• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

I‑PACE создава нова слика за класичната рамнотежа што ја нуди Jaguar - фокус кон спортски автомобил и луксузна мајсторска изработка.

Беспрекорно интегрирана технологија, обилен простор и исклучителен мир. Внатрешниот дизајн е јасен и едноставен со опипливи карактеристики и линии што се протегаат низ целата внатрешност.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ЛУКСУЗНА АТМОСФЕРА

Низ целата внатрешност се забележуваат прекрасни, рачно изработени детали што ја потврдуваат луксузната атмосфера во кабината. Богатите, компактни завршни елементи се насекаде околу вас, а финото двојно порабување во контрастна боја ја збогатува софистицираноста. Ноќе, острата бела светлина ги нагласува прекрасните детали.

Play

СКРИЕН ПРОСТОР

I‑PACE се карактеризира со пливачка централна конзола во срцето на кабината. Оваа уникатна карактеристика на конзолен дизајн ви дава чувство за простор во I‑PACE во моментот кога ќе ја отворите вратата.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ПРАКТИЧНОСТА
СПОРТСКИ СЕДИШТА

СПОРТСКИ СЕДИШТА

Стручно дизајнираните спортски седишта во I‑PACE - достапни во широка палета на материјали и бои - ве држат и ве потпираат во секој свиок. Се карактеризираат со функциите за греење и ладење со што се зголемува комфорот.

СЕДИШТА PERFORMANCE

СЕДИШТА PERFORMANCE

Опционалните седишта Performance се проектирани со размислување за спортски автомобил. Изработени се од најфините материјали и обезбедуваат зголемено напречно потпирање при динамично возење.

ТИВКА ПРЕФИНЕТОСТ

ТИВКА ПРЕФИНЕТОСТ

Кабината е засолниште од надворешниот свет. За извонредна префинетост, софистицираната изолација на моторот го придушува звукот додека остриот надворешен дизајн ја минимизира бучавата од ветрот.

Play

АКУСТИЧНО ЛАМИНИРАНО СТАКЛО

I‑PACE нуди префинето, тивко возење. За да се одржува мирот во внатрешноста, I‑PACE се карактеризира со акустично ламинирано стакло на предните прозорци и предното ветробранско стакло, со што се намалува бучавата што влегува во кабината однадвор.

ПРЕТХОДНО КЛИМАТИЗИРАЊЕ НА КАБИНАТА

ПРЕТХОДНО КЛИМАТИЗИРАЊЕ НА КАБИНАТА

Претходно загрејте ја или претходно изладете ја внатрешноста на I‑PACE преку екранот на допир или, далечински, преку апликација за паметен телефон за да осигурате дека возилото е на температурата што ја посакувате пред да влезете во него. Со претходно климатизирање на I‑PACE додека тој се полни, идеалната температура се постигнува без да се троши струја од батеријата, сочувувајќи ја автономијата на возилото.

ЈОНИЗАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

ЈОНИЗАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

I‑PACE нуди систем за јонизација што го подобрува квалитетот на воздухот. Со јонизација на воздухот во кабината се неутрализираат непријатните миризби, се минимизира присуството на бактерии и загадувачи и се добива попријатна и поздрава средина во автомобилот.

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