• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ОПРЕМА - ДОДАТОЦИ ЗА JAGUAR F-PACE

Составивме неколку пакети со додатоци за да ги унапредиме способноста, разновидноста и индивидуалноста на вашиот F‑PACE.


Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.


Додатоците од Jaguar ви овозможуваат да го персонализирате вашиот F-PACE по ваш вкус, според вашиот животен стил и да одговара на вашите интереси. Најпопуларните додатоци ги групиравме во четири соодветни пакети: Carbon Fibre, Exterior, Interior и Lifestyle. Погледнете ги, а потоа креирајте свој F-PACE или прегледајте го на интернет нашиот каталог за додатоци за да го видите целиот асортиман.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ

ПАКЕТ CARBON FIBRE

Со овие елегантни стилски надградби го истакнувате спортскиот карактер на F‑PACE.

ПАКЕТОТ CARBON FIBRE ВКЛУЧУВА:

ПАКЕТОТ CARBON FIBRE ВКЛУЧУВА:

Куќишта на ретровизорите и странични отвори за вентилација од оригинални карбонски влакна.

ПАКЕТ STYLING

Овие додатоци суптилно го надградуваат уникатниот изглед на F‑PACE.

ПАКЕТОТ EXTERIOR STYLING ВКЛУЧУВА:

ПАКЕТОТ EXTERIOR STYLING ВКЛУЧУВА:

Странични отвори за вентилација и куќишта на ретровизорите во бојата Gloss Black.

ПАКЕТ LIFESTYLE

Уживајте целосно во спортските активности, авантурите и патувањата додека вашиот F‑PACE е заштитен одвнатре и однадвор.

ПАКЕТОТ LIFESTYLE ВКЛУЧУВА:

ПАКЕТОТ LIFESTYLE ВКЛУЧУВА:

Извлечете повеќе од вашиот F-PACE со овој пакет. Напречните кровни носачи со знакот на Jaguar ви овозможуваат да превезувате сѐ, од спортска опрема до багаж. Предните и задните калници се дополнителна заштита од нечистотија и камчиња. За внатрешноста, гумена подна простирка во багажниот простор и комплет од гумени подни простирки обезбедуват заштита од абење, едноставни се за чистење.

ПАКЕТ INTERIOR

Надградете ја кабината на вашиот F-PACE со овие фино изработени внатрешни додатоци на Jaguar.

ПАКЕТОТ INTERIOR STYLING ВКЛУЧУВА:

ПАКЕТОТ INTERIOR STYLING ВКЛУЧУВА:

За заштита на целата внатрешност и чувство на дополнителен луксуз, овој пакет вклучува првокласна подна простирка во багажниот простор. За дополнително нагласување на елементите за контрола за возачот, лопатките на воланот за менување степени на пренос се направени од анодиран алуминиум со завршна обработка во Satin Chrome.

ПАКЕТ PET

Вашите миленичиња се сместени на мирно и безбедно место со нашите пакети за миленичиња. Преградата по цела висина го чува просторот за патниците за вас, додека издржливата гумена простирка го штити багажниот простор во вашето возило.

Кога го креирате вашиот F‑PACE, можете да го изберете вашиот модел на F‑PACE и да го збогатите со опции и додатоци по ваша желба. А доколку сакате да погледнете повеќе од четирите пакети што сме ви ги предложиле и уште подетално да го персонализирате вашиот F‑PACE, зошто не би го прегледале нашиот целосен интернет каталог?

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ Пронајдете додатоци