• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ПРАКТИЧНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Каде и да треба да одите, што и да треба да понесете со себе, E‑PACE е дизајниран да ве превезе вас и вашите сопатници на едноставен начин, комфорно - и што е најважно, безбедно.

За да се добие оптимална безбедност, E‑PACE е проектиран да вклучи пакет од карактеристики не само за да ве заштитат вас со сопатниците, туку и активно да се грижат за спречување на сообраќајните незгоди. Многу повеќе од збирот на нивните делови, системите за помош на возачот кај E‑PACE работат заедно за да го направат возењето поедноставно и побезбедно.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Play

КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ

Со опционалниот Клуч за актирање можете да уживате во вашите омилени активности, а клучот за автомобилот да го чувате во автомобилот на сигурно. За дополнителна удобност, Клучот за активирање можете да го ставите како алка на вашиот зглоб на раката. Алката е робусна и потполно водоотпорна, овозможувајќи ви да учествувате во многубројни активности. Едноставно допрете го вашиот Клуч за активирање на крајната врата за да го заклучите или отклучите автомобилот и да ја деактивирате или повторно да ја активирате конвенционалната клуч картичка.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА1

Опционалната крајна врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација му овозможува на возачот да ракува со крајната врата од тротоарот, без да има потреба физички да го допре возилото или клуч картичката. Едноставно, поставете го вашето стапало под еден од задните агли на автомобилот и крајната врата се отвора или се затвора.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ПОНЕСЕТЕ ГО СВОЈОТ СВЕТ СО ВАС

Големите предмети можат лесно да се сместат во багажниот простор со максимална ширина до 1,3 метри - што на E‑PACE му овозможува со леснотија да пренесува спуштена детска количка. Со багажен простор со капацитет до 441 литри, можете многу лесно да сместите два куфера со средна големина и три куфери со големина на рачен багаж.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

ИТНО КОЧЕЊЕ

Ако се забележи потенцијален судар, E‑PACE дава звучно предупредување за челен судар. Следат визуелни предупредувања. Ако возачот не преземе никакво дејство, системот го активира кочењето за да се намали силината на можниот судар. Овој систем вклучува и сензори за пешаци.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА

Системот Помош за задржување во коловозна лента забележува кога возилото ненамерно излегува од коловозната лента и врши корективно дејство со воланот со што ви укажува да го вратите вашето возило назад во неговата коловозна лента.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ

Забележува ако сте почнале да се чувствувате поспан и ви дава рано предупредување кога треба да направите пауза и да се одморите.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ



КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА



Системот Контрола на патна брзина ви овозможува да ја одржувате тековната брзина на возилото без да има потреба за постојана употреба на педалот за гас – се грижи за намалување на заморот. Системот Ограничувач на брзината ви овозможува претходно да ја поставите максимално одредената брзина којашто возилото нема да ја надмине.

ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАПРЕД И НАЗАД


Го прават маневрирањето поедноставно и побезбедно – сензорите поставени во предниот и задниот одбојник се активираат кога ќе изберете степен на пренос за òд наназад. Како што се паркирате, дисплејот на екранот на допир и звучниот сигнал ви укажуваат колку сте блиску до пречките.

360° СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА2

Обезбедува поглед од 360° на надворешноста и го прикажува на екранот на допир, ви помага при разни маневрирања од паркирање крај рабник, до влегување и излегување од тесни премини и раскрсници.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ

Опционалните Матрикс ЛЕД фарови ги овозможуваат системите Помош за интелигентно долго светло (IHBA) и Прилагодливо предно осветлување (AFL). Преку делење на главниот сноп во невидливи ленти, системот IHBA го максимира бројот на секции на долго светло околу сообраќајот што доаѓа од спротивна насока за да се добие врвна видливост, додека во исто време формира сенка пред возилата што се движат од спротивната насока за да го спречи заслепувањето и за оптимална безбедност. Анимираните трепкачи за правец се грижат да се намали времето што е потребно другите учесници во сообраќајот да ја забележат вашата планирана насока на движење.

ВОЗДУШНО ПЕРНИЧЕ ЗА ПЕШАЦИ<sup>3</sup>

ВОЗДУШНО ПЕРНИЧЕ ЗА ПЕШАЦИ3

Во случај на судар сензорите во одбојникот го активираат воздушното перниче скриено под хаубата. Ова ја отвора хаубата, го активира надворешното воздушно перниче за да ги заштити пешаците или велосипедистите од контакт со ветробранското стакло.

ПАКЕТИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ВО КОЛОНА

Ако возилото пред вас ја намалува брзината, тогаш системот Прилагодлива контрола на патна брзина автоматски ја намалува брзината на E‑PACE за да одржува безбедно растојание. E‑PACE продожува со својата претходно поставена брзина штом патот пред него е слободен. Ако автомобилот пред вас потполно застане, тогаш функцијата Помош при возење во колона полека ќе го сопре E‑PACE во место. Откако сообраќајот ќе почне да се движи, допрете го педалот за гас и E‑PACE повторно ќе го следи автомобилот пред него.

ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ

Системот Помош за мртов агол ве известува за возилата што се во или што брзо приоѓаат до вашиот мртов агол. Ако го вклучите трепкачот за правец во насока на пречката, тогаш предупредувачката сијаличка ќе трепка за да ја нагласи потенцијалната опасност. Ако вашето возило забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога ќе почнете да менувате коловозна лента, системот безбедно ќе го оддалечи вашиот автомобил од возилото што приоѓа.

ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА

Забележува кога може да се појави ситуација за потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, автомобилот ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар.

НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС

Системот Набљудување на сообраќајот зад вас особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место. Системот ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни на вашето возило. Ќе ве извести со звучно и со визуелно предупредување така што знаете што има зад вас, дури и кога погледот ви е попречен.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Системот Помош при паркирање ги прави паралелното и паркирањето под прав агол наједноставни досега преку управување на вашето возило во погоден простор. Вие треба само да изберете соодветен степен на пренос и да ја контролирате брзината на возилото со помош на педалите за кочници и гас. Овој систем и ќе ве изнесе од паркинг простор, отстранувајќи го целиот стрес од паркирањето. Низ потребните маневри ќе ве водат графики и известувања.

360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Нашиот систем 360° Помош при паркирање ви дава целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Сензорите што се поставени околу возилото автоматски се активираат кога ќе се избере степен на пренос за òд наназад (Reverse), или можат да се активираат рачно, а на екранот на допир се појавува графика којашто го прикажува погледот од горе на автомобилот. Како што се паркирате, екранот на допир и аудио системот ви обезбедуваат повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките.

Првиот компактен СУВ на Jaguar е уникатна комбинација на впечатлива појава, агилност и динамично возење. Креирајте го својот совршен E‑PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
1 Стандард кај пакетот со спецификации HSE. Достапно само кога е вграден опционалниот систем Влегување без клуч. 
2 Достапно само кога се вградени опционалните ретровизори на вратите со автоматско придушување и електромоторно затворање. 
3 Во зависност од пазарот. 
4 Вклучено во пакетот со спецификации HSE или опционално. Достапно само кога се вградени опционалните ретровизори на вратите со автоматско придушување и електромоторно затворање. Само со автоматска трансмисија. 
5 Вклучено во пакетите со спецификации SE и HSE или опционално. 

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време