Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Отвори сѐ
Затвори сѐ
НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

П: КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД ПОСЕДУВАЊЕТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО (EV)?

Електричните возила нудат простор, попрефинето возење и предност со можноста да ги полните дома.

Како што расте производството на електрична енергија од обновливи извори, така електричните возила нудат поголеми поволоности за животната средина споредено со моторите со внатрешно согорување. Освен тоа, бидејќи имаат нулта емисија на издувни гасови, електричните возила можат исто така да помогнат да се намали загадувањето на воздухот.
Овие и други придобивки во сѐ поголема мерка се признати од локалните и националните власти. Достапни се бројни стимулации со коишто ќе се охрабрат возачите да купуваат електрични возила. Дополнителните детали се достапни на страницата Стимулации за електрични возила.

П: КАКОВ ТИП НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО Е I-PACE?

I-PACE е електрично возило на батерија (Battery Electric Vehicle - BEV), што значи дека нема мотор со внатрешно согорување. Наместо од согорувањето гориво (бензин или дизел), моќноста се доведува до два електромотори во форма на струја што е складирана во батерија на полнење.

Други типови електрични возила се хибридните електрични возила (HEV) и хибридните електрични возила на полнење со приклучување (PHEV). Ова се возила што комбинираат мотор со внатрешно согорување со електромотор.
HEV возило обично има мала батерија што се полни од моторот и преку регенеративното кочење. Возилото има многу мала автономија кога е само на електричен погон.
PHEV возилото може да се полни и од надворешни извори на електрична енергија. PHEV возило обично има поголема батерија и поголема автономија од HEV возило.

П: КОИ СЕ НЕДОСТАТОЦИТЕ ОД ПОСЕДУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО?

Автономијата на електрично возило (растојанието што може да се измине пред да мора да ја полните батеријата) вообичаено е грижа, што дава повод за терминот „чувство на вознемиреност заради автономијата“. Меѓутоа, најновите развојни решенија во технологијата на батериите значат дека возилата какво што е и I PACE сега се реална понуда за повеќето луѓе. Многу сопственици ќе увидат дека I-PACE треба да го полнат само еднаш седмично.

При долги патувања, можеби ќе биде неопходно да се застане за да се наполни батеријата. Тоа може да бара да го испланирате однапред, но полнењето станува полесно бидејќи мрежата на јавни станици за полнење се шири и расте моќноста на полначите за брзо полнење.

П: ДАЛИ МОЖЕ ДИСТРИБУТИВНАТА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА ДА ГО ИЗДРЖИ РАСТЕЧКИОТ БРОЈ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА?

Произведувачите на мотори работат со владите и компаниите за дистрибуција и снабдување со електрична енергија за да се осигура дека порастот на употребата на електрични возила нема да предизвика проблеми со електричните мрежи.



П: КАДЕ МОЖАМ ДА ДОБИЈАМ ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА (EV-а)?

Секој продавач на Jaguar има специјалист за EV којшто може да одговори на сите ваши прашања во врска со I-PACE и општо за електричните автомобили.

Од друга страна, прашањата можете да му ги поставите и на еден од нашите специјалисти за EV со помош на интернет образецот што се наоѓа подолу.
АВТОНОМИЈА

П: ДАЛИ ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО ЌЕ ИМА ДОВОЛНО АВТОНОМИЈА ЗА МОЕТО ПАТУВАЊЕ?

Автономијата нема да биде проблем за повеќето возачи. I-PACE има автономија од 480km според циклусот WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила), што значи дека, врз основа на просечното градско возење, многу од сопствениците ќе треба да го полнат само еднаш седмично.



П: КОИ ФАКТОРИ ВЛИЈААТ НА АВТОНОМИЈАТА?

На автономијата можат да влијаат бројни фактори, меѓу кои се надворешната температура, работата на системите за греење или ладење и брзината со која возите.



Q: ДАЛИ ПРЕДВИДЕНАТА АВТОНОМИЈА Е ТОЧНА?

Функцијата за предвидување на автономијата кај I-PACE е дизајнирана да биде исклучително точна. Контролниот модул на електромоторот ќе направи предвидувања врз основа на вашиот моментален стил на возење и просечното користење во последните 800 километри. Системот за навигација ќе ѝ помага на функцијата за предвидување на автономијата со вклучување на податоците за топографијата и ограничувањата на брзината долж вашата избрана патека.

