• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ НА F-PACE SVR

Со F-PACE SVR, одделението Special Vehicle Operations (SVO) создаде еден SUV што може да „згрми“ до 100km/h за неверојатни 4,3 секунди.
F-PACE SVR
F-PACE
Play

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Откријте ја возбудата што ја донесува возењето на F-PACE, со агилната управливост и технолошки напредните мотори коишто овозможуваат перформанси и ефикасност.
F-PACE SVR
F-PACE

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПЕРФОРМАНСИ

F-PACE оживеа благодарение на моќноста на неговите мотори во комбинација со алуминиумската конструкција со мала тежина на Jaguar и напредните технологии за динамични перформанси. Заедно, тие овозможуваат возбудливи перформанси и ефикасност.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Play

ЦЕЛОСНА ДОВЕРБА

Без разлика дали ќе изберете погон на задните тркала (RWD)1 или погон на сите тркала (AWD), F-PACE секогаш се чувствува и се однесува како Jaguar.

1 Достапно е во зависност од пазарот.

АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

Алуминиумската конструкција со мала тежина на F-PACE е крута и јака, нуди одлична заштита за сите патници во возилото, додека нејзината намалена тежина ја подобрува ефикасноста и ги надградува управливоста и кочењето. F-PACE е меѓу најлесните автомобили во својата класа2 и нуди распределба на тежината со скоро совршен 50:502 баланс, за да се постигнат спортски перформанси и беспрекорно возење.



image 1
image2


Кратка напомена

Lorem ipsum dolor si.

play

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СЕРИЈАТА INGENIUM

Ingenium е тип на мотор од Jaguar Land Rover дизајниран за да се добијат беспрекорни перформанси, рафинираност и ефикасност. Со напредната технологија и целосно алуминиумската конструкција, моторот Ingenium ја балансира импресивната моќност со ниската потрошувачка на гориво.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

INGENIUM БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Новиот 2.0-литарски 4-цилиндричен 250PS бензински Ingenium мотор со турбо полнач во F-PACE развива извонредна корисна моќност и вртежен момент. Со нивниот дизајн за мала тежина и широката употреба на тркалачките лежишта со валјачиња со мал коефициент на триење, тие се направени за да се добијат глатки перформанси и голема ефикасност.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

INGENIUM ДИЗЕЛ МОТОРИ

Три од дизел моторите во серијата F‑PACE се потпираат на Ingenium технологијата. Овие мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на внатрешни вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start и паметно регенеративно полнење - собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот - за максимална економичност, особено во градското возење.

Погледнете ги спецификациите

МОТОРИ ИНСПИРИРАНИ ОД F-TYPE

Сите бензински мотори на F-PACE нудат моќност и брза реакција, а истовремено ја унапредуваат ефикасноста. 3.0-литарскиот V6 бензински мотор со компресор1 којшто F-PACE го дели со F-TYPE, развива моќност од 380PS и вртежен момент од 450Nm. 5.0-литарскиот V8 550PS мотор, достапен во F-PACE SVR, нуди неверојатен вртежен момент од 680Nm. Двата мотора се целосно алуминиумски мотори и овозможува моментален пристап до високите перформанси и вртежни моменти при кој било број на вртежи на моторот, како и уникатен звук.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-литарскиот V6 300PS дизел мотор со двоен турбо полнач ја развива својата моќност на префинет и ефикасен начин, генерирајќи импресивен вртежен момент од 700Nm за да се добие возење со брза реакција. Со доводот на горивото управува комон реил систем за вбризгување на горивото, под притисок од 2000 bar, со помош на пиезоелектрични вбризгувачи, овозможувајќи ефикасно согорување и пониска емисија на издувни гасови.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
РАЧНА ИЛИ АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

РАЧНА ИЛИ АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Автоматската трансмисија со 8 степени на пренос на F-PACE и автоматската трансмисија Quickshift со 8 степени на пренос на F-PACE SVR се одликуваат со брза реакција, мирна работа и ефикасност. Тие осигуруваат брзо менување на степените на пренос што овозможува беспрекорно забрзување и претекнување. Менувањето степени на пренос можете да го контролирате и рачно преку лопатките на воланот. Рачниот менувач со 6 степени на пренос3 се одликува со глатки, кратки промени на степените на пренос. Овој напреден менувач со мала тежина придонесува за извонредната ефикасност на F-PACE.

3Достапно само со 2.0-литарски 4-цилиндричен 163PS дизел мотор (во зависност од пазарот).

Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто го комбинира возбудливото возење со практичноста и ефикасноста. Создајте го вашиот совршен F-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
1Достапно е во зависност од пазарот.
2Во зависност од моделот и моторот.
3Достапно само со 2.0-литарски 4‑цилиндричен 163PS дизел мотор.
4Само со автоматска трансмисија.
5Стандард кај F-PACE S и SVR, не е достапно со 2.0-литарски 4‑цилиндричен 163PS дизел мотор.
6Само со автоматска трансмисија. Стандард кај F-PACE S и SVR, не е достапно со 2.0-литарски 4‑цилиндричен 163PS дизел мотор.
‡Сите вредности се цели на производителот и се предмет на крајно потврдување пред да се почне со производство. Забележете дека вредностите за CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала, а најниските вредности може да не се постигнат со стандардните тркала.
‡‡Податоците за моторот не се ресертифицирани во 2018. Прикажаните податоци одговараат на сертификацијата од 2017 година.