• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ПЕРФОРМАНСИ

Мотори со компресор, со брза реакција. Алуминиумска конструкција со мала тежина. Софистицирано потпирање. F‑TYPE е вистински перформансен автомобил.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

Цврстата алуминиумска каросерија со мала тежина на F‑TYPE е совршена платформа за спортски автомобил. Таа му овозможува на фино дотераниот систем на потпирање со двојна вилушка да осигура прецизна контрола и е одлично надополнување на палетата од мотори со високи перформанси на F‑TYPE. Заедно, тие обезбедуваат исклучителни односи моќност/тежина и вртежен момент/тежина - вистинските мерки за перформансите на еден спортски автомобил.

Креирајте свој модел

Play

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Системот Погон на сите тркала на F‑TYPE со Интелигентна динамика на погонот нуди перформанси со совршена смиреност, овозможувајќи сигурна управливост на секаква површина на патот. Системот е опционален кај моделите F‑TYPE и F‑TYPE R-Dynamic, а стандарден кај моделите F‑TYPE R и F‑TYPE SVR, и со него овој Jaguar е најспособниот меѓу спортските автомобили.

ВОЗЕЊЕ И УПРАВЛИВОСТ

F‑TYPE се дефинира со исклучителна контрола, агилност и повратна информација. Неговото врвно возење се поткрепува со крутата шасија, нашето потпирање со двојни вилушки од кован алуминиум и софистицираниот систем Електричен серво управувач (EPAS).

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ

Динамиката на F‑TYPE изгледа природна благодарејќи на нашите напредни технологии за возење. За да овозможи поостро вртење и да се намали подуправливоста, системот Насочување на вртежниот момент обезбедува контролирано независно кочење на внатрешните, предно и задно, тркала низ свиоците. Електронскиот активен диференцијал* може сето ова да го однесе еден чекор понатаму, работeјќи заедно со Интелигентна динамика на погонот за прецизно да управува со испораката на вртежниот момент до секое од задните тркала. А за да се добие оптимален комфор и контрола, тука е системот Прилагодлива динамика* што го анализира патот и вашиот стил на возење и според нив ја менува реакцијата на F‑TYPE.

*Достапноста на карактеристиката зависи од моделот и моторот. Ве молиме за подетални информации да погледнете во Конфигураторот или Водичот за спецификации и цени.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