П: АКО БАТЕРИЈАТА СЕ ИСПРАЗНИ, ДАЛИ АВТОМОБИЛОТ ЕДНОСТАВНО ЌЕ ЗАПРЕ?

I-PACE има систем за управување со батеријата којшто ќе обезбеди информации за енергијата како што вашата автономија се намалува. Кога е неопходно, ќе се активира режимот Eco, и тој ќе се погрижи да се продолжи вашата автономија преку препознавање на системите на возилото што можат да се исклучат, како што се клима уредот и греењето на ветробранските стакла.



П: ДАЛИ ВОЗЕЊЕТО СО ВКЛУЧЕНИ СВЕТЛА ЈА НАМАЛУВА МОЈАТА АВТОНОМИЈА?

I-PACE се карактеризира со ЛЕД фарови што се неверојатно енергетски ефикасни, така што возењето со вклучени светла нема да предизвика некоја значителна разлика во автономијата на возилото.

БАТЕРИЈА

П: ОД КОЛКУ ЌЕЛИИ СЕ СОСТОИ БАТЕРИЈАТА НА I-PACE?

Во батеријата на I-PACE има 432 ќелии. Има 36 батериски модули и секој модул има 12 ќелии.



П: ШТО ЗНАЧИ КИЛОВАТ-ЧАС (kWh)?

Киловат-часови се мерка за тоа колку енергија може да се складира во батеријата. За дадено возило, батерија со поголем капацитет, повеќе kWh, ќе има поголема автономија и/или перформанси.



П: КОЛКУ ТЕЖИ БАТЕРИЈАТА?

Склопот на батеријата тежи 613kg.



Q: ДАЛИ БАТЕРИЈАТА Е ЗАПАЛИВА?

Батеријата на I-PACE може да стане запалива поради неправилна употреба или надворешна интервенција. Батериите на електричните возила се помалку запаливи од акумулаторите кај бензинските и дизел моторите и се одликуваат со софистицирани безбедносни системи што одржуваат безбедни температури.



П: ДАЛИ ТЕМПЕРАТУРАТА ВЛИЈАЕ НА БАТЕРИЈАТА?

Батериите можат да се чуваат складирани до температура од -40°C, но мора да се вклучат за да се загреат до температура од -20°C пред возење. При долготрајни високи или ниски температури автономијата на електричното возило се намалува затоа што е потребна енергија за одржување на батеријата на ефикасна работна температура. Енергија треба и за загревање на кабината кога температурата е многу ниска.

I PACE се карактеризира со најсовремени системи за управување со топлината за да се оптимизираат перформансите на батеријата на повисоки или пониски температури.

П: ДАЛИ БАТЕРИЈАТА СЕ ЗАГРЕВА ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА?

I-PACE има ефикасен систем за управување со топлината што ја одржува температурата на батеријата. Батеријата кај едно електрично возило, вообичаено, ќе биде на температура од 15°C до 30°C, што е значително пониска од температурата на акумулаторите кај мотор со внатрешно согорување.



П: ДАЛИ БАТЕРИЈАТА ИМА ГАРАНЦИЈА?

Да. Батеријата на I PACE има гаранција од 8 години или 160,000km и е откуплива ако состојбата на батеријата падне под 70 проценти од нејзината идеална состојба.



П: КАКО СЕ ИСФРЛААТ БАТЕРИИТЕ?

Батериите на електричните возила ќе се исфрлат во согласност со Директивата за дотраени возила, соодветна на регионалните барања или на вашиот локален пазар.

ПОЛНЕЊЕ

П: КАКО СЕ ПОЛНАТ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА?

Батеријата на I‑PACE се полни преку приклучната точка за полнење на автомобилот што се наоѓа зад лакот на предното крило. Откако ќе го приклучите, можете слободно да го оставите I‑PACE да се полни. Возилото автоматски ќе го прекине полнењето кога ќе се достигне полниот капацитет.


