Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Беспрекорно интегрираните технологии овозможуваат едноставно контролирање на функциите на I‑PACE и вашите поврзани уреди.

I‑PACE обезбедува исклучително современо доживување, како во автомобилот така и надвор од него. Без оглед дали е тоа на двата екрани на допир, интерактивниот дисплеј за возачот, Head-Up дисплејот или на вашиот паметен телефон, тоа што ви треба никогаш не е далеку.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Play

TOUCH PRO DUO

Нашиот систем за информации и забава Touch Pro Duo се состои од два екрани на допир со димензија од 10” интегрирани во инструмент таблата и долен екран на допир со димензија од 5” со мултифункционални динамички копчиња за избор.

ПОВРЗЛИВОСТ КАКО СТАНДАРД

REMOTE

Бидете поврзан со I‑PACE. Компатибилна со повеќето Apple и Android паметни телефони, апликацијата Remote ви овозможува да бидете во тек и да комуницирате со главните информации за возилото вклучувајќи ги достапната автономија, статусот на полнењето, степенот на полнењето и состојбата на приклучувањето.

NAVIGATION PRO

Системот Navigation Pro ви овозможува да изберете приказ на мапи во 2Д или 3Д. Зачувајте ги вашите омилени места и користете ја гестикулацијата со повеќекратен допир за едноставно истражување на мапите. Со I‑PACE, системот Navigation Pro исто така подробно ја опишува вашата автономија земајќи ги во предвид разните фактори меѓу коишто се топологијата на патот и ограничувањата на брзината.

CONNECT PRO

Со Connect Pro, I‑PACE ви овозможува да бидете редовно информиран и во тек. Дознајте што се случува долж вашата патека, за блиските паркинг места и места од интерес, а по инсталирањето SIM картичка, можете да создадете 4G Wi-Fi Hotspot во возилото за да осигурате дека секогаш ќе бидете поврзан.

ПАКЕТ SMARTPHONE

Пакетот Smartphone го прави комуницирањето со мноштвото апликации, преку екранот на допир на I‑PACE, едноставно и интуитивно. Пакетот вклучува прилагодено Spotify доживување и Tile® – апликација што ви помага да пронајдете изгубени или разместени предмети.

Play

SMART SETTINGS

Автоматски го препознава секој возач преку неговиот клуч и телефон, функцијата Smart Settings може да ги избере претпочитаните положби на седиштето и ретровизорите и да го вклучи вашиот претпочитан медиум на почетокот на секое патување. Функцијата Smart Settings може и да ги научи и автоматизира овие ваши склоности врз основа на вашите навики и рутини во минатото.

Play

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Системот се грижи да не го одвојувате погледот од патот пред вас. Опционалниот Head-Up дисплеј на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото како што се вашата брзина и насоките за навигација. Се карактеризира со кристално чиста графика во боја со висока резолуција.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

12.3"-ниот интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција обезбедува информации што се важни за возењето, меѓу коишто е навигација на целиот екран со 3Д мапа, точно таму кадешто ви треба. Неговата висока резолуција осигурува најчиста слика, а префинетиот процесор дава глатки движења и остра графика.

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN

Ја оживува вашата музика со два аудио системи од британските експерти за звук Meridian™. Врвниот аудио систем Meridian со опкружувачки звук со технологијата Trifield™ емитира полн и чист звук како да се работи за изведба во живо. Со распоредот на 15-те звучници, Meridian™ го дава најдоброто аудио доживување како дел од стандардната опрема кај моделите I‑PACE HSE и First Edition.

Истражете го Meridian

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Одредени опишани карактеристики можеби се опционални или зависат од пазарот. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Jaguar. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.