• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Напредната технологија на Jaguar F-PACE нуди спектар од системи коишто го збогатуваат доживувањето при возење и се грижат сите патници во возилото да бидат безбедни.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ИНОВАЦИИ ОД JAGUAR

F-PACE се карактеризира со напредниот систем за забава за автомобил Touch Pro како дел од стандардната опрема. Со брза реакција, интуитивен и беспрекорно интегриран систем - Jaguar нуди решенија коишто иновативно го унапредуваат вашето возење.

Креирајте свој модел
10” TOUCH PRO

10” TOUCH PRO

ДЕЛ ОД СТАНДАРДНАТА ОПРЕМА КАЈ СЕКОЈ F-PACE

Хардверот и софтверот од следната генерација на системот Touch Pro ги унапредуваат поврзливоста и забавата во F-PACE до највисокото ниво.

  • 10”-ен екран на допир со гестикулации со допирање, поминување со прст и штипнување за зумирање и приспособлив почетен екран
  • Група инструменти со 5”-ен централен TFT екран2
  • Аудио систем Jaguar2
  • AM/FM радио, Bluetooth® и 2 x USB приклучници

ДВОЕН ПОГЛЕД

Функцијата Двоен поглед им овозможува на совозачот и на возачот да уживаат во различни медиуми на истиот екран на допир од 10 инчи. На пример, совозачот може да гледа филм (звукот го слуша преку безжичните слушалки) додека возачот ја гледа навигацијата.3

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Опционалниот Head-up Дисплеј (HUD)6 на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото како што се брзината на движење, степенот на пренос и насоките од системот за навигација. Се карактеризира со кристално чиста графика во боја со висока резолуција со што ви овозможува едноставно да ги забележите командите на возачот и информациите.

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™

Аудио системите на Meridian и нивните напредни алгоритми за дигитална обработка на сигналите гарантираат дека ритамот и тактот на секое музичко дело ќе се слушаат токму како што замислил авторот. Изберете еден од понудените системи, аудио систем Meridian™7, 380W со 10 звучници и сабвуфер или аудио системот Meridian™ со опкружувачки звук6, 825W со 16 звучници и сабвуфер.

Истражете го meridian

Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто го комбинира возбудливото возење со практичноста и ефикасноста. Создајте го вашиот совршен F-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

Креирајте свој модел

1Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar. Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот - проверете кај вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. InControl Apps и апликацијата Remote треба да се преземат од Apple/Play Store. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
2Карактеристиките и нивната достапност може да се разликуваат во зависност од спецификациите на возилото и пазарот. За подетални информации консултирајте го вашиот локален продавач на Jaguar.
3Опционална карактеристика, бара вградување на Navigation Pro, CD/DVD плеер и аудио систем MeridianTM / аудио систем MeridianTM со опкружувачки звук.
4Connect Pro бара Navigation Pro. Кога е избран системот Navigation Pro, морате да ги изберете и сите карактеристики во пакетот Connect Pro. За подетални информации консулитирајте се со вашиот продавач на Jaguar. Онлајн функционалноста и Wi-Fi поврзливоста зависат од инсталација на микро SIM картичка со соодветен договор.
5Достапноста и можноста за вградување е во зависност од пазарот. Достапно само како дел од Navigation Pro.
6Бара соларно ветробранско стакло.
7Опционална карактеристика.