• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

F-PACE SVR

Со својот 5.0-литарски V8 мотор со компресор и максимална брзина од 283km/h, F‑PACE SVR е врвниот перформансен SUV на Jaguar.
НАДВОРЕШНОСТ
ВНАТРЕШНОСТ

ЕМИСИЈА НА CO2 ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС g/km

Од 272‡ со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС l/100km

Од 11,9‡ со автоматска трансмисија

Перформанси и луксуз

F‑PACE SVR е бескомпромисен перформансен автомобил што ја нуди сета практичност и сестраност на еден SUV со 5 седишта. Предните и задните седишта од типот Performance, од мека перфорирана кожа Windsor прошиена со ромбоидни форми, нудат врвен комфор и ќе ве задржат во секој свиок.
НАДВОРЕШНОСТ
ВНАТРЕШНОСТ

ЕМИСИЈА НА CO2 ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС g/km

Од 272‡ со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС l/100km

Од 11,9‡ со автоматска трансмисија

Спортски автомобил на Jaguar од одделот Special Vehicle Operations (SVO) е врвниот израз на познатиот британски перформансен бренд. Секој модел го покажува најдоброто од Jaguar со возбудливи перформанси, исклучителен луксуз и иновативна технологија. Последната креација што доаѓа од модерниот технички центар на SVO е F-PACE SVR - врвниот перформансен SUV на Jaguar.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

ПЕРФОРМАНСИ И ЛУКСУЗ

F‑PACE SVR е бескомпромисен перформансен автомобил што ја нуди сета практичност и сестраност на еден SUV со 5 седишта. Предните и задните седишта од типот Performance, од мека перфорирана кожа Windsor прошиена со ромбоидни форми, нудат врвен комфор и ќе ве задржат во секој свиок.

SVR ЗВУК

5.0-литарскиот V8 мотор на F-PACE SVR создава крешендо инспирирано од тркачки автомобил за да се добие длабок звук што ќе ве остави без здив. Уживајте во неговиот возбудувачки звук штом ќе се огласи.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

SVR МОТОР

5.0-литарскиот V8 бензински мотор со компресор на F-PACE SVR развива моќност од 550PS и вртежен момент од 680Nm, постигнува забрзување од 0 до 100km/h за 4,3 секунди и максимална брзина од 283km/h.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ

АЕРОДИНАМИКА

Аеродинамиката е во срцето на дизајнот на F‑PACE SVR. Подигнувањето е намалено, тракцијата е зголемена, а вкупната управливост е унапредена. Сето ова резултира со зголемена стабилност и максимална брзина од 283km/h

ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

ПРЕПОЗНАТЛИВИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА F-PACE SVR

КОЧНИЦИ СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ

Системот за кочење со високи перформанси на F-PACE SVR нуди брза, прецизна реакција - особено кога неколку пати едно по друго се кочи на голема брзина, поради неговата одлична отпорност на губење на силата на кочење.

ПОДГОТВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СЕТИЛА ЗА ТРКА

За стил што ги привлекува погледите и перформанси што можете да ги слушнете, активниот издувен систем со променлив вентил инспириран од F-TYPE се карактеризира со четири издувни цевки од полиран алуминиум.

КОВАНИ ТРКАЛА ОД ЛЕГУРА

Визуелно привлечните тркала од легура дополнително го подвлекуваат спортскиот карактер на F-PACE SVR. Изберете ги кованите тркала од легура со димензија од 21 инч обработени со дијамант, или опционалните ковани тркала од легура со димензија од 22 инчи обработени со дијамант или со завршна обработка во бојата Gloss Black.

SPORTSHIFT СЕЛЕКТОР

За брзо рачно менување на степените на пренос, SportShift селекторот е инстинктивен, едноставен за употреба и ја збогатува спортската природа на F-PACE SVR.

СЕДИШТА ЗА ПАТНИЦИТЕ

Без оглед дали сте патник на предното или на задните седишта - со F-PACE SVR се поврзувате од моментот кога ќе седнете во обликуваните седишта од типот Performance од првокласна перфорирана кожа Windsor. Кај задните седишта, просторот за нозете и колената го исполнува стандардот на F-PACE со 945mm и 65mm соодветно.

ОТВОРИ ЗА ВОЗДУХ НА ХАУБАТА

Оптимално позиционирани, новите отвори за воздух на хаубата на F-PACE SVR го унапредуваат струењето на воздухот и ладењето. Овозможуваат полесен излез на воздухот што минува низ ладилникот и го одржуваат струењето на воздухот низ просторот за моторот.

ДИЗАНИРАН ЗА ПЕРФОРМАНСИ

Луксузот и практичноста на моделите на F-PACE остануваат непроменети. Но, со својата унапредена аеродинамика, F-PACE SVR го ослободува вистинскиот потенцијал на возилото за восхитувачки перформанси.

МАКСИМАЛНО ЛАДЕЊЕ

Зголемените влезни отвори за воздух во предниот одбојник на F-PACE SVR и оптимално позиционираните отвори во хаубата го унапредуваат струењето на воздухот и ладењето.

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВОЗДУШНОТО СТРУЕЊЕ

Уникатните странични отвори за воздух го насочуваат воздухот за излез од лаците на крилата, со што го минимизираат подигнувањето на предниот дел, додека издолжениот спојлер го израмнува струењето на воздухот над автомобилот, што резултира со мал коефициент на отпорот на воздух од 0.37.

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

Мазната долна површина на задниот дел од каросеријата го намалува отпорот на воздухот, додека задниот дифузер го регулира струењето на воздухот и на тој начин се унапредува стабилноста на F-PACE SVR на големи брзини.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА МОТОРОТ

Целосно алуминиумскиот 5.0-литарски 550PS V8 бензински мотор со компресор го прави F-PACE SVR најмоќниот F-PACE досега.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ДЕТАЛИ НА ДИНАМИКАТА

ДЕТАЛИ НА ДИНАМИКАТА

Динамичкиот режим го оживува спортскиот карактер на F-PACE SVR. Со овој режим се добива поостра реакција на гаста, потврдо управување и побрза промена на степените на пренос, а промената се изведува на повисок број на вртежи на моторот.

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО F-PACE SVR

Изберете боја од палетата со првокласни бои на SVO и соодветни комбинации од бои за внатрешноста.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ОПЦИИ И JAGUAR ОПРЕМА

Персонализирајте го F-PACE SVR уште подетално со првокласните опции и додатоци.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОПЦИИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