• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ОПЦИИ И JAGUAR ОПРЕМА

Со исклучителната колекција од опции на Jaguar и Jaguar Опрема, можете да го создадете најдобриот I‑PACE во светот: Вашиот.

Додатоците и опциите на Jaguar ви овозможуваат да го персонализирате I‑PACE по ваш вкус, според вашиот животен стил и да одговара на вашите интереси. Најпопуларните додатоци и опции се групирани во три корисни пакети: пакетот Exterior Carbon Fibre, пакетот Black Exterior и пакетот Cold Climate. Креирајте го својот I‑PACE и прегледајте го на интернет нашиот каталог за додатоци за да го видите целиот асортиман.

Креирајте свој модел ИСТРАЖЕТЕ ГИ ДОДАТОЦИТЕ


ОПЦИИ НА ПАКЕТИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

Додадете нов впечатлив белег на дизајнот на I‑PACE со помош на овие пакети за надворешноста.

ПАКЕТ CARBON FIBRE EXTERIOR

Демонстрација на карактерот со високи перформанси што го има I‑PACE со помош на овие завршни детали од карбонски влакна. Овој пакет се состои од порабување од карбонски влакна на украсната маска, куќишта на ретровизорите од карбонски влакна и елементи од карбонски влакна на страничните делови од каросеријата и на одбојниците.

ПАКЕТ BLACK EXTERIOR

Внесете тајност во привлечниот изглед на I‑PACE со помош на овие детали од карбонски влакна. Овој пакет вклучува порабување на страничните прозорци во бојата Gloss Black и украсна маска во бојата Gloss Black со порабување во бојата Gloss Black.

ОПЦИИ НА ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

ПАКЕТ COLD CLIMATE

Овој пакет вклучува греење на млазниците на прскалките, греење на ветробранското стакло и греење на воланот.

ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА JAGUAR ОПРЕМА

Дајте му личен вкус на вашиот I‐PACE и пронајдете ги додатоците коишто одговараат на вашиот животен стил.

ОСВЕТЛЕН ЗНАК JAGUAR НА ПРЕДНАТА УКРАСНА МАСКА

Опционалниот осветлен знак на предната украсна маска создава чудесен стил на надворешноста. Знакот свети кога I-PACE е отклучен, кога вратите на возилото се отворени и внатрешните светла се вклучени. Осветлувањето се исклучува кога возилото ќе се стартува.

ПОРАБУВАЊЕ ОД КАРБОНСКИ ВЛАКНА НА УКРАСНАТА МАСКА

Привлечното порабување од висококвалитетни карбонски влакна на предната украсна маска што се карактеризира со дијагонална шара со завршна обработка во High Gloss, нуди првокласна надградба на стилот на надворешноста за да ги нагласи динамичките способности и стилот инспириран од перформансите на Jaguar I-PACE.

КУЌИШТА НА РЕТРОВИЗОРИТЕ ОД КАРБОНСКИ ВЛАКНА

Со дијагонална шара и лакирани со завршна обрработка во High Gloss, куќиштата на ретровизорите од висококвалитетни карбонски влакна нудат стилска надградба инспирирана од перформансите и заштеда во тежината што се добива со употребата на карбонските влакна.

СПОРТСКИ ПЕДАЛИ

Гарнитурата за педали со елементи изработени од не`рѓосувачки челик и гума, сигурно налегнува на постоечките педали и се добива современ, спортски изглед.

ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ ОСВЕТЛЕНИ ПЛОЧКИ НА ПРАГОВИТЕ НА ВРАТИТЕ

Плочка од не`рѓосувачки челик како декоритвен детаљ со елегантен стил за праговите на вратите за возачот или совозачот. Свети кога е отворена вратата за возачот или за совозачот.

ЛУКСУЗНИ ПОДНИ ПРОСТИРКИ

Раскошни, предни подни простирки со втиснато лого на Jaguar и порабени со Nubuck кожа. Првокласните патосници обезбедуваат чувство на лусузна опременост на внатрешноста.

СИСТЕМ CLICK AND GO

Системот Click and Go е компактен систем за складирање што се поставува на задната страна од наслоните за глава на предните седишта. Во него има и закачалка за палта што се монтира на наслонот за глава што се грижи вашите алишта да не се изгужваат. За забава на задните седишта, преносливиот држач за таблет може едноставно да се постави и да се прилагоди под повеќе агли. Click and Hook е универзална закачалка што дава дополнителен простор за складирање за да обесите предмети како на пр. вреќи.

ПРИСТАН ЗА ПОВРЗУВАЊЕ И ПОЛНЕЊЕ НА IPHONE®

Дизајниран за да овозможи видливост на вашиот телефон* додека се полни, пристанот за поврзување и полнење на iPhone го користи просторот на држачот за чаша во централната конзола. Кога е поврзан, медиумот на iPhone е достапен и ја има способноста да се контролира преку интегрираниот систем за забава во-автомобилот.

*За употреба со iPhone 5, 5c, 5s, 6, 6s, SE, 7 и 8. Не е погоден за употреба со 6 Plus и 7 Plus.

ПАКЕТ PET

Вашите миленичиња се сместени на комфорно, мирно и безбедно место. Преградата по цела висина го чува просторот за патниците за вас, додека изборот помеѓу водонепропусно плитко корито и издржлива гумена простирка го штити багажниот простор во вашето возило.

НАПРЕЧНИ КРОВНИ НОСАЧИ

Напречните носачи овозможуваат употреба на многубројни додатоци за носење багаж на покривот. Напречните носачи на I-PACE се карактеризираат со нов и уникатен механизам за брзо ослободување што овозможува нивно едноставно поставување или отстранување без употреба на алати.

ЗАДЕН НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕД

Едноставен за вградување, се поставува на задниот дел, носач за еден велосипед, со можност за заклучување. Може да се постават највеќе три носачи.

НОСАЧ НА ОПРЕМА ЗА СПОРТОВИ НА ВОДА

Сестран систем за превезување разна спортска опрема вклучувајќи штица за сурфање, кајак или штица за едрење. Максималната носивост е 65kg.

СИГУРНОСНИ НАВРТКИ НА ТРКАЛАТА - ХРОМИРАНИ

Ги штитат вашите тркала со посебно дизајнирани, хромирани сигурносни навртки.

ЧОРАПИ ЗА ВОЗЕЊЕ ПО СНЕГ

Со мала тежина, текстилни елементи за подобра тракција на снег и мраз, едноставни за поставување, склопување и складирање. Се препорачува поставување на сите четири тркала.

СИСТЕМ ЗА ВОЗЕЊЕ ПО СНЕГ

Со овој систем од синџири за голема тракција на снег се добива подобрена подвижност во услови на снег, кал и мраз. Се поставува само на задните тркала.

ЗНАК ВО ЦЕНТАРОТ НА ТРКАЛОТО - БРИТАНСКОТО ЗНАМЕ

Специфичниот црно-бел знак во центарот на тркалото со логото на Jaguar во дизајн на британското знаме ги буди спомените на нашето британско наследство.

СТИЛИЗИРАНИ ВЕНТИЛ КАПАЧИЊА - БРИТАНСКОТО ЗНАМЕ

Додадете го завршниот детаљ на тркалата на вашето возило со некои од многуте уникатни вентил капачиња.

СТИЛИЗИРАНИ ВЕНТИЛ КАПАЧИЊА - JAGUAR ‘GROWLER’ (слика од глава на јагуар што `ржи)

Знакот ‘Growler’ (слика од глава на јагуар што `ржи) е битен дел од нашето наследство. Додадете го завршниот детаљ на тркалата на вашето возило со овие својствени вентил капачиња.

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

Креирајте свој модел ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