СОЗДАВАЊЕ ЕНЕРГИЈА

Со споделување на искуствата и знаењето стекнато во трките, правиме големи чекори кон иднината на нашите друмски автомобили. Иновативната технологија за кочење во нашиот тркачки автомобил I-TYPE ни помага да создадеме уште поголема моќност од батериите во нашиот прв електричен идеен автомобил.

Дали знаете дека возилото Panasonic Jaguar Racing Formula E во текот на само една трка може да собере доволно енергија преку паметно кочење за да ја зголеми својата автономија до 15%? Како? Со користење на најновата технологија за регенеративно кочење, којашто е дел и од електричниот друмски автомобил I‑PACE Concept.



Во обично возило со мотор со внатрешно согорување, автомобилот ја намалува брзината преку конвенционални кочници со триење кај коишто плочките притискаат на дисковите. Кинетичката енергија на возилото се претвора во топлинска енергија што потоа се губи. Меѓутоа, кај електричното возило напојувано преку батерија (BEV), електромоторот може да ја претвори таа кинетичка енергија во електрична енергија за да ги полни батериите и на тој начин ја зголемува километражата што можете да ја изминете со едно полнење.

Во Формула Е, должината на трката е иста за секој натпреварувач, а количеството на енергијата што е дозволено за да се заврши трката е исто така одредено, 56 киловат-часови. Значи придобивките од регенеративното кочење во трка се претворуваат во дополнителни перформанси и потенцијално побрзи времиња по обиколка. Интензитетот на електричното тркање навистина ги тестира деловите на возилото до крајните граници – како и нивните инженери – а бидејќи Jaguar е вклучен во развојот и на електрични тркачки автомобили и на електрични друмски автомобили, придобивките ќе бидат обострани.

yt:XqmDUEb4trM
Jaguar I‑PACE Concept | Создавање енергија

„Формула Е е возбудлива и предизвикувачка средина за еден инженер. Можеме да ги користиме лекциите што ги учиме и развојот што го правиме во електричните компоненти за да ги внесеме директно во нашите производни погони за новото пространство од електрични возила на Jaguar“.
Ричард Девенпорт - Директор на одделението за истражување, Формула Е технологија

Со искусување на регенеративното кочење во новото електрично возило на Jaguar веројатно ќе се смени и вашиот стил на возење. Возење со „еден педал“ – во поголем дел од времето се користи само педалот за гас – ќе стане многу практично откако возачот ќе стане свесен за динамиката на електричното возило.

Покрај овие големи технолошки промени, иновативниот I‑PACE Concept и понатаму е Jaguar.

„Тоа е електрично возило, но пред сè тоа е Jaguar, така што мора навистина да се држи до карактеристиките коишто нашите клиенти ги знаат и ги сакаат во сите нивни возила од Jaguar. Јасно е дека автомобилот мора да има неверојатен дизајн, како за внатрешноста така и за надворешноста. Треба да биде комфорен и префинет, но во исто време тој треба да понуди возбудлива и стимулирачка динамика на возење. Тоа се карактеристиките што I‑PACE Concept ќе ги донесе до целосно нов тип на клиенти“.
Ијан Хобан - директор за возила, Jaguar

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
I‑PACE CONCEPT
Впечатлив поглед на нашиот прв електричен сериски автомобил што се напојува преку батерија. Автомобил со погон на сите тркала AWD, моќност од 400PS, 5 седишта, со автономија од преку 500km (310 миљи).
ИСТРАЖЕТЕ ГО I‑PACE CONCEPT
JAGUAR RACING
Натпреварувањето на патеката во светскиот шампионат на ФИА во Формула Е ни обезбедува реална, брза пробна патека за тестирање и усовршување на технологиите за електричен автомобил.
ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR RACING
I‑PACE CONCEPT: <br> ОД ТРКА НА ДРУМ
Го истражуваме патувањето од тркачкиот автомобил I‑TYPE Formula E до I‑PACE Concept. Откријте го првиот целосно електричен друмски автомобил на Jaguar.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ ОД ТРКА НА ДРУМ