• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ЕЛЕКТРИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ

Возбудувачка моќност и динамика на Jaguar со нулта емисија на издувни гасови - сѐ што би можеле да очекувате од еден целосно електричен перформансен SUV.

Повеќе од осумдесет години Jaguar создава автомобили што ги возбудуваат сетилата. Електричната енергија не го менува тоа, таа само нуди повеќе прилики за создавање на впечатливите перформанси по коишто сме познати.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ДИНАМИКА НА JAGUAR

Погонскиот систем на I‑PACE развива моќност од 400PS и инстантен корисен вртежен момент од 700Nm. Со помош на тракцијата од вградениот систем за погон на сите тркала, I‑PACE забрзува од 0 до 100km/h за 4.8 секунди.

БАТЕРИЈА

БАТЕРИЈА

Батеријата на I‑PACE со капацитет од 90kWh е дизајнирана за долг работен век и ги поддржува продолжените периоди со непрекината максимална моќност. Местоположбата на батеријата во границите на меѓуоскиното растојание му обезбедува на возилото ниско тежиште, природна поволност за динамиката на возилото, правејќи го I‑PACE вистински автомобил за возачот.

МОТОРИ

МОТОРИ

I‑PACE го движат два синхрони електромотори со перманентни магнети интегрирани со предните и задните оски. Овие мотори развиваат моќност од 400PS и инстантен корисен вртежен момент од 700Nm. Со помош на тракцијата од вградениот систем за погон на сите тркала, I‑PACE забрзува од 0 до 100km/h за 4.8 секунди.

ТРАНСМИСИЈА

ТРАНСМИСИЈА

Батеријата на I‑PACE со капацитет од 90kWh е дизајнирана за долг работен век и ги поддржува продолжените периоди со непрекината максимална моќност. Местоположбата на батеријата во границите на меѓуоскиното растојание му обезбедува на возилото ниско тежиште, природна поволност за динамиката на возилото, правејќи го I‑PACE вистински автомобил за возачот.

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

Со максимирање на агилноста како кај спортски автомобил за зголемена самодоверба на возачот, системот насочување на вртежниот момент преку кочење обезбедува контролирано независно кочење на поединечно внатрешно предно и задно тркало за да ги зголеми силите на вртење што дејствуваат на автомобилот. Во повеќето случаи поголема сила за кочење се нанесува на задното внатрешно тркало бидејќи со тоа највеќе се зголемува способноста за вртење во свиоци, додека предното внатрешно тркало се кочи за да се добие поголема ефективност и префинетост.

АКТИВНО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ

АКТИВНО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ

Со намалување на просторот помеѓу автомобилот и коловозот се унапредуваат аеродинамичките перформанси и автономијата. Опционалниот систем за активно воздушно потпирање кај I‑PACE автоматски го спушта автомобилот за 10mm при патување со брзина поголема од 105km/h подолго време.

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Системот Прилагодлива динамика нуди и прецизна динамика и еластично, луксузно возење преку набљудување на движењата на возилото до 500 пати во секунда. Овој систем постојано ги анализира забрзувањето, акивностите со воланот, со педалите за гас и кочница, а амортизерите со електронска контрола се прилагодуваат за да се оптимизираат поставките на потпирањето и да се обезбеди оптималната рамнотежа помеѓу комфорот, префинетоста и агилноста за цело време.

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

Кога е вграден системот Прилагодлива динамика, тогаш системот Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да ги персонализирате чувствителноста на педалот за гас, реакцијата на воланот и крутоста на амортизерите на I‑PACE. Изберете го режимот Dynamic (динамичен режим) за да го оживеете спортскиот карактер на I‑PACE.

Play

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

I‑PACE има карактеристики за возење за секаква површина, по секакви временски услови. Моќноста и вртежниот момент се добиваат веднаш, а електромоторите можат независно да се прилагодат на командите на возачот, условите на површината на коловозот и расположивиот зафат на тркалата со подлогата.

СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (AdSR)

СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (AdSR)

Користејќи ги нашите ненадминати карактеристики со системите за погон на сите тркала, системот за прилагодување кон површината (AdSR) постојано го набљудува опкружувањето на автомобилот и ги прилагодува соодветните поставки на моторот и кочниците. Откако ќе се избере, системот AdSR работи на сите брзини за да ве поддржи во неповолни временски услови и кога минувате преку предизвикувачки површини.

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА

Системот за контрола на движењето по секаква површина е најсовремен систем што ви овозможува да поставите и одржувате постојана брзина во предизвикувачки услови, какви што се на лизгави површини. Системот функционира на брзини меѓу 3,6km/h и 30km/h, и ви овозможува целата концентрација да ја насочите кон патот пред вас.

ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА

ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА

Обезбедувајќи ви контрола за оптимален вртежен момент кога тргнувате од место, системот Тргнување при мала тракција ја подобрува способноста при лизгави услови како мокра трева, снег или мраз. Системот останува активен сѐ додека автомобилот не постигне брзина од 30km/h - потоа I‑PACE беспрекорно се враќа во избраниот режим за возачот.

НАПРЕДНО РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

НАПРЕДНО РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

За да се максимира автономијата, I‑PACE користи систем за напредно регенеративно кочење што ја регенерира скоро целата енергија од кочењето. Штом ќе го подигнете стопалото од педалот за гас, системот обезбедува регенеративно кочење, при што комфорно го забавува движењето на I‑PACE додека ја претворува енергијата што се генерира за да се оптимизира автономијата на батеријата.

КОЧЕЊЕ ВО ГУСТ СООБРАЌАЈ

КОЧЕЊЕ ВО ГУСТ СООБРАЌАЈ

Возењето во густ сообраќај е едноставно - со помош на екранот на допир на I-PACE, можете да го подигнете нивото на регенеративното кочење. Соодветното зголемување на забавувањето значи дека во тргни-застани сообраќај, на пример, постои многу поголема контрола на брзината на автомобилот користејќи го само педалот за гас.

АКТИВНИ КРИЛЦА

АКТИВНИ КРИЛЦА

За да се добие оптимална рамнотежа помеѓу ладењето и аеродинамиката, карактеристиката Активни крилца ги отвора крилцата кога се бара ладење на батеријата, но кога ладењето не е потребно ги затвора крилцата за да се добие глатко струење на воздухот.

Play

ТОПЛИНСКА ПУМПА

За да се добие оптимална рамнотежа помеѓу ладењето и аеродинамиката, карактеристиката Активни крилца ги отвора крилцата кога се бара ладење на батеријата, но кога ладењето не е потребно ги затвора крилцата за да се добие глатко струење на воздухот.

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