F‑TYPE SVR CONVERTIBLE

Со засилен мотор со моќност од 575PS, F‑TYPE SVR е проектиран за чиста моќност, возбуда и за постигнување на максимална брзина од 314km/h.

МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ
575PS
 
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД
3,7 секунди 0-100km/h
 
МАКСИМАЛНА БРЗИНА
314km/h

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Jaguar
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url

Нашиот оддел Special Vehicle Operations (SVO) создава автомобили што се врвен израз на Jaguar: чудесни перформанси, исклучителен луксуз и најсовремена технологија. Последната креација што доаѓа од модерниот технички центар на SVO е F‑TYPE SVR – нашиот најмоќен F‑TYPE досега.

Завојниот супер полнач со два ротора на 5.0-литарската V8 погонска единица го елиминира отпорот на воздухот и на автомобилот му дава извонредни перформанси на секаков број на вртежи на моторот. Фатете се добро – ќе ве однесе од 0 до 100km/h за само 3,7 секунди и до максимална брзина од 314km/h*.

* Кога ќе се замени аеродинамичното крилце од карбонски влакна за F‑TYPE SVR со стандардниот заден спојлер на отворање кај F‑TYPE, максималната брзина на F‑TYPE SVR Coupé паѓа на 300km/h.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО COUPÉ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ЗНАЧАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МОДЕЛОТ
СЕКОЈ ДЕТАЉ Е ВАЖЕН
Откријте го врвниот F‑TYPE. SVR е полесен и побрз — со реконфигурираната аеродинамика којашто го засилува зафатот на тркалата со подлогата и технологијата Погон на сите тркала на Jaguar се осигурува максимална тракција за цело време. Секој милиметар е оптимизиран за живи тркачки перформанси што е карактеристика на вистинскиот Jaguar.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.
Погледнете го видеото
yt:_5pnXq3zLLI
СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА
Прошиените седишта Performance нудат комфор, поддршка и ултрамодерна завршна обработка што создава чувство на максимален луксуз.
ТЕХНОЛОГИИ ЗА МАЛА ТЕЖИНА
Тежината е непријател на перформансите, така што ние го дизајниравме F‑TYPE SVR да биде што е можно „послаб“. Секој грам има своја намена. Неговиот издувен систем со мала тежина од титан и Inconel® заштедува 16kg, додека впечатливите ковани тркала од легура даваат вкупно 13,8kg заштеда во тежината. Секој редизајниран зглоб на задното потпирање „симнува“ 0,6kg тежина во споредба со конвенционалните зглобови, а опционалните карбонско-керамички кочници, предните со димензија од 398mm, а задните со димензија од 380mm, ја намалуваат тежината за 21kg во споредба со некерамичките алтернативи. