Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Надворешност

Со својот моќен, агилен изглед и спортскиот карактер, F‑PACE има уникатна појава на патот. Визуелно инспириран од Jaguar F‑TYPE, F‑PACE е перформансен SUV со ДНК на спортски автомобил.

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

F‑PACE е најнов во серијата на прекрасни, возбудливи автомобили. Со своите динамички пропорции, тој ја надградува аеродинамиката и ја унапредува способноста. Аеродинамичниот облик на автомобилот во форма на капка солза е нагласен со закосената линија на покривот, што го комплетира неговиот самоуверен став.

Креирајте свој модел

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

Аеродинамиката на F‑PACE е клучна функција на дизајнот на неговата каросерија и овозможува импресивен коефициент на отпор на воздухот Cd 0.34* . Резултатот кажува дека F‑PACE навистина е така мазен како што изгледа. Крајно усовршената аеродинамика ги намалува потрошувачката на гориво, емисијата на CO2 и бучавата од ветерот, а истовремено ги подобрува стабилноста при големи брзини и самодовербата на возачот.

*Во зависност од моторот.

ПРИЛАГОДЛИВИ ЛЕД ФАРОВИ

Прилагодливите ЛЕД фарови* на F‑PACE коишто имаат светла за дневно возење со карактеристиката на Jaguar - „Ј“ потписот, даваат светлина со интензитет кој е близу до интензитетот на дневната светлина, со што помагаат вашите очи полесно да ги распознаваат предметите, а истовремено и го намалуваат нивниот замор.

*Вградувањето зависи од моделот и пазарот. Во зависност од избраниот модел достапни се ксенон или халогени фарови

ДИНАМИЧКИ ПРОПОРЦИИ

F‑PACE има динамичен изглед од секој агол. Со самоуверен преден дел, импозантна украсна маска и јасни остри рабови коишто смислено потсетуваат на спортската елеганција на F‑TYPE.

СПОРТСКИ ТРКАЛА

СПОРТСКИ ТРКАЛА

F‑PACE нуди голем избор на тркала од легура со аеродинамичен облик и мала тежина, а нуди и широк спектар на димензии на тркалата 18“ - 22“ - извонредно дополнение на динамичниот изглед на F‑PACE. Изберете ги вашите тркала со помош на нашиот конфигуратор.

МОЌНИ ЗАДНИ КРИЛА

Изразените задни крила го надградуваат спортскиот карактер на F‑PACE, инспириран од моделот F‑TYPE, и формираат заводлив заден дел за ЛЕД крајните светла со висок интензитет.