• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ДИЗАЈН НА I‑PACE CONCEPT

Вистински Jaguar, пред сѐ, I‑PACE Concept ја симболизира револуционерната иднина во електричните возила.

При дизајнирање на електрични возила слободно можете да заборавите на правилата. I‑PACE Concept е впечатлив израз на идните возила на Jaguar.

И јас сакам еден Информирајте ме редовно
ДРАМАТИЧЕН СТИЛ

ДРАМАТИЧЕН СТИЛ

„Предизвикот беше да се дизајнира и создаде електрично возило коешто јасно и несомнено е Jaguar - возило коешто ќе покаже дека електричното возило може да биде автомобил за возачот и да ги возбудува сетилата“.

Ијан Калум (Ian Callum), директор на дизајн

ЧУДЕСНА АЕРОДИНАМИКА

Драматичниот, уникатен изглед на I‑PACE Concept со аеродинамичната вдлабнатина на хаубата, рамните кваки на вратите и нагласените влезни отвори за воздух, ја максимира автономијата на возилото и се грижи тоа ефикасно да го сече воздухот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

ДОСТАПЕН ОД ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА 2018 ГОДИНА

Бидете во тек со најновите информации пред целосното откривање на I‑PACE кон крајот на 2017 година.

Сакате да бидете меѓу првите сопственици на I‑PACE кога ќе стане достапен во втората половина на 2018 година? Известете нѐ и ќе ве контактираме преку продавачот којшто е најблиску до вас.

И ЈАС САКАМ ЕДЕН

Информирајте ме редовно

ВПЕЧАТЛИВ И СОФИСТИЦИРАН

Со својата кабина со 5 седишта којашто е и луксузна и спортска, благодарејќи на прекрасните материјали и напредната технологија, I‑PACE Concept ви дава единствено чувство на лагодност од моментот кога ќе ја отворите вратата. Комбинацијата на неговата пливачка централна конзола и панорамскиот покрив создава осветлена и проветрена внатрешност којашто го нагласува исклучителниот пакет на внатрешноста.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ПРОСТРАНА И ПРАКТИЧНА ВНАТРЕШНОСТ

ПРОСТРАНА И ПРАКТИЧНА ВНАТРЕШНОСТ

Кај електричните возила нема потреба да се остави простор за мотор со внатрешно согорување или тунел-простор за трансмисијата. Пространата внатрешност и поголемото меѓуоскино растојание на I‑PACE Concept нудат луксузен простор за нозете за 5 возрасни лица и обемен багажен простор со иновативни решенија за одлагање на багажот и неопходните предмети.

На сликите е прикажано возилото I‑PACE Concept. Сериското возило може да се разликува во стилот, завршните детали и вградените елементи за контрола за возачот. Сите вредности за забрзувањето, моќноста, брзината, автономијата и полнењето се проценки на произведувачот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Сериските возила ќе се тестираат и сертифицираат пред да се пуштат на пазарот, со официјални вредности коишто ќе бидат достапни пред која било нарачка од клиентот.

Прикажано е идејно возило, детали на сериското возило може да се разликуваат.