Програма ICE DRIVE (возење по мраз)

Искусите ја возбудата од возењето по мраз кога сте зад воланот на најновите возила на Jaguar и Land Rover.

ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
ПРЕДИЗВИКОТ НА ПРОГРАМАТА ICE DRIVE ЧЕКА НА ВАС

Возењето се одвива по специјално подготвени патеки на мраз. Нашите инструктори ќе ги издигнат Вашите вештини за возење на сосема ново ниво, што ќе Ви овозможи да се уверите во способноста на некои од најподготвените возила во светот.

АРАНЖМАН
ПРОГРАМА ICE DRIVE+ (возење по мраз+) (4 ДЕНА)
ПРОГРАМА ICE DRIVE (возење по мраз) (3 ДЕНА)
ДЕН 1
По пристигнувањето имате превоз до хотелот Силверхатен од каде се пружа волшебен поглед кон езерото Хорнаван и околната борова шума. Уживајте во пијалакот и вечерата со останатите гости во програмата.
ДЕН 2
По појадокот и состанокот, се оди на замрзнатото езеро на Вашата прва сесија. Тука забавата вистински почнува бидејќи учите како да одржувате постојан агол на занесување.​
ДЕН 3
Краток утрински состанок и повторно надвор на мразот за да се соочите со нови предизвици. Потоа следи тура на тајниот полигон за тестирање во зимски услови.​
ДЕН 4
По утринскиот состанок ја имате последната шанса да видите колку сте научиле. За последен пат ги минувате патеките што бараат различно управување со контролирано занесување на задниот дел од автомобилот на излезот од секој свиок.​
ДЕН 1
По пристигнувањето имате превоз до хотелот Силверхатен од каде се пружа волшебен поглед кон езерото Хорнаван и околната борова шума. Уживајте во пијалакот и вечерата со останатите гости во програмата.
ДЕН 2
По појадокот и состанокот, се оди на замрзнатото езеро на Вашата прва сесија. Тука забавата вистински почнува бидејќи учите како да одржувате постојан агол на занесување.​
ДЕН 3
Краток утрински состанок и повторно надвор на мразот за да се соочите со нови предизвици. Потоа следи тура на тајниот полигон за тестирање во зимски услови.​
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ

Професионалци со многу големо искуство и посветени на работата. Нашите инструктори се посветени на тоа да го извлечат најдоброто од секое возило и од секој гостин.

ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО ОД ВАШАТА АВАНТУРА
БРЗИ КРУГОВИ
БРЗИ КРУГОВИ

Почувствувајте ја возбудата што ја предизвикуваат нашите Jaguar-и со екстремни перформанси под будното око на нашите инструктори, додека ги совладувате кривините со надуправување при голема брзина и правите пируети долж нашата најсложена патека на мраз.​

ВОЗЕЊЕ ПО СЕВЕРНИОТ ПОЛАРЕН КРУГ
ВОЗЕЊЕ ПО СЕВЕРНИОТ ПОЛАРЕН КРУГ

Искористете ги новостекнатите вештини за контрола на возилото додека го истражувате арктичкото пространство. Сеќавањата на светлината, тишината и панорамата никогаш нема да избледат. ​

СНЕЖНО САФАРИ
СНЕЖНО САФАРИ

Фатете ги елементите за контрола на моќната моторна санка и тргнете на едно возбудливо патување низ снежните пејсажи на Арјеплог.

- Минимум 4 лица
- Обезбедена е промена на облеката и краток безбедносен состанок

ВОЗЕЊЕ СО ХАСКИТЕ
ВОЗЕЊЕ СО ХАСКИТЕ

Заменете ја моќноста на Jaguar Land Rover со моќноста на кучињата хаски и уживајте во возбудата што ја нуди управувањето со санка со кучиња додека ја освојувате снежната дивина.

ЈАКНА ОД АКАДЕМИЈАТА ЗА ВОЗЕЊЕ ПО МРАЗ
ЈАКНА ОД АКАДЕМИЈАТА ЗА ВОЗЕЊЕ ПО МРАЗ

Лесна за носење додека возите, доволно топла да Ве заштити од ветер, дожд и снег. Јакната на академијата за возење по мраз, со знакот на Land Rover на себе, секогаш ќе Ве потсетува на Вашето доживување на Арктикот.​

Достапни се машки и женски броеви. Едноставно, одберете ја потребната количина во образецот за резервација.​

ПОКАНЕТЕ ПРИДРУЖНИК НЕВОЗАЧ

За да го збогатиме доживувањето во нашата програма за возење по мраз Ice Drive, нудиме и пакет плус-еден што овозможува придружник невозач да ужива во бројни дневни активности на Арктикот, во заедничките оброци и да го делите сместувањето.​ ​

