• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

E-PACE R-DYNAMIC

Храбар и самоуверен, со непогрешлив спортски стил и како однадвор така и внатре.

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 141 со рачен менувач
Од 159 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 5.3 со рачен менувач
Од 6.0 со автоматска трансмисија

Уникатните предни одбојници, завршната обработка во бојата Gloss Black за предната украсна маска и декоративните детали за надворешноста во бојата Satin Chrome додаваат уште повеќе вкус. Во внатрешноста, лопатките за менување степени на пренос* значат дека не мора да ги тргате рацете од воланот за да смените степен на пренос, а седиштата со спортски контури се карактеризираат со поголеми странични потпирачи. Двојното порабување дава трајност, а конците во контрастни бои го збогатуваат спортскиот стил на внатрешноста.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА Креирајте свој модел

НАПРЕД

НАЗАД

ВНАТРЕШНОСТ

СТАНДАРДНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА E‑PACE R-DYNAMIC

17"-ни „Style 1005“ тркала од легура со 10 краци

ЛЕД фарови

Ретровизори на вратите со греење

Предни седишта од мебел-штоф со порабување во контрастна боја, прилагодување во 8 насоки

Touch Pro 10"-ен екран

Системи: Итно кочење, Задна камера, Контрола на патна брзина и Ограничувач на брзината, Помош за задржување во коловозна лента, Набљудување на состојбата на возачот, Елемент за помош при паркирање напред и назад.

18"-ни „Style 5048“ тркала од легура со 9 краци

ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис

Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со приодни светла

Предни седишта од зрнеста кожа со порабување во контрастна боја, прилагодување во 10 насоки

Touch Pro 10"-ен екран, Connect Pro, Navigation Pro и InControl Apps

Освен со стандардните напредни системи за помош на возачот, E‑PACE S доаѓа и со системите Препознавање сообраќаен знак, Прилагодлив ограничувач на брзината

19"-ни „Style 5049“ тркала од легура со 10 краци

ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис и системот Помош за автоматско долго светло на фаровите

Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со меморија и приодни светла

Предни седишта од зрнеста кожа со прилагодување во 14 насоки со мемориска функција

Touch Pro 10"-ен екран, Connect Pro, InControl Apps и Navigation Pro. Се карактеризира и со врвниот аудио систем MeridianTM

Освен со стандардните InControl системи за помош на возачот, E‑PACE SE доаѓа и со системот Препознавање сообраќаен знак со Прилагодлив ограничувач на брзината и пакетот Park. Пакетот Park ги вклучува системите 360° помош при паркирање, Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање.

20"-ни тркала од легура „Style 5051“ со 5 двојни краци во бојата Satin Grey обработени со дијамант

ЛЕД фарови со светла за дневно возење со препознатлив потпис и системот Помош за автоматско долго светло на фаровите

Ретровизори на вратите со автоматско придушување, електромоторно затворање, греење и со меморија и приодни светла

Седишта од перфорирана Windsor кожа со порабување во контрастна боја, прилагодување во 18 насоки со мемориска функција

Touch Pro 10"-ен екран, Connect Pro, InControl Apps и Navigation Pro. Се карактеризира и со врвниот аудио систем MeridianTM и системот Интерактивен дисплеј за возачот

Освен со стандардните InControl системи за помош на возачот, E‑PACE R-Dynamic HSE доаѓа и со системите Препознавање сообраќаен знак со Прилагодлив ограничувач на брзината, пакет Park и пакет Drive. Во пакетот Park се вклучени системите 360° Помош при паркирање, Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање. Во пакетот Drive се вклучени системите Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош при возење во колона, Итно кочење при големи брзини и Помош за мртов агол.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Play

СПЕЦИФИКАЦИИ НА МОТОРИТЕ

На избор имате шест Ingenium мотори — три дизел мотори и три бензински мотори. Сите ја имаат технологијата Stop/Start, се карактеризираат со алуминиумска конструкција со мала тежина, пониска емисија на издувни гасови, подобра потрошувачка на гориво и беспрекорна моќност.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

КОНФИГУРАТОР

Изберете еден од трите пакети со различни спецификации, а потоа додадете ја вашата совршена комбинација од пакети, опции и додатоци.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ОПЦИИ И JAGUAR ОПРЕМА

Персонализирајте го вашиот E‑PACE дури и повеќе додавајќи му стил, практичност и разновидност со официјалните опции и Jaguar опрема од вашиот локален продавач на Jaguar.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОПЦИИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ
* Само со автоматска трансмисија.
Сите вредности се цели на производителот и се предмет на крајно потврдување пред да се почне со производство. Забележете дека вредностите за CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала, а најниските вредности може да не се постигнат со стандардните тркала.