• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Со унапредена динамика на возење и префинетост, секое патување во E‑PACE претставува задоволство.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

Урамнотежен и со брза реакција во свиоците, E‑PACE брзо и прецизно одговара на вашите команди за возење.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Play

ВОЗЕЊЕ И УПРАВЛИВОСТ НА JAGUAR

Шасијата на E‑PACE е развиена за да се добие агилна и префинета друмска динамика. Алуминиумските компоненти на шасијата се користат за да се унапреди потпирањето преку зголемување на крутоста. За да се подобри комфорот во возењето E‑PACE има систем со целосно независно потпирање со дизајн на задното потпирање од типот multi-link.


Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

За перформанси во разни услови, системот Погон на сите тркала (AWD) интелигентно ја контролира распределбата на вртежниот момент помеѓу предната и задната оска. Погонскиот вртежен момент се балансира меѓу двете оски за целосно искористување на расположивата тракција од сите четири тркала.

АКТИВЕН ПОГОН 1

За зголемена агилност, системот Активен погон ја оптимизира тракцијата и обезбедува управливост со карактеристики на погон на задните тркала. Системот овозможува до 100 проценти од погонскиот вртежен момент на задната оска да се распредели до кое било задно тркало во согласност со расположивиот зафат на тркалата со подлогата.

Прикажан е моделот E-PACE S во бојата Borasco Grey. Некои опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од погонската единица. Контактирајте го вашиот локален продавач на Jaguar за да добиете подетални информации.

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА2

Системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC) се грижи да добиете зголемена самодоверба во лизгави услови. Системот работи како контрола на мала патна брзина што се грижи E‑PACE да се справи со ситуации со мала тракција, без оглед на временските услови - овозможувајќи ви да се концентирате на управувањето.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

МОТОР И ТРАНСМИСИИ

Од моќност и вистинско задоволство во возењето до економичност и префинетост, тука е палетата од Ingenium мотори достапни за Jaguar E‑PACE. Автоматската трансмисија со 9 степени на пренос, којашто се одликува со брза и глатка работа, обезбедува секогаш да бидете во оптималниот степен на пренос максимирајќи ја ефикасноста на горивото и забрзувањето. За уште поголемо учество на возачот и намалена потрошувачка на гориво, изберете ја рачната трансмисија со 6 степени на пренос.

ФАМИЛИЈАТА INGENIUM

ФАМИЛИЈАТА INGENIUM

Нашите мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start* и паметно регенеративно полнење – собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот – за максимална економичност, особено во градското возење.

*Во зависност од пазарот

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Ingenium бензинските мотори на E‑PACE ги користат најсовремените иновации, како што е системот Постојано променлив òд на вшумукавчките вентили (Continuous Inlet Variable Valve Lift), за да се надградат перформансите во секој аспект, да се намали потрошувачката на гориво и се грижи за намалувањето на емисијата на CO2.

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

За глатки секојдневни перформанси, алуминиумските Ingenium дизел мотори со мал коефициент на триење на E‑PACE се карактеризираат со технологија на турбо полнач за голем вртежен момент низ целото подрачје на бројот на вртежи и брза реакција што е постојана, прогресивна и ја намалува турбо дупката.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА3

За да се унапредат префинетоста и комфорот или перформансите на автомобилот, опционалната функција Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да го персонализирате мапирањето на гаста, моментите на менување степени на пренос, поставките за управувањето и потпирањето на E‑PACE за да одговараат на вашите потреби во возењето.

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА4

Опционалниот систем Прилагодлива динамика нуди прецизна динамика и еластично возење преку набљудување на позицијата на тркалата и движењата на каросеријата. Амортизерите со електронска контрола се прилагодуваат за да се оптимизираат поставките на потпирањето и да се обезбеди оптималната рамнотежа помеѓу комфорот, префинетоста и агилноста за цело време.

JAGUARDRIVE CONTROL

За персонализирано доживување во возењето, системот JaguarDrive Control ви овозможува да го изберете режимот Normal (нормален режим), Eco (економичен режим), Dynamic (динамичен режим) или Winter (зимски режим) – секој од нив суптилно ги менува управувањето и мапирањето на гаста. 

РАЧНА ИЛИ АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Автоматската трансмисија со 9 степени на пренос на E‑PACE се одликува со брза реакција, глатка и ефикасна работа - обезбедува брзо менување степени на пренос за да се добие беспрекорно забрзување. За уште поголемо учество на возачот и намалена потрошувачка на гориво, високонапредниот рачен менувач, со мала тежина, со 6 степени на пренос нуди глатки, кратки менувања на степените на пренос.

Првиот компактен СУВ на Jaguar е уникатна комбинација на впечатлива појава, агилност и динамично возење. Креирајте го својот совршен E‑PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
1 Достапно само со моторите D240 и P300. 
2 Само со автоматска трансмисија. 
3 Не е достапно со D150 или рачна трансмисија. 
4 Не е достапно со D150, рачна трансмисија или со 17"-ни тркала од легура.