• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

НАДВОРЕШНОСТА НА F-PACE SVR

Со специјално дизајнирана, прилагодена аеродинамика, во којашто спаѓаат новиот преден одбојник и поширокиот спојлер, F‑PACE SVR постигнува сила на притисок кон површината и има аеродинамика со перформанси што се неопходни за еден SUV да постигне максимална брзина од 283km/h - а во исто врема да изгледа сензационално.
F‑PACE SVR
F‑PACE
Play

НАДВОРЕШНОСТ

Со својот моќен, агилен изглед и спортскиот карактер, F-PACE има уникатна појава на патот. Визуелно инспириран од Jaguar F-TYPE, F-PACE е перформансен SUV со ДНК на спортски автомобил.
F‑PACE SVR
F‑PACE

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

F-PACE е најновиот во серијата на прекрасни, возбудливи автомобили. Со своите динамички пропорции, тој ја надградува аеродинамиката и ја унапредува способноста. Аеродинамичниот облик на автомобилот во форма на капка солза е нагласен со закосената линија на покривот, што го комплетира неговиот самоуверен став.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

УНАПРЕДЕНА АЕРОДИНАМИКА

УНАПРЕДЕНА АЕРОДИНАМИКА

Уникатниот надворешен дизајн на F-PACE SVR нуди аеродинамика со извонредни перформанси бидејќи воздухот се насочува над, под и околу автомобилот - се намалува подигнувањето, се зголемува тракцијата на пневматиците, а истовремено се постигнува ефективно ладење на моторот и кочниците. Како резултат на тоа се добива бескомпромисна управливост, совладување свиоци со поголема g-сила и зголемена стабилност при големи брзини.

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

Аеродинамиката на F-PACE е клучна функција на дизајнот на неговата каросерија и овозможува импресивен коефициент на отпор на воздухот Cd 0.34.1 Резултатот кажува дека F-PACE навистина е така мазен како што изгледа. Крајно усовршената аеродинамика ги намалува потрошувачката на гориво, емисијата на CO2 и бучавата од ветерот, а истовремено ги подобрува стабилноста при големи брзини и самодовербата на возачот.

ПРИЛАГОДЛИВИ ЛЕД ФАРОВИ

Прилагодливите ЛЕД фарови2 на F-PACE коишто имаат светла за дневно возење со карактеристиката на Jaguar - „Ј“ потписот, даваат светлина со боја којашто е блиска до бојата на дневната светлина, со што се грижат вашите очи полесно да ги распознаваат предметите, а и го намалуваат нивниот замор.

ДИНАМИЧКИ ПРОПОРЦИИ

F-PACE има динамичен изглед од секој агол. Со самоуверен преден дел, импозантна украсна маска и јасни остри рабови коишто смислено потсетуваат на спортската елеганција на F-TYPE.

МОЌНИ ЗАДНИ КРИЛА

Изразените задни крила го надградуваат спортскиот карактер на F-PACE, инспириран од моделот F-TYPE, и формираат заводлив заден дел за ЛЕД крајните светла со висок интензитет.

ТРКАЛА ЗА F-PACE SVR

ТРКАЛА ЗА F-PACE SVR

Изберете ги 21”-ните ковани тркала од легура обработени со дијамант, или опционалните 22”-ни ковани тркала од легура обработени со дијамант или со завршна обработка во бојата Gloss Black. За поголем зафат на тркалата со подлогата и поголема стабилност во свиоците, задните пневматици со ширина од 295mm уште повеќе го подвлекуваат спортскиот карактер на F-PACE SVR.

Прикажано е опционалното тркало од 22" „Style 5081“ со 5 двојни краци обработено со дијамант.

СПОРТСКИ ТРКАЛА

СПОРТСКИ ТРКАЛА

F-PACE нуди голем избор на тркала од легура со аеродинамичен облик и мала тежина, а нуди и широк спектар на димензии на тркалата 18“ - 22“ - извонредно дополнение на динамичниот изглед на F-PACE. Изберете ги вашите тркала со помош на нашиот конфигуратор.

Прикажано е опционалното тркало од 22" „Style 9006“ со 9 двојни краци обработено со дијамант.

Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто го комбинира возбудливото возење со практичноста и ефикасноста. Создајте го вашиот совршен F-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1 Во зависност од моторот.
2 Вградувањето е во зависност од изведбата на моделот и пазарот. Ксенон или халогени фарови се исто така достапни во зависност од избраниот модел.