За оптимално полнење во вашиот дом, можете да вградите ѕиден полнач што е одобрен од страна на Jaguar. I PACE е опремен со монофазен вграден полнач со назименична струја - АС со моќност од 7,4kW, што може целосно да го наполни возилото преку ноќ и да даде автономија од 35 km на час. Кога користите домашна приклучница, брзините на полнење се помали отколку кај ѕидниот полнач (до 11 km автономија на час), но се доволни за да се измине просечна дневна градска релација од 60 km ако возилото се полнело преку ноќ. Индустриските приклучници (IEC) (или надградените домашни приклучници) можат да полнат со брзина до 35 km автономија на час.
Кога сте далеку од дома, најдобриот начин за брзо полнење на вашата батерија при долги патувања е со јавен полнач со еднонасочна струја, DC - типичен полнач со моќност од 50kW може да даде до 270km автономија на час. Бидејќи инфраструктурата за јавни станици за полнење се подобрува, I PACE ќе биде опремен да прифати брзина на полнење со еднонасочна струја - DC до 100kW. Тоа значи дека можете едноставно да додадете 100 km автономија за само 15 минути. Во зависност од давателот на услуги, јавните станици за полнење со наизменична струја - АС можат да имаат широк опсег на брзини на полнење. Исто така можете да најдете погодни станици за полнење на места на коишто можеби сакате да се задржите неколку часови - или дури и да преноќите - како што се локални трговски центри, хотели и сали за физички вежби..
Повеќе детали можете да најдете на страницата Автономија и полнење.

П: КАКВА ОПРЕМА ЗА ПОЛНЕЊЕ ЌЕ МИ ТРЕБА?

I-PACE доаѓа опремен со повеќенаменски кабел за полнење (исто така познат како универзален кабел за полнење мод 2) што може да се приклучи директно во домашна струјна приклучница. Со овој кабел доаѓа и адаптер што овозможува употреба на кабелот со индустриска приклучница IEC.

За оптимално полнење во вашиот дом, можете да вградите ѕиден полнач што е одобрен од страна на Jaguar. I PACE е опремен со монофазен вграден полнач со назименична струја - АС со моќност од 7,4kW, што може целосно да го наполни возилото преку ноќ и да даде автономија од 35 km на час. Можете да изберете ѕиден полнач што е опремен со свој кабел или ѕиден полнач без кабел. Ѕидните полначи без кабел бараат да имате кабел за полнење за јавни станици (познат и како кабел за полнење мод 3), таканаречен, бидејќи тоа е кабелот што ќе ви треба за да корисите јавни станици за полнење со наизменична струја - АС.
Сите јавни станици за брзо полнење со еднонасочна струја - DC доаѓаат опремени со свои кабли, така што немате потреба од никаква дополнителна опрема за да ги користите овие станици.
Повеќе детали во врска со полнењето на I-PACE можете да најдете на страницата Автономија и полнење.

П: КОЈ МОЖЕ ДА ВГРАДИ ЅИДЕН ПОЛНАЧ КАЈ МЕНЕ ДОМА?

Jaguar има овластени компании за снабдување и вградување на сите пазари на коишто е достапен I-PACE. Нашите партнери ви стојат на располагање да ви понудат совети во врска со најдобрите решенија за вас. За подетални информации консултирајте се со вашиот локален продавач на Jaguar.



П: ДАЛИ ЅИДНИОТ ПОЛНАЧ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА ВОЗИЛОТО?

Не. Ако би сакале да вградите ѕиден полнач во вашиот дом, вашиот локален продавач на Jaguar ќе може да ве води низ процесот со нашите овластени компании за снабдување и вградување.



П: АКО ВГРАДАМ ЅИДЕН ПОЛНАЧ, ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО РЕШАМ ДА СЕ ПРЕСЕЛАМ?

Компанијата што го снабдила вашиот ѕиден полнач ќе може да ви достави понуда за отстранување на вашиот ѕиден полнач и негово повторно вградување во вашиот нов дом.



П: ДАЛИ ЌЕ МОЖАМ ДА ПОЛНАМ И ДРУГИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА СО ПОМОШ НА ЅИДНИОТ ПОЛНАЧ ШТО Е ОДОБРЕН ОД СТРАНА НА JAGUAR?

Да. Нашите одобрени ѕидни полначи се опремени со конектор за комбиниран систем за полнење (ССЅ) со влошка за полнење со наизменична струја - АС и со влошка за полнење со еднонасочна струја - DC. Секое електрично возило што има вакви врски ќе може да се полни со помош на нашиот одобрен ѕиден полнач.