За подетални информации во врска со цените и достапноста погледнете на страницата за резервација на Вашата програма за возење по мраз Ice Drive.​

ПРОВЕРЕТЕ ГИ КОМЕНТАРИТЕ ВО НАШАТА КНИГА ЗА ГОСТИ
Погледнете што мислат нашите смели гости за нивното доживување со Jaguar на Академијата за возење по мраз.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА КНИГАТА ЗА ГОСТИ

„Фантастично, од почеток до крај. Живејте го животот до максимум и создавајте нови искуства!“


ГРАХАМ, UK

ЗАКАЖЕТЕ ЈА ПРОГРАМАТА ICE DRIVE ВЕДНАШ
ПРОГРАМА ICE DRIVE+ (возење по мраз+)
Искусете го возењето во екстремни зимски услови со академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover на работ на северниот поларен круг. Неверојатни 3 дена исполнети со возење по нашето замрзнато езеро и снежните патеки каде што ќе ја научите уметноста на совладување кривини со надуправување при голема брзина и целосно ќе го контролирате занесувањето на задниот дел од возилото при излезот од кривините. 4 ноќевања со хотелско сместување, минимум 3 дена возење. ​



ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
ПРОГРАМА ICE DRIVE (возење по мраз)
Искусете го возењето во екстремни зимски услови со академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover на работ на северниот поларен круг. Неверојатен продолжен викенд исполнет со возење по нашето замрзнато езеро и снежните патеки каде што ќе ја научите уметноста на совладување кривини со надуправување при голема брзина и целосно ќе го контролирате занесувањето на задниот дел од возилото при излезот од кривините. 3 ноќевања со хотелско сместување, минимум 2 дена возење.​



ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Програмата се одвива на англиски јазик. Нашите канцеларии се отворени од 09:00 до 17:30 (GMT), од понеделник до петок, со исклучок на празници.
(може да се придодадат трошоците од локалниот оператор)​

Телефон: +44 207 291 5253
E-пошта: iceacademy@quintessentially.com

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА
КОВИД-19

Какви мерки се воспоставени поради Ковид-19?

Кликнете на следната врска за да го погледнете нашиот пристап кон Ковид-19. Обрнете внимание дека владините препораки често се менуваат, постојано ја следиме ситуацијата и одговараме на барањата. Проверувајте често на this link додека се подготвувате за Вашето патување на академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover.

ОПШТО

Кој ја води академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover ја води Quintessentially Travel заедно со Jaguar Land Rover, што ги обезбедува возилата и квалификуваните инструктори за возење на Jaguar Land Rover Experience. Програмата за возење и патеките на мраз се дизајнирани од страна на Jaguar Land Rover, а ќе имате и теренски тим доколку имате некакви барања пред да дојдете или додека сте со нас во Шведска.

На кој јазик се одвива програмата на академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Програмата се одвива на англиски јазик.

Дали можам да учествувам во академијата за возење по мраз како невозач?

Нашите програми се направени да понудат единствено доживување во возењето. Ништо не може да се спореди со возењето по мраз и затоа Ви препорачуваме да се регистрирате како возач. Сепак, знаеме дека некои гости ќе сакаат да ги придружуваат нивните партнери без да учествуваат во програмата за возење по мраз. Ќе се понуди алтернативна програма, но битно е да се забележи дека нема да биде секогаш можно да се исполни целиот ден со активности. Доколку гостите сакаат да гледаат како нивните партнери го совладуваат возењето по мраз тоа може да се изведе од случај до случај, поради капацитетот на локацијата, и не може да се гарантира.

Која е максималната големина на група на секоја програма за experience возење?

За да се обезбеди поексклузивно и поинтересно доживување, а како одговор на Ковид-19, ја ограничивме големината на групата на максимум 20 гости (двајца по возило). Секоја група од 20 учесници ќе се подели на 2 групи од 10 учесници и секоја таква група (со 5 возила) ќе ги исполнува задачите во различно време од денот за да се избегнува групирање на поголем број на лица во исто време.

Дали треба да имам одреден степен на физичка кондиција за да можам да учествувам?

За да учествувате во ова Experience возење треба да сте сигурен дека не знаете за какви било околности што ќе Ве дисквалификуваат од возењето како што се хронични проблеми со грбот (или слични состојби), ментални состојби што можат да влијаат на Вашата способност за возење, слаб вид што не ги исполнува стандардите за возење, бременост, отежнато дишење или проблеми со срцето.

Какви други активности се на располагање?

Тука се опционалните тест возења со брз круг, возењето по северниот поларен круг, санки со кучиња, турите со моторни санки (дополнително се плаќа), што може претходно да се закаже кога го резервирате Вашето учество во академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover. За подетални информации во врска со овие и други понудени активности контактирајте со нашиот оперативен партнер Quintessentially Travel:
E-пошта: iceacademy@quintessentially.com или телефонски: +44 207 291 5253 (09:00 – 17:30 (GMT)), од понеделник до петок, со исклучок на празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.

