ПРОГРАМА ICE DRIVE ADVANCED (НАПРЕДНА ПРОГРАМА ЗА ВОЗЕЊЕ ПО МРАЗ)

ОВАА ПРОГРАМА Е СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАНА ЗА НАШИТЕ ГОСТИ ШТО ПОВТОРНО ДОАЃААТ ИЛИ ЗА ОНИЕ СО ПРЕТХОДНО ИСКУСТВО ВО ВОЗЕЊЕ ПО МРАЗ.

ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
НАЈЖЕСТОК ПРЕДИЗВИК НА МРАЗ ДОСЕГА

Подолго време на патеката, подетални состаноци и обука со инструктор еден-на-еден. Посериозни технички предизвици и подолго време зад воланот на SVR перформансните возила и најновите модели, како што е Jaguar I-PACE.


Во основа, дури и позабавно.

ПРОГРАМА ICE DRIVE ADVANCED+ (4-ДНЕВЕН АРАНЖМАН)
ПРОГРАМА ICE DRIVE ADVANCED (3-ДНЕВЕН АРАНЖМАН)
ДЕН 1
Пристигнување во Арвидсјаур. Превоз со кола до хотелот Силверхатен од каде се пружа волшебен поглед кон езерото Хорнаван и околната борова шума. Уживајте во пијалакот и вечерата со останатите гости во програмата.
ДЕН 2
По раниот состанокот, се оди на мраз на вашата прва утринска сесија. Сега ќе откриете колку сте запомниле од минатата година. Попладнето се минува со перформансни возила.
ДЕН 3
Еден состанок за потсетување и назад на мразот за да ги исполирате вашите вештини возејќи на посложените патеки во перформансните возила, меѓу коишто е и Jaguar I-PACE. Бидете подготвени, нашите инструктори ќе бараат од вас да одите до вашите крајни граници.
ДЕН 4
По утринскиот состанок ја имате последната шанса да видите колку сте напредувале возејќи по различните патеки. Потоа, подгответе се за едно возбудливо и застрашувачко возење во перформансно возило со еден од нашите професионални возачи.
ДЕН 1
Пристигнување во Арвидсјаур. Превоз со кола до хотелот Силверхатен од каде се пружа волшебен поглед кон езерото Хорнаван и околната борова шума. Уживајте во пијалакот и вечерата со останатите гости во програмата.
ДЕН 2
По раниот состанокот, се оди на мраз на вашата прва утринска сесија. Сега ќе откриете колку сте запомниле од минатата година. Попладнето се минува со перформансни возила, меѓу коишто е и Jaguar I-PACE.
ДЕН 3
По состанокот, се оди на обука 1-2-1 со перформансните возила и на едно возбудливо и застрашувачко возење со еден од нашите професионални возачи.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ

Професионалци со многу големо искуство и посветени на работата. Не само што се посветени на тоа да го извлечат најдоброто од нашите возила, нашите инструктори умеат и да го пренесат своето знаење, јасно и детално, за да го извлечат најдоброто и од вас.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО ОД ВАШАТА АВАНТУРА
ВОЗЕЊЕ ПО СЕВЕРНИОТ ПОЛАРЕН КРУГ

Искористете ги вашите новостекнати вештини за возење додека го истражувате арктичкото пространство со стабилните возила на Land Rover. Сеќавањата на светлината, тишината и панорамата никогаш нема да избледат.

ВОЗЕЊЕ СО ХАСКИТЕ

Заменете ги коњските сили со моќноста на кучињата хаски и уживајте во возбудата што ја нуди управувањето со санка со добро истренирани кучиња додека ја освојувате снежната дивина.

СНЕЖНО САФАРИ

Фатете ги елементите за контрола на моќната моторна санка и тргнете на едно возбудливо патување низ боровата шума и снежните пејсажи на Арјеплог.

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА УНИКАТНА АВАНТУРА


РОБЕРТ КАРСОН, АВТОР

ЗАКАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО ДОЖИВУВАЊЕ
ПРОГРАМА ICE DRIVE ADVANCED+
ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
ПРОГРАМА ICE DRIVE ADVANCED
ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

ICE DRIVE
Нашите канцеларии се отворени од 09:00 до 18:00 CET, од понеделник до петок.
(Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор)

Телефон +49 69 460 97 47 47
E-пошта: jlriceacademy@zerotwonine.com

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА
ОПШТО

Кој ја води академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover ја води Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH заедно со Jaguar Land Rover, што ги обезбедува возилата и квалификуваните инструктори за возење на Jaguar Land Rover Experience. Програмата за возење и патеките на мраз се дизајнирани од страна на Jaguar Land Rover, а имате и теренски управител којшто ги надгледува сите аспекти од вашето Experience возење за да осигура дека сè се одвива во најдобар ред.



Кој вози?