П: ДАЛИ МОЖАМ ДА КОРИСТАМ ТУЃ ЅИДЕН ПОЛНАЧ ИЛИ ТРЕБА ДА СЕ УВЕРАМ ДЕКА Е КОМПАТИБИЛЕН?

Секој ѕиден полнач мод 3 со истите врски за полнење како кај I-PACE може да се користи за полнење на возилото.



П: ШТО АКО ИМАМ ПАРКИНГ МЕСТО ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА, ДАЛИ ЌЕ МОЖАМ ДА ВГРАДАМ ЅИДЕН ПОЛНАЧ?

Нашите овластени компании за снабдување со ѕидни полначи се способни за вградување решенија за полнење за различен тип на домување. Тие ќе ви помогнат околу одобренијата, дозволите и соодветноста на уредот.



П: НЕМАМ ОДРЕДЕНО МЕСТО ЗА ПАРКИРАЊЕ НИТУ ДОМА НИТУ НА РАБОТА. ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МОЖАМ ДА ИМАМ ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО?

Не мора да значи: во тој случај треба да се потпрете на мрежата на јавни станици за полнење. Мрежата на јавни станици за полнење постојано се шири, а достапни се станици за полнење со стандардна брзина и со голема брзина на полнење.



П: КОЛКУ ЧИНИ ПОЛНЕЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО?

Цената на струјата е променлива во согласност со влијанијата на пазарот. За да ја пресметате цената за целосно полнење, едноставно помножете ја цената на еден kWh со 90, бидејќи I-PACE има батерија со капацитет до 90kWh.



П: ДАЛИ МОЖАМ ДА ГО ПОЛНАМ МОЕТО ВОЗИЛО СО ПОМОШ НА ФОТОНАПОНСКИОТ (СОЛАРЕН) СИСТЕМ ШТО ГО ИМАМ ДОМА?

Да. Вашето возило може да се полни со струја што е поголема од 2 ампери или 750W.



П: ДАЛИ МОЖАМ ДА ПОЛНАМ НА КОЈА БИЛО ЈАВНА СТАНИЦА ЗА ПОЛНЕЊЕ?

Можете да ја користите која било јавна станица за полнење сѐ додека таа станица за полнење го нуди истиот стандард и конектор како и вашето возило, а имате сметка кај давателот на услуги на станицата за полнење.

Меѓутоа, јавни станици за полнење што се во сопственост на одредени производители можат да се користат само од возилата на тој производител.

П: ЗОШТО JAGUAR НЕ СОЗДАДЕ СВОЈА НАМЕНСКА ЈАВНА МРЕЖА ЗА ПОЛНЕЊЕ?

Во многу земји брзо се развива независна мрежа од брзи полначи за возила. Ќе осигураме дека сите електрични возила на Jaguar се компатибилни со оваа мрежа.



П: КАКО ДА НАЈДАМ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ?

За да најдете станици за полнење пред да патувате, можете да го употребите системот за навигација на I-PACE додека возите или апликацијата Remote.



П: ДАЛИ Е СООДВЕТНО КАБЛИТЕ ЗА ПОЛНЕЊЕ ДА СЕ СМЕСТАТ ВО КАБИНАТА ИЛИ НА ЗАДНОТО СЕДИШТЕ ВО АВТОМОБИЛОТ?

Нашите возила се дизанирани со простор за сместување во којшто може безбедно да се превезуваат сите компатибилни кабли за полнење.



П: ДАЛИ МОЖАМ ДА КОРИСТАМ КОЈ БИЛО КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ МОД 3 ЗА ДА ГО ПОЛНАМ I-PACE?

Каблите за полнење на јавни станици (мод 3) се достапни во два степени на јачина на струјата, од 16 ампери и 32 ампери. Вашето возило и станицата за полнење препознаваат кој кабел е приклучен и го регулираат точниот износ на електрична струја за полнење на вашето возило. Таму каде што струјното напојување дозволува, можноста за 32 ампери ќе полни побрзо.



П: КАКО Е КАБЕЛОТ ЗА ПОЛНЕЊЕ ЗАШТИТЕН ОД КРАЖБА ИЛИ ВАНДАЛИЗАМ КОГА СЕ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ НА ЈАВНА СТАНИЦА ЗА ПОЛНЕЊЕ?