ЦЕНА

До кога е рокот за пријавување?

Огласите ќе се затвораат 30 дена пред започнување на циклусот.

Дали треба да купам дополнително осигурување за да можам да возам?

Не е потребно дополнително осигурување за возилото, но за гостите е задолжително да купат сеопфатна полиса за патничко осигурување. Доколку имате какви било прашања поврзани со осигурувањето контактирајте го нашиот оперативен партнер Quintessentially Travel:

E-пошта: iceacademy@quintessentially.com или телефонски: +44 207 291 5253 (09:00 – 17:30 (GMT)), од понеделник до петок, со исклучок на празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.

Што е вклучено во цената на академијата за возење по мраз на Jaguar и Land Rover?

Во цената се вклучени:

• Сите активности за возење
• Хотелско сместување (со брачен кревет)
• Појадок, ручек и вечера
• Пијалаци со оброците
• Превоз до/од аеродромот во Арвидсјаур.

Погледнете го Вашиот аранжман за да видите што сè е вклучено во цената. Обрнете внимание дека поради обемното возење што е дел од програмата, алкохолните пијалаци ќе се служат само за време на вечерата и ќе бидат ограничени. Безалкохолните пијалаци, чајот и кафето се служат со секој оброк.

Што не е вклучено во цената за Experience возење?

• Летови, оброци и пијалаци што не се специфицирани во програмата
• Опционални активности (на пример тест возења со брз круг, возење по северниот поларен круг, санки со кучиња и тури со моторни санки)
• Трошоци за виза (ако е потребна)
• Трошоци за патничко осигурување
• Какви било аранжмани пред или по патувањето што отстапуваат од аранжманот на програмата.

ВОЗЕЊЕ

Кој вози?

Вие возите! Таму е присутен тим од инструктори на Jaguar Land Rover Experience што ќе обезбеди стручни совети и обука, но зад воланот сте Вие.

Никогаш порано не сум возел по мраз. Дали сепак можам да учествувам во академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Секако - активностите за возење се осмислени за возачи со секакви способности. Ќе добиете детални упатства за возење, а нашиот тим од инструктори на Jaguar Land Rover Experience ќе Ви биде при рака за да Ви обезбеди стручно водење и совети на мразот преку примопредавателите поставени во секое возило. За напредните програми Advanced строго се препорачува претходно искуство во возење по мраз.

Какви возила ќе возам?

• Програма Ice Drive: • Jaguar F-TYPE R, Jaguar F-PACE, Range Rover Sport

• Програма Ice Drive+: • Jaguar F-TYPE R, Jaguar F-PACE, Range Rover Sport

• Програма Ice Drive Advanced: • Jaguar F-TYPE R, Jaguar F-PACE, Range Rover Sport. Некои сесии ќе бидат со; Jaguar F-TYPE SVR (моделска година 2020) Jaguar F-PACE SVR, Jaguar XE SV Project 8, новиот Land Rover Defender, а тест возењето со брз круг е со Jaguar I-PACE eTrophy

• Програма Ice Drive Advanced +: • Jaguar F-TYPE R, Jaguar F-PACE, Range Rover Sport. Некои сесии ќе бидат со; Jaguar F-TYPE SVR (моделска година 2020) Jaguar F-PACE SVR, Jaguar XE SV Project 8, новиот Land Rover Defender, а тест возењето со брз круг е со Jaguar I-PACE eTrophy

Одвреме-навреме можеби ќе треба да ги измениме или замениме специфицираните возила поради околности што се вон наша контрола и го задржуваме правото да го сториме тоа.

Дали се возилата со рачна или автоматска трансмисија?

Сите возила за оваа програма се со автоматска трансмисија.

Дали се возилата со волан од лева или од десна страна?

Има возила со волан од лева страна и со волан од десна страна. Клиентите коишто не се чувствуваат сигурно да возат со волан на одредена страна на возилото слободно можат да го известат тимот од инструктори за тоа. Тимот од инструктори ќе стори сè што може за да им излезе во пресрет на Вашите барања.

Која е минималната возраст за учество во програмата?

Минималната возраст за учество во програмата е 21 година со важечка возачка дозвола од најмалку 3 години за да се исполнат критериумите за возење по замрзнато езеро. За активностите што вклучуваат возење по јавни патишта (на пр. возење по поларниот круг) возраста за учество во програмата е 25 години со важечка возачка дозвола од најмалку 3 години.

Каков тип на возачка дозвола треба да имам?

Сите возачи мора да имаат важечка возачка дозвола. Ќе добиете веб-линк за он-лајн образец што морате однапред да го пополните за да го потврдите статусот на Вашата возачка дозвола.

