• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

F-PACE S

F‑PACE S го прикажува својот беспрекорен спортски карактер, однадвор и одвнатре.

ЕМИСИЈА НА CO2 ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС g/km

Од 171‡ со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС l/100km

Од 6,5‡ со автоматска трансмисија

Моќноста, напредната динамика на возење и спортскиот луксуз се соединети во F-PACE S за да се создаде Jaguar со неодолив стил и содржина. Неговиот внатрешен дизајн ги зајакнува моќните карактеристики на овој Jaguar и понатаму нудејќи брилијантна сестраност. Иновативните технологии на Jaguar коишто го издигнуваат секое возење на повисоко ниво, го комплетираат овoj луксузeн и перформансен SUV.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ДИНАМИКА ВО ВНАТРЕШНОСТА

Секој елемент од внатрешноста на F-PACE S - од изборот на внатрешноста до уникатното S обележување - ви кажува дека ова е F-PACE со моќност во неговото срце.

МОЌНИ МОТОРИ

F-PACE S ви нуди избор од два моќни мотори. 3.0-литарскиот V6 бензински мотор со компресор1 развива моќност од 380PS и вртежен момент од 450Nm - постигнува 0-100km/h за 5,5 секунди. Моќниот 3.0-литарски V6 дизел мотор со турбо полнач1 развива моќност од 300PS и исклучителен вртежен момент од 700Nm. Способен е да постигне 0-100km/h за 6,2 секунди.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА И ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

Системот Прилагодлива динамика ја менува реакцијата на F‑PACE за да се совпадне со условите и вашиот стил на возење. Овој систем постојано ги прилагодува амортизерите за да обезбеди оптимална рамнотежа помеѓу смиреноста и комфорот за цело време. Инспириран од спортскиот автомобил F‑TYPE, системот Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да ја поставите динамиката на F‑PACE за потпирањето, мапирањето на гаста, моментите на менување степени на пренос и за управувањето за да одговара на вашите потреби за перформанси.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ

МОЌЕН СТИЛ

F-PACE S лесно се забележува на патот. Неговиот надворешен дизајн ги нагласува мускулестите пропорции на F-PACE за да создаде форма чијшто секој дел е динамичен како што е и неговото возење. Тркалата од легура од типот Blade со димензија од 20 инчи, црвените шепи на кочниците и уникатното S означување несомнено осаваат впечаток дека ова е SUV со моќност во своето срце.

Истражете ја надворешноста

СПЕЦИФИКАЦИИТЕ НА МОДЕЛОТ S

Откријте повеќе за S.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

НАПРАВЕТЕ ГО ВАШ

Скројте го F-PACE според вашиот животен стил. На располагање ја имате широката палета од практични и стилски додатоци.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ДОДАТОЦИТЕ

* Сликите се со опционална опрема.
1 Во зависност од пазарот.
2 Само со автоматска трансмисија.
‡Сите вредности се цели на производителот и се предмет на крајно потврдување пред да се почне со производство. Забележете дека вредностите за CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала, а најниските вредности може да не се постигнат со стандардните тркала.