати за автомобили или велосипедисти што приоѓаат кон возилото. Кога ќе се забележи ризично приоѓање, на вратата ќе заблеска предупредувачко светло. Светлото веднаш ќе се изгасне кога ќе биде безбедно да се отвори вратата.

НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС

Особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место. Системот за набљудување на сообраќајот зад вас ве предупредува за ризично приоѓање од двете страни на вашето возило. Ќе ве извести и со звучно и со визуелно предупредување така што знаете што има зад вас, дури и кога погледот ви е попречен.

ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО ФУНКЦИЈАТА ТРГНИ - ЗАСТАНИ

Се одржува безбедно растојание до возилото пред вас дури и кога тоа забавува. Доколку возилото пред вас застане во место, и вие полека ќе застанете во место зад него. Во тргни - застани сообраќај, системот Прилагодлива контрола на патна брзина автоматски ќе продолжи со движењето следејќи го автомобилот пред вас.

ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА

Забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за да кочите. Во случај да не реагирате, автомобилот ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Системот е активен на брзина од 10 km/h до 160 km/h.

ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ

Системот Помош за мртов агол може да ви помогне да спречите судар. Ако вашето возило забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи мало предупредувачко светло, а движењто на воланот ќе ви укаже дека I‑PACE треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.

ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ

Ги следи возилата и коловозните ленти пред вас со помош на камера и радар за да го одржува вашето возило во средина на коловозната лента и да ја ограничува брзината на I‑PACE соодветна на однесувањето на сообраќајот пред вас. Оваа карактеристика го забавува вашето возило за да одржува релаксирано и стабилно возење во ситуации со густ сообраќај.

360° СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА

Користи четири различни камери дискретно поставени околу возилото за да се обезбеди поглед од горе од 360° што се прикажува на екранот на допир. За да ви помогне при маневрирањето истовремено можат да се прикажуваат неколку различни погледи.

ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА

Забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за да кочите. Во случај да не реагирате, автомобилот ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Системот е активен на брзина од 10 km/h до 160 km/h.

ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ

Системот Помош за мртов агол може да ви помогне да спречите судар. Ако вашето возило забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи мало предупредувачко светло, а движењто на воланот ќе ви укаже дека I‑PACE треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.