Секој возач мора да има најмалку три (3) години непрекинато возачко искуство со важечка возачка дозвола без сериозна сообраќајна незгода или обвинителна пресуда во последните две (2) години. Секој возач мора да биде постар од 25 години, да нема повеќе од 6 негативни бодови на неговата дозвола (каде што се применува тоа) за да му се овозможи да учествува на какви било друмски активности за време на курсот. Морате да нè известите ако имате повеќе од 6 негативни бодови на Вашата возачка дозвола.

Колку луѓе ќe има во едно возило?

Во програмите Ice Drive и Ice Drive+ двајца гости ќе делат едно возило. Во напредните програми Advanced ќе има елементи на обука од типот 1:1 со еден од инструкторите на Jaguar Land Rover. Погледнете ја нашата секција Ковид-19 ако патувате сам.

ПАТУВАЊЕ

Ако патувам сам дали ќе имам свое возило?

Не. Како гостин што патува сам Вие ќе бидете во пар со друг гостин во Вашето возило, но ќе имате своја соба во хотелот за цело време. Погледнете ја нашата секција Ковид-19.

Дали е дозволено деца да се придружат на академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover не е погодно место за деца, од безбедносни причини и поради екстремните климатски услови на локацијата.

Каков тип на кревети се на располагање?

Во сите соби нудиме брачни кревети. Единечни или двојни кревети не се достапни.

Дали ми треба виза?

За повеќето земји што не се членки на ЕУ се бара виза за патување во Шведска и ЕУ. Контактирајте го Вашиот локален конзулат за да добиете подетални информации. Доколку треба да приложите покана за патување за да добиете виза, информирајте го за тоа нашиот оперативен партнер Quintessentially Travel којшто ќе Ви обезбеди таква покана:
E-пошта: iceacademy@quintessentially.com или телефонски: +44 207 291 5253 (09:00 – 17:30 (GMT)), од понеделник до петок, со исклучок на празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.

Која валута се користи во Шведска?

Локалната валута е шведска круна (SEK).

Со кого можам да контактирам ако ми треба помош за моите летови или за продолжување на моето патување?

Quintessentially Travel, нашиот оперативен партнер, со задоволство ќе Ви помогне околу резервациите за Вашите летови и продолжувањето на Вашето патување. Бидејќи работат како туристичка агенција, нама да им биде никаков проблем да го збогатат Вашето доживување на академијата за возење по мраз. Можете да ги контактирате на следниот начин:
E-пошта: iceacademy@quintessentially.com или телефонски: +44 207 291 5253 (09:00 – 17:30 (GMT)), од понеделник до петок, со исклучок на празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.

Дали ќе ми треба посебна облека?

Температурата на локацијата за возење може да падне до -30°C или пониско и затоа Ве молиме да понесете соодветна топла, водонепропусна облека и обувки. Облеката не е обезбедена и затоа им препорачуваме на сите учесници да ги понесат со себе следните делови од облека и обувки:

• Топла капа
• Топли ракавици
• Волнен шал
• Термо долна облека (со долги ракави / долги ногавици)
• Јакна со добра изолација
• Волнен џемпер или волнена јакна
• Дополнителна лесна долна облека според потребата
• Робустни, удобни обувки (погодни за возење)
• Наочари за сонце

Доколку гостите резервираат какви било дополнителни активности (како на пр. возење со моторни санки или санки со кучиња), вклучена е заштитна облека. Проверете ги деталните информации со тимот на Quintessentially Travel при резервацијата.

Дали има кодекс на облекување за вечерните часови?

Кодексот на облекување за вечерните часови налага лежерна облека.

Што се случува ако временските прилики не се идеални за возење по мраз?

Доколку временските прилики доведат до затворање на теренот со мраз од безбедносни причини тогаш ќе се понуди алтернативна програма.

Дали е дозволено да носам фото апарат или видео камера со мене?

Се разбира, но Ве молиме имајте на ум дека академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover се наоѓа на тајниот полигон на Jaguar Land Rover за тестирање во зимски услови, така што има некакви ограничувања за фотографирањето. Не е дозволена употреба на дронови.

ПРОГРАМА ICE DRIVE ADVANCED​

Програмата Ice Drive Advanced (напредна програма за возење по мраз) е наменета за гости што повторно доаѓаат или за оние со претходно искуство во возење по мраз.​

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Разговарајте со член на нашиот стручен тим на +44 207 291 5253
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести од Jaguar Travel
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ја и преземете ја најновата брошура на академијата за возење по мраз
ЗАКАЖЕТЕ ВОЗЕЊЕ СО EXPERIENCE
Закажете термин за Jaguar Experience и уверете се во способностите на Jaguar