Кабелот за полнење на јавни станици (мод 3) се заклучува во влошката на возилото и останува заклучен сѐ додека не го отклучите I-PACE.



П: ДАЛИ МОЖЕ I-PACE ДА СЕ ВОЗИ ДОДЕКА КАБЕЛОТ ЗА ПОЛНЕЊЕ СÈ УШТЕ Е ПРИКЛУЧЕН?

Не. Задолжително барање по меѓународните стандарди е дека електричните возила не можат да се возат кога се приклучени во станица за полнење.



П: ДАЛИ МОЖЕ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА ДА СЕ ПОЛНАТ НА ДОЖД?

Да. Клиентите и присутните не се изложени на никаков ризик од електричен удар.



П: ДАЛИ СЕКОЈ ПАТ ТРЕБА ДА ПОЛНАМ ДО 100 ПРОЦЕНТИ?

Ви предлагаме да го полните I-PACE до 80 проценти, а до 100 проценти да го полните само кога планирате долго патување. Ова е вообичаена препорака за електрични возила и осигурува дека работниот век и перформансите на батеријата се оптимизирани.

Нашите електрични возила имаат систем за управување со полнењето што ќе ги оптимизира вашите барања за полнење соодветно на тоа.

П: ЗОШТО ПОЛНЕЊЕТО НА ПРВИТЕ 80 ПРОЦЕНТИ Е МНОГУ ПОБРЗО ОД ПОЛНЕЊЕТО НА ПОСЛЕДНИТЕ 20 ПРОЦЕНТИ?

Брзината на полнење е ограничена со хемиските и физичките карактеристики на литиум-јонските батерии и за полнење на последните 20 проценти може да треба исто толку време како и за полнење на првите 80 проценти. Последните фази од полнењето внимателно се контролираат преку системот за управување со батеријата.



П: КОЛКУ ДЕНОВИ МОЖЕ ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО ДА СЕ ОСТАВИ БЕЗ ПОЛНЕЊЕ? НА ПРИМЕР, ДАЛИ МОЖАМ ДА ГО ОСТАВАМ ПАРКИРАНО НА АЕРОДОМ?

Нашите електрични возила можат да се остават без надзор барем шест месеци, меѓутоа оптимално е да се приклучуваат за полнење еднаш месечно. Системот за управување со батеријата има електронска контрола и троши многу малку енергија.



П: ШТО ЗНАЧАТ ТЕРМИНИТЕ „ОДРЕДИШНО ПОЛНЕЊЕ“ И „ПОПАТНО ПОЛНЕЊЕ“?

Одредишно полнење се однесува на станици за полнење што се наоѓаат во локални трговски центри, хотели, сали за физички вежби и други одредишта каде што можете да престојувате подолго време.

Попатно полнење се однесува на станици за полнење што се наоѓаат на сервисни станици или станици наменети за полнење електрични возила, што нудат максимално полнење за најкратко време.

П: ДАЛИ ПОСТОИ АПЛИКАЦИЈА ЗА IOS ИЛИ ANDROID ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО УПРАВУВАЊЕТО НА НАЧИНОТ КАКО ГО ПОЛНАМ I-PACE?

Да. Апликацијата InControl Remote, достапна и за двата оперативни системи - iOS и Android, во овозможува да запрете или да почнете со полнењето, управува со времињата на тргнување, врши претходна климатизација на вашето возило, управува со трошоците и поставува максимален степен на полнење. Исто така, апликацијата ви испраќа известувања ако електричниот приклучок за полнење неочекувано се отстрани или ако полнењето запрело поради недостаток на електрична енергија.

ПЕРФОРМАНСИ

П: КАКВА Е УПРАВЛИВОСТА ВО СПОРЕДБА СО „КОНВЕНЦИОНАЛНИТЕ“ АВТОМОБИЛИ?

Електричните автомобили развиваат максимален вртежен момент од место, што дава импресивно забрзување.

Местоположбата на батеријата, помеѓу двете оски, исто така обезбедува пониско тежиште и порамномерна распределба на тежината за унапредена управливост. Освен тоа, бидејќи нема потреба од сместување голем мотор во предниот дел, тркалата можат да се постават поблиску до крајните агли на возилото со што се надградува стабилноста и чувството за управување.
Сето ова овозможува динамичко доживување во возењето со брза реакција, коешто недвосмислено останува Jaguar.

П: ШТО Е РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ?

