Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ЦЕЛОСНО НОВИОТ E‑PACE

Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 124* со рачен менувач
Од 147 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,7 со рачен менувач
Од 5,6 со автоматска трансмисија
 
*Кога се вградени 17"-ни тркала од легура.

Со кокпит фокусиран кон возачот, сместен во срцето на внатрешноста ориентирана кон фамилијарните каратеристики, целосно новиот E‑PACE го спојува возбудливото доживување од возењето на Jaguar со секојдневната практичност и простор за складирање во внатрешноста којшто е водечки во класата. Досега немало компактен СУВ како овој.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Play

РОДЕН ЗА ДА ГИ ВОЗБУДУВА СЕТИЛАТА

Возбудливо, инстинктивно возење е во ДНК на секој Jaguar. Запознајте го целосно новиот E‑PACE, компактниот СУВ со рикот на Jaguar.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

ПАЛЕТАТА МОДЕЛИ НА E‑PACE

Возбудливото возење, современата мајсторска изработка и секојдневната практичност се стандард. Оттаму, кој член од семејството E‑PACE ќе го изберете?

Play

МЕСТО ЗА СЀ

E‑PACE има простор за складирање во внатрешноста којшто е водечки во класата. Длабоката централна конзола со држач за чаши што може да се отстрани, обезбедува високофлексибилен простор. Големата касета пред совозачот е одлично место за сите битни работи што сакате да ви бидат при рака, а длабокиот простор за одлагање предмети во двете предни врати е извајан за да се грижи за мноштво ситници.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПРАКТИЧНОСТА И БЕЗБЕДНОСТА

ИЗГЛЕД ПО КОЈ СИТЕ СЕ ВРТАТ

Со својата извајана хауба и мускулест заден дел, E‑PACE е динамичен и агилен SUV со линии на coupé. За впечатливо присуство на патот, E‑PACE поседува елегантни предни LED светла и LED светлосен потпис назад. За поголема безбедност со стил, изберете Matrix LED предни светла со дневни светла и инспиративни трепкачи.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТ

КОКПИТ СО ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

Внатрешноста на E‑PACE со фокус кон возачот се карактеризира со висококвалитетни материјали и современ дизајн. Кокпитот се обмотува околу возачот, поставувајќи ги сите елементи за контрола и копчиња на дофат на раката, така што можете да се концентрирате на возбудата од возењето.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА
Play

ДОЖИВУВАЊЕ ВО ВОЗЕЊЕТО

Откријте ја возбудата што ја носи возењето на E‑PACE. Нудејќи единствен баланс помеѓу агилноста и комфорот во возењето, системот со целосно независно потпирање има софистициран дизајн на задното потпирање од типот multi-link. Напредните технологии за возење вклучувајќи ги Активен погон и Прилагодлива динамика обезбедуваат дека E‑PACE нуди агилно, контролирано возење.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ ЗА ВОЗЕЊЕ

Прикажаниот модел е E‑PACE First Edition. Интерактивниот возачки дисплеј од 12.3” не е располагање кај овој модел. Дел од прикажаната опрема може да не е на располагање кај сите пазари и мотори. Ве молиме, за дополнителни информации консултирајте го локалниот дилер на Jaguar.

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Дизајнирана за да го направи возењето побезбедно и со поголемо уживање, најсовремената технологија на E‑PACE го вклучува нашиот систем за информации и забава Touch Pro којшто се карактеризира со 10”-ен екран на допир во стилот на таблет.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО АВТОМОБИЛ
E‑PACE ЗНАЧИ БИЗНИС

E‑PACE ЗНАЧИ БИЗНИС

Како прв компактен СУВ на Jaguar, новиот E‑PACE ги комбинира впечатливата појава на патот со пространата практичност - фантастична комбинација за бизнис возачите. Додадете ги на тоа палетата од ефикасни Ingenium мотори и светски познатата перформансна технологија за да можете успешно да се справувате со сите услови со што добивате неодолив избор за вашиот возен парк.

E‑PACE

Агилна управливост, добар изглед којшто ги привлекува погледите и исклучителна практичност - тоа е суштината на E‑PACE. Меѓу останатите карактеристики се надворешното целосно ЛЕД осветлување, најсовремените системи за помош на возачот и екранот на допир од 10” којшто овозможува богато аудио-визуелно доживување.

E‑PACE S

E‑PACE S ја збогатува внатрешноста со прекрасно изработени декоративни површини од зрнеста кожа. Напредната технологија го вклучува системот Connect Pro, којшто се карактеризира со функциите 4G Wi-Fi хот-спот и Navigation Pro, со што ви се овозможува да ги зачувате вашите омилени места и да ги користите гестикулациите со штипнување и зумирање за едноставно истражување на мапата. Пакетот Park се грижи за безбедноста и сигурноста на маневрите при паркирање.

E‑PACE SE

Иновативна комбинација од префинетост, функционалност и напредна технологија. E‑PACE SE доаѓа со предни седишта со мемориска функција со прилагодување во 14 насоки, крајна врата со електромоторен погон и врвниот звучен систем Meridian. За да го направи секое ваше патување дури и побезбедно, порелаксирано и со поголемо уживање, E‑PACE SE го вклучува и пакетот Drive.

E‑PACE HSE

Врвниот израз на E‑PACE - седишта од Windsor кожа со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција за возачот и совозачот, функциите Влегување без клуч и Крајна врата активирана со гестикулација. Интерактивниот дисплеј за возачот од 12.3” обезбедува јасна и остра графика со глатки движења.

E‑PACE R-DYNAMIC

Агилна управливост, добар изглед којшто ги привлекува погледите и исклучителна практичност - тоа е суштината на E‑PACE. Меѓу останатите карактеристики се надворешното целосно ЛЕД осветлување, најсовремените системи за помош на возачот и екранот на допир од 10” којшто овозможува богато аудио-визуелно доживување.

E‑PACE R-DYNAMIC S

E‑PACE S ја збогатува внатрешноста со прекрасно изработени декоративни површини од зрнеста кожа. Напредната технологија го вклучува системот Connect Pro, којшто се карактеризира со функциите 4G Wi-Fi хот-спот и Navigation Pro, со што ви се овозможува да ги зачувате вашите омилени места и да ги користите гестикулациите со штипнување и зумирање за едноставно истражување на мапата. Пакетот Park се грижи за безбедноста и сигурноста на маневрите при паркирање.

E‑PACE R-Dynamic SE

Иновативна комбинација од префинетост, функционалност и напредна технологија. E‑PACE SE доаѓа со предни седишта со мемориска функција со прилагодување во 14 насоки, крајна врата со електромоторен погон и врвниот звучен систем Meridian. За да го направи секое ваше патување дури и побезбедно, порелаксирано и со поголемо уживање, E‑PACE SE го вклучува и пакетот Drive.

E‑PACE R-DYNAMIC HSE

Врвниот израз на E‑PACE - седишта од Windsor кожа со прилагодување во 18 насоки со мемориска функција за возачот и совозачот, функциите Влегување без клуч и Крајна врата активирана со гестикулација. Интерактивниот дисплеј за возачот од 12.3” обезбедува јасна и остра графика со глатки движења.

E‑PACE First Edition

Достапен само за првата моделска година, First Edition во себе содржи ексклузивни дизајнерски детали вклучувајќи ги 20”-ните „Style 6014“ тркала од легура со двојни краци во бојата Satin Grey обработени со дијамант и уникатната внатрешност од Windsor кожа во бојата Ebony со двојно порабување во контрастната боја Flame Red.