Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

F‑TYPE COUPÉ

Восхитувачки перформанси, доверлива управливост и секојдневна практичност. F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.
МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ

380PS

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД

4,9 секунди 0-100km/h

МАКСИМАЛНА БРЗИНА

275km/h

Комбинација на перформансите, од коишто расте пулсот, со инстантната реакција и прецизната агилна управливост. Со секојдневна префинетост и корисност на 408-те литри багажен простор. F‑TYPE дава право уживање во возењето.

Погледнете го Convertible Креирајте свој модел

СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА

Екстремно комфорна, луксузната внатрешност на F‑TYPE се обликува совршено околу возачот. Се карактеризира со седишта Sport од зрнеста кожа и антилоп материјал и централна конзола со декоративна површина од нажлебен алуминиум.

На сликата се прикажани опционални карактеристики што не се вградуваат како дел од стандардната опрема.
Прикажаната конзола со завршна обработка во Delta алуминиум не е достапна кај овој модел.

ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ

Овој модел обезбедува прецизно, поврзано возење благодарејќи на потпирањето со двојни вилушки, електричниот серво управувач (EPAS) и понудените моќни мотори со брза реакција. Кај овој модел, достапни ви се системите Погон на задните тркала или Погон на сите тркала и рачна или автоматска трансмисија, во зависност од моторот што сте го избрале.

Истражете ги перформансите за возење

ВПЕЧАТЛИВ ИЗГЛЕД

F‑TYPE е смирен, спремен за скок. Прекрасни, флуидни линии го дефинираат неговиот мускулест став. Ксенон фаровите со препознатливиот ЛЕД потпис ја прикажуваат мачешката жестина. Тркалата од легура во најразлични стилови ја нагласуваат динамичната појава.

Истражете ја надворешноста

ПЕРФОРМАНСИ КОИШТО ГО ОДЗЕМААТ ЗДИВОТ

Овој модел е достапен со два мотора. 3.0-литарскиот V6 мотор со компресор и моќност од 340PS што е дизајниран за чиста возбуда, ќе ве однесе од 0 до 100km/h за само 5,3 секунди и до максимална брзина од 260km/h. 3.0-литарскиот V6 380PS мотор обезбедува вртежен момент од 460Nm за уште помоќни перформанси, а од 0 до 100km/h забрзува за само 4,9 секунди.

Истражете ја технологијата на моторот

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ F‑TYPE

Направете го вашиот F‑TYPE уникатно ваш. Изберете ги боите на каросеријата и на покривот - и на тркалата, за да добиете целина. Скројте го вашиот личен стил на внатрешноста, одредувајќи ги вашите идеални седишта, текстури и комбинации од бои. И со исклучителната колекција од опции, стилски пакети и додатоци на Jaguar, вашиот F‑TYPE станува навистина персонализиран.

Креирајте свој F‑TYPE