Вие возите! Таму е присутен тим од инструктори на Jaguar Land Rover Experience што ќе обезбеди стручни совети и обука, но зад воланот сте вие.



На кој јазик се одвива програмата во академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Програмата се одвива на англиски јазик.



Можам ли да учествувам во академијата за возење по мраз како невозач?

Нашата програма е направена да понуди единствено доживување во возењето. Не сме во можност да обезбедиме забавна алтернативна програма за невозачи поради опкружувањето и локацијата на Experience. Ништо не може да се спореди со возењето по мраз и затоа ви препорачуваме да се регистрирате како возач.



Какви други активности се на располагање?

Тука се опционалните санки со кучиња, турите со моторни санки и возењето по северниот поларен круг (дополнително се плаќа), што може претходно да се закаже кога го резервирате вашето учество во академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover. За подетални информации во врска со овие и други понудени активности обратете се до тимот кога ќе бидете таму или контактирајте ја академијата преку е-пошта jlriceacademy@zerotwonine.com

ЦЕНА

До кога е рокот за пријавување?

Огласите ќе се затвораат 4 седмици пред започнување на циклусот.



Дали треба да купам дополнително осигурување за да можам да возам?

Не е потребно дополнително осигурување за возилото, но за гостите е задолжително да купат сеопфатна полиса за патничко осигурување. Патничкото осигурување може да се купи преку нашата оперативна агенција, Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH.


E-пошта: jlriceacademy@zerotwonine.com или телефонски: +49 69 460 97 47 47 (09:00 – 18:00 (CET), од понеделник до петок, со исклучок на локалните празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор).



Што е вклучено во цената на академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Во цената се вклучени: сите активности за возење, хотелско сместување (со брачен кревет), појадок, ручек и вечера, пијалаци со оброците и аеродромски превоз до/од аеродромот во Арвидсјаур. Погледнете го вашиот аранжман за да видите што сè е вклучено во цената. Обрнете внимание дека поради обемното возење што е дел од програмата, алкохолните пијалаци ќе се служат само за време на вечерата и ќе бидат ограничени. Безалкохолните пијалаци, чајот и кафето се служат со секој оброк.



Што не е вклучено во цената за Experience возење?

Летови, оброци и пијалаци што не се специфицирани во програмата, опционални активности (на пример тури со санка со кучиња и со моторна санка) трошоци за виза (ако е потребна), трошоци за патничко осигурување и какви било аранжмани пред или по патувањето што отстапуваат од аранжманот на програмата.

ВОЗЕЊЕ

Никогаш порано не сум возел по мраз. Дали сепак можам да учествувам во академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Секако - активностите за возење се осмислени за возачи со секакви способности. Ќе добиете детални упатства за возење, а нашиот тим од инструктори на Jaguar Land Rover Experience ќе ви биде при рака за да ви обезбеди стручно водење и совети на мразот преку примопредавателите поставени во секое возило. За напредните програми Advanced строго се препорачува претходно искуство во возење по мраз.



Какви возила ќе возам?

Програма Ice Drive:
F-TYPE V6, F-PACE, Range Rover Sport, Range Rover Velar
Програма Ice Drive+:
F-TYPE V6, F-TYPE V8, F-PACE, Range Rover Sport, Range Rover Velar
Програма Ice Drive Advanced:
F-TYPE V6, F-TYPE V8, F-PACE, I-PACE, Range Rover Sport, Range Rover Velar
Програма Ice Drive Advanced +:
F-TYPE V6, F-TYPE V8, F-TYPE V8 SVR, F-PACE, I-PACE, Range Rover Sport, Range Rover Velar



Одвреме-навреме можеби ќе треба да ги измениме или замениме специфицираните возила поради околности што се вон наша контрола и го задржуваме правото да го сториме тоа.



Дали се возилата со рачна или автоматска трансмисија?

Сите возила за оваа програма се со автоматска трансмисија.



Дали се возилата со волан од лева или од десна страна?

Има возила со волан од лева страна и со волан од десна страна. Клиентите коишто не се чувствуваат сигурно да возат со волан на одредена страна на возилото слободно можат да го известат тимот од инструктори за тоа. Тимот од инструктори ќе стори сè што може за да излезе во пресрет на вашите барања.



Која е минималната возраст за учество во програмата?

Минималната возраст за учество во програмата е 21 година со важечка возачка дозвола од најмалку три години, или 23 години со важечка возачка дозвола од најмалку една година.



Каков тип на возачка дозвола треба да имам?

Сите возачи мора да имаат важечка возачка дозвола. Ако имате возачка дозвола издадена од Обединетото Кралство тогаш ќе добиете веб-линк за он-лајн образец што морате однапред да го пополните за да го потврдите статусот на вашата возачка дозвола. Ако вашата возачка дозвола е издадена надвор од Обединетото Кралство тогаш од вас ќе се бара да пополните изјава за возачка дозвола кога ќе пристигнете. Вашата возачка дозвола треба да биде важечка и морате да ја носите со себе и да ја приложите на денот на настанот.