Елекромоторите трошат енергија за да обезбедат движење. Кога повеќе нема потреба за ова движење, на пример кога возилото ја намалува брзината, силата на кочење може да се впрегне за спротивно дејство на моторот и да создава електрична енергија. Создадената електрична енергија може да се врати назад во батеријата, продолжувајќи ја автономијата на возилото.



П: ВОЗИЛАТА НА JAGUAR ВООБИЧАЕНО ИМААТ РАЗЛИЧНИ РЕЖИМИ ЗА ВОЗАЧОТ. ДАЛИ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА ИМААТ СЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ?

 I-PACE има три режими за возачот што можат автоматски да ги прилагодат поставките на возилото за комфор, динамика или сочувување на автономијата.

П: ДАЛИ МОЖАМ ДА ВГРАДАМ КУКА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ НА МОЈОТ I-PACE?

Не, I-PACE не е дизајниран да обезбеди способност за влечење.



П: ЗОШТО JAGUAR СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО ФОРМУЛА Е?

Шампионатот на ФИА во Формула Е ни обезбедува реална, брза пробна патека за тестирање и усовршување на технологијата за електричен автомобил. Благодарејќи на ова искуство, можеме да ги пренесеме возбудливите перформанси на Jaguar во нашите друмски автомобили од следната генерација.

БЕЗБЕДНОСТ

П: ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА?

Електричните возила се дизајнирани, изработени и тестирани според сите тековни и предложени безбедносни стандарди.

Признати постапки за испитување на безбедноста, потврдување и одобрување, сите овие работи осигуруваат дека електричните возила се безбедни во ситуации на судар.

П: ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО МЕ ФАТИ ПОПЛАВА?

I-PACE има способност за минување низ вода со длабочина до 500mm и се карактеризира со безбедносни системи што се дизајнирани за да се справат со поплава.

П: ДАЛИ МОЖАМ ДА ВНЕСАМ ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ВО СЕРВИС ЗА МИЕЊЕ АВТОМОБИЛИ?

Да. Електричните возила се дизајнирани и испитани по истите стандарди како и конвенционалните возила со мотори со внатрешно согорување.



П: ДАЛИ МОЖЕ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА ДА СЕ ПОЛНАТ НА ДОЖД?

Да. Клиентите и присутните не се изложени на никаков ризик од електричен удар.

ОДРЖУВАЊЕ

П: ДАЛИ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА СЕ ТЕШКИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ?

Споредени со возило со мотор со внатрешно согорување, електричните возила бараат помало одржување бидејќи имаат помалку подвижни делови. Со други зборови, има помалку делови што можат да се истрошат.



П: ДАЛИ БАТЕРИЈАТА ИМА ГАРАНЦИЈА?

Да. Батеријата на I PACE има гаранција од 8 години или 160,000 km и е откуплива ако состојбата на батеријата падне под 70 проценти од нејзината идеална состојба.

П: ДАЛИ ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО МОЖЕ ДА СЕ ВЛЕЧЕ АКО ИМА ДЕФЕКТ ВО ЕЛЕКТРИКАТА ИЛИ АКО БАТЕРИЈАТА Е ИСПРАЗНЕТА?

I-PACE може да се влече на кратко растојание и со мала брзина, ако треба.



П: АКО КАЈ ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО СЕ СЛУЧИ ДЕФЕКТ НА ПНЕВМАТИК ДАЛИ МОЖЕ ВОЗИЛОТО ДА СЕ ПОДИГНЕ НА ИСТ НАЧИН КАКО И КОНВЕНЦИОНАЛНОТО ВОЗИЛО?

Да. Конструкцијата на I-PACE е дизајнирана да биде крута и да има носивост како и возило со мотор со внатрешно согорување.

Не можете да го најдете одговорот на вашето прашање за електрични возила? Прашајте го специјалистот за електрични возила на Jaguar.

КОНТАКТИРАЈТЕ СО СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА EV

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
*WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови кај патничките возила во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење. Официјални вредности според EU испитувања од испитувањата на производителот според законите на EU. Служат само за споредба. Реалните вредности и податоците за вкупните перформанси на EV (електрично возило) можат да се разликуваат во зависност од променливите величини во возењето и околината. Одредени опишани карактеристики можеби се опционални или зависат од пазарот. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Jaguar. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.