Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Револуционерниот дизајн на I‑PACE е верен и на духот на Jaguar и на идејното возило I‑PACE Concept.

АЕРОДИНАМИКА

Од нагласените лаци над предните тркала до задниот дифузор, секој елемент аеродинамичниот дизајн на I‑PACE му овозможува на автомобилот лесно да го сече воздухот за да се постигне оптимизирана автономија и стабилност.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ВДЛАБНАТИНА СО ОТВОР ВО ХАУБАТА

Истакнатата украсна маска се заоблува навнатре - го намалува отпорот преку насочување на воздушното струење низ отворот во вдлабнатината во хаубата, коешто потоа минува преку заоблената линија на покривот со што се добива максимална ефикасност.

ЗАДЕН ДИФУЗОР

Издигнатите агли го насочуваат воздухот за тој глатко да го напушти возилото, минимизирајќи ја разликата во притисоците што предизвикува аеродинамичен отпор.

КВАКИ НА ВРАТИТЕ

За да се осигура непрекинато струење на воздухот долж целата надворешност, кваките на вратите се во истата рамнина со страничните површини на автомобилот.

ГРАЦИОЗНА СТРАНИЧНА ЛИНИЈА

Кабината за возачот е поставена ниско, опфатена со крилата, што создава чувство на движење и ја надополнува зашилената странична линија на каросеријата.

СТИЛ

Тенките футуристички ЛЕД фарови се карактеризираат со нашиот препознатлив двоен „Ј“ графички потпис и на I-PACE му даваат јасна појава на патот, додека покривот, којшто може да биде во боја на каросеријата, во црна контрастна боја или од панорамско стакло, нуди исклучително мирна и непрекината линија.

ЛЕД ФАРОВИ

За да имате уште поголема видливост и безбедност при ноќното возење, изберете ги опционалните прилагодливи матрикс ЛЕД фарови. Овој систем одржува непрекината употреба на долгите светла на фаровите но автоматски го прилагодува обликот на снопот за да се избегне заслепувањето на возилата што се доаѓаат од спротивна насока.

ЗАДНИ ЛЕД СВЕТЛА

Мазните задни светла со издигнати агли на I‑PACE се исто така со ЛЕД технологија. Кога се избрани опционалните прилагодливи матрикс ЛЕД фарови, задните светла се карактеризираат со истите анимирани трепкачи за правец како и фаровите.

ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

Покривот на I‑PACE е достапен во боја на каросеријата, во црна контрастна боја или, за да ја полни кабината во природна светлина, од панорамско стакло.

JAGUAR ТРКАЛА

JAGUAR ТРКАЛА

I‑PACE нуди избор на тркала со димензиите 18”, 20” и 22” - секое од нив совршено го надополнува револуционерниот изглед на I‑PACE.

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