Секој возач мора да има најмалку три (3) години непрекинато возачко искуство со важечка возачка дозвола без сериозна сообраќајна незгода или обвинителна пресуда во последните две (2) години. Или барем една (1) година непрекинато возачко искуство со важечка возачка дозвола без сериозна сообраќајна незгода или обвинителна пресуда за тоа време, ако возачот има 23 години или повеќе. Ниеден возач не смее да има повеќе од 6 негативни бодови на неговата дозвола (каде што се применува тоа) за да му се овозможи да учествува на какви било друмски активности за време на курсот. Морате да нè известите ако имате повеќе од 6 негативни бодови на вашата возачка дозвола.



Дали треба да имам одреден степен на физичка кондиција за да можам да учествувам?

За да учествувате во ова Experience возење треба да сте сигурен дека не знаете за какви било околности што ќе ве дисквалификуваат од возењето како што се хронични проблеми со грбот (или слични состојби), ментални состојби што можат да влијаат на вашата способност за возење, слаб вид што не ги исполнува стандардите за возење, бременост или проблеми со срцето.



Колку луѓе ќe има во едно возило?

Двајца гости ќе делат едно возило. Во напредните програми Advanced ќе има елементи на обука од типот 1:1.

ПАТУВАЊЕ

Ако патувам сам дали ќе имам свое возило?

Не. Како гостин што патува сам вие ќе бидете во пар со друг гостин во вашето возило, но ќе имате своја соба во хотелот за цело време.



Дали е дозволено деца да се придружат на академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover?

Академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover не е погодно место за деца, од безбедносни причини и поради екстремните климатски услови на локацијата.



Која е максималната големина на групата на секоја програма за Experience возење?

За да се обезбеди поексклузивно и поинтересно доживување максималната големина на групата на академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover е 30 гости (по двајца на возило) и 20 гости за напредните програми Ice Drive Advanced и Advanced +.



Каков тип на кревети се на располагање?

Во сите соби нудиме брачни кревети. Единечни или двојни кревети не се достапни.



Дали ми треба виза?

За повеќето земји што не се членки на ЕУ се бара виза за патување во Шведска и ЕУ. Контактирајте го вашиот локален конзулат за да добиете подетални информации. Доколку треба да приложите покана за патување за да добиете виза, информирајте ја за тоа агенцијата Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH којашто ќе ви обезбеди таква покана.



Која валута се користи во Шведска?

Локалната валута е шведска круна (SEK).



Со кого можам да контактирам ако ми треба помош за резервирање летови или за патничко осигурување?

Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH, нашиот оперативен партнер, со задоволство ќе ви помогне околу резервациите за вашите летови и патничкото осигурување. Можете да ги контактирате на следниве начини: E-пошта: jlriceacademy@zerotwonine.com или телефонски: +49 69 460 97 47 47 (09:00 – 18:00 (CET), од понеделник до петок. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор).



Дали ќе ми треба посебна облека?

Температурата на локацијата за возење може да падне до -30°C или пониско и затоа ве молиме да носите со вас соодветна топла, водонепропусна облека и обувки. Облеката не е обезбедена и затоа им препорачуваме на сите учесници да ги носат со себе следните делови од облека и обувки:


• Топла капа
• Топли ракавици
• Волнен шал
• Термо долна облека (со долги ракави / долги ногавици)
• Јакна со добра изолација
• Волнен џемпер или волнена јакна
• Дополнителна лесна долна облека според потребата
• Робустни, удобни обувки (погодни за возење)



Дали има кодекс на облекување за вечерните часови?

Кодексот на облекување за вечерните часови налага лежерна облека.



Што се случува ако временските прилики не се идеални за возење по мраз?

Доколку временските прилики доведат до затворање на теренот со мраз од безбедносни причини тогаш ќе се понуди алтернативна програма.



Дали е дозволено да носам фото апарат или видео камера со мене?

Се разбира, но ве молиме имајте на ум дека академијата за возење по мраз на Jaguar Land Rover се наоѓа на тајниот полигон на Jaguar Land Rover за тестирање во зимски услови, така што има некакви ограничувања за фотографирањето. Не е дозволена употреба на дронови.

ПРОГРАМА ICE DRIVE (ВОЗЕЊЕ ПО МРАЗ)

ИСКУСИТЕ ЈА ВОЗБУДАТА ОД ВОЗЕЊЕТО ПО МРАЗ КОГА СТЕ ЗАД ВОЛАНОТ НА НАЈНОВИТЕ ВОЗИЛА НА JAGUAR И LAND ROVER.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашето совршено возило
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Бидете секогаш во тек со новитетите за програмата Патувачка авантура
Url