Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

F‑TYPE SVR CONVERTIBLE

Со засилен мотор со моќност од 575PS, F‑TYPE SVR е проектиран за чиста моќност, возбуда и за постигнување на максимална брзина од 314km/h.
МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ

575PS

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД

3,7секунди 0-100km/h

МАКСИМАЛНА БРЗИНА

314km/h

Нашиот оддел Special Vehicle Operations (SVO) создава автомобили што се врвен израз на Jaguar: чудесни перформанси, исклучителен луксуз и најсовремена технологија. Последната креација што доаѓа од модерниот технички центар на SVO е F‑TYPE SVR – нашиот најмоќен F‑TYPE досега.

Завојниот компресор со два ротора на 5.0-литарската V8 единица го елиминира отпорот на воздухот и на автомобилот му дава извонредни перформанси на секаков број на вртежи на моторот. Фатете се добро – ќе ве однесе од 0 до 100km/h за само 3,7 секунди и до максимална брзина од 314km/h*.

*Кога ќе се замени аеродинамичното крилце од карбонски влакна за F‑TYPE SVR со стандардниот заден спојлер на отворање кај F‑TYPE, максималната брзина на F‑TYPE SVR Coupé паѓа на 300km/h.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО COUPÉ Креирајте свој модел

СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА

Прошиените седишта Performance овозможуваат комфор, поддршка и ултрамодерна завршна обработка што создава чувство на максимален луксуз.

ТЕХНОЛОГИИ ЗА МАЛА ТЕЖИНА

Тежината е непријател на перформансите, така што ние го дизајниравме F‑TYPE SVR да биде што е можно „послаб“. Секој грам има своја намена. Неговиот издувен систем со мала тежина од титан и Inconel® заштедува 16kg, додека впечатливите ковани тркала од легура даваат вкупно 13,8kg заштеда во тежината. Секој редизајниран зглоб на задното потпирање „симнува“ 0,6kg тежина во споредба со конвенционалните зглобови, а опционалните карбонско-керамички кочници, предните со димензија од 398mm, а задните со димензија од 380mm, ја намалуваат тежината за 21kg во споредба со некерамичките алтернативи. Секој заштеден милиграм на F‑TYPE SVR му дава поголемо забрзување, поагилна управливост и поостро кочење – за незаборавно доживување во возењето.

Истражете ги перформансите за возење

АЕРОДИНАМИКА

Аеродинамичното крило на SVR е составен дел на надградените перформанси осигурувајќи и помал отпор на воздухот и поголема сила на притискање. Крилото е пошироко и поиздигнато, овозможувајќи му дејство преку целата ширина на автомобилот. Кога е отворено, дава намалување на отпорот на воздухот од 2,5 проценти и намалување на подигнувањето од 15 проценти. Други надградби на аеродинамиката го регулираат струењето на воздух низ просторот за мотор за оптимално ладење и урамнотежена сила на притискање. Мазната долна површина на каросеријата и задниот дифузер го намалуваат отпорот на воздухот, го регулираат струењето на воздухот и ја унапредуваат стабилноста.

Истражете ја надворешноста

ТЕХНОЛОГИЈА НА ПОГОНСКАТА ЕДИНИЦА

5.0-литарскиот V8 мотор на F‑TYPE SVR е кулминација од моќност, рекалибриран за да развива зачудувачка моќност од 575PS и вртежен момент од 700Nm. Системот Погон на сите тркала работи заедно со електронскиот активен диференцијал за да се зголемат тракцијата и стабилноста. Со тоа на импозантните перформанси на F‑TYPE SVR им се дава потполна слобода.

Истражете ја технологијата на моторот

СЕКОЈ ДЕТАЉ Е ВАЖЕН

Откријте го врвниот F‑TYPE. SVR е полесен и побрз — со реконфигурираната аеродинамика којашто го засилува зафатот на тркалата со подлогата и технологијата Погон на сите тркала на Jaguar се осигурува максимална тракција за цело време. Секој милиметар е оптимизиран за живи тркачки перформанси што е карактеристика на вистинскиот Jaguar.

Погледнете го видеото

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ F‑TYPE

Направете го вашиот F‑TYPE уникатно ваш. Изберете ги боите на каросеријата и на покривот - и на тркалата, за да добиете целина. Скројте го вашиот личен стил на внатрешноста, одредувајќи ги вашите идеални седишта, текстури и комбинации од бои. И со исклучителната колекција од опции, стилски пакети и додатоци на Jaguar, вашиот F‑TYPE станува навистина персонализиран.

Креирајте свој F‑TYPE