• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

F-PACE PORTFOLIO

Кулминација на луксузот на F-PACE - елегантен, софистициран и со множество од иновативни технологии.

ЕМИСИЈА НА CO2 ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС g/km

Од 147‡ со рачна трансмисија
Од 151‡ со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС l/100km

Од 5,6‡ со рачна трансмисија
Од 5,7‡ со автоматска трансмисија

Jaguar F-PACE Portfolio ја нуди кулминацијата од луксуз во серијата F-PACE. Ги соединува првокласните материјали со современото британско мајсторство за да создаде SUV возило со истакнати дизајн, комфор и стил.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ЕЛЕГАНЦИЈА И СТИЛ

Со материјали и дизајнерски детали коишто имаат јасно забележлив изглед и чувство на луксуз - прекрасната внатрешност на F-PACE е место на модерна елеганција.

ПРВОКЛАСНИ СЕДИШТА

Луксузната перфорирана кожа Windsor се користи за тапацирање на седиштата со електрично прилагодување во 10 насоки кај F-PACE Portfolio. Кожата е прекрасно мека и се карактеризира со препознатливиот знак на Jaguar, јагуарот во скок, којшто е втиснат во наслоните за глава. Исто како и секој елемент од внатрешноста на F-PACE Portfolio, овие седишта се комфорни, луксузни и карактеристични за Jaguar.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

ИЗРАБОТЕН ЗА КОМФОР

Внатрешноста на Portfolio ја прикажува современата мајсторска изработка на Jaguar. Декоративните површини на вратите со уникатната завршна обработка Etched Aluminium се надополнуваат со централната конзола со завршна обработка во бојата Gloss Black1. Вештачката кожа со своите прецизни шевови ги покрива страничните површини на централната конзола и горната површина на инструмент таблата.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

ПРИЛАГОДЛИВО АМБИЕНТНО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

F-PACE може да создаде амбиент којшто ќе се совпадне со вашето расположение. Тоа го постигнува со помош на функцијата Прилагодливо амбиентно внатрешно осветлување. Системот ги нагласува најфините стилски детали во внатрешноста, вклучувајќи ги препознатливите линии на вратите, кваките на вратите, просторот за одлагање предмети во вратите, конзолата и отворите за вентилација, со снопови од мека светлина во една од десетте бои.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

СПЕЦИФИКАЦИИТЕ НА PORTFOLIO

Откријте повеќе за Portfolio.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

НАПРАВЕТЕ ГО ВАШ

Скројте го F-PACE според вашиот животен стил. На располагање ја имате широката палета од практични и стилски додатоци.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ДОДАТОЦИТЕ

1Само со автоматска трансмисија.
‡Сите вредности се цели на производителот и се предмет на крајно потврдување пред да се почне со производство. Забележете дека вредностите за CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала, а најниските вредности може да не се постигнат со стандардните тркала.