Ако патувам сам дали ќе имам свое возило?
Не. Како гостин што патува сам Вие ќе бидете во пар со друг гостин во Вашето возило, но ќе имате своја соба во хотелот за цело време. Погледнете ја нашата секција Ковид-19.
Дали е дозволено деца да се придружат на академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?
Академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover не е погодно место за деца, од безбедносни причини и поради екстремните климатски услови на локацијата.
Каков тип на кревети се на располагање?
Во сите соби нудиме брачни кревети. Единечни или двојни кревети не се достапни.
Дали ми треба виза?
За повеќето земји што не се членки на ЕУ се бара виза за патување во Шведска и ЕУ. Контактирајте го Вашиот локален конзулат за да добиете подетални информации. Доколку треба да приложите покана за патување за да добиете виза, информирајте го за тоа нашиот оперативен партнер Quintessentially Travel којшто ќе Ви обезбеди таква покана:
E-пошта:
iceacademy@quintessentially.com или телефонски:
+44 207 291 5253 (09:00 – 17:30 (GMT)), од понеделник до петок, со исклучок на празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.
Која валута се користи во Шведска?
Локалната валута е шведска круна (SEK).
Со кого можам да контактирам ако ми треба помош за моите летови или за продолжување на моето патување?
Quintessentially Travel, нашиот оперативен партнер, со задоволство ќе Ви помогне околу резервациите за Вашите летови и продолжувањето на Вашето патување. Бидејќи работат како туристичка агенција, нама да им биде никаков проблем да го збогатат Вашето доживување на академијата за возење по мраз. Можете да ги контактирате на следниот начин:
E-пошта:
iceacademy@quintessentially.com или телефонски:
+44 207 291 5253 (09:00 – 17:30 (GMT)), од понеделник до петок, со исклучок на празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.
Дали ќе ми треба посебна облека?
Температурата на локацијата за возење може да падне до -30°C или пониско и затоа Ве молиме да понесете соодветна топла, водонепропусна облека и обувки. Облеката не е обезбедена и затоа им препорачуваме на сите учесници да ги понесат со себе следните делови од облека и обувки:
- Топла капа
- Топли ракавици
- Волнен шал
- Термо долна облека (со долги ракави / долги ногавици)
- Јакна со добра изолација
- Волнен џемпер или волнена јакна
- Дополнителна лесна долна облека според потребата
- Робустни, удобни обувки (погодни за возење)
- Наочари за сонце
Доколку гостите резервираат какви било дополнителни активности (како на пр. возење со моторни санки или санки со кучиња), вклучена е заштитна облека. Проверете ги деталните информации со тимот на Quintessentially Travel при резервацијата.
Дали има кодекс на облекување за вечерните часови?
Кодексот на облекување за вечерните часови налага лежерна облека.
Што се случува ако временските прилики не се идеални за возење по мраз?
Доколку временските прилики доведат до затворање на теренот со мраз од безбедносни причини тогаш ќе се понуди алтернативна програма.
Дали е дозволено да носам фото апарат или видео камера со мене?
Се разбира, но Ве молиме имајте на ум дека академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover се наоѓа на тајниот полигон на Jaguar Land Rover за тестирање во зимски услови, така што има некакви ограничувања за фотографирањето. Не е дозволена употреба на дронови.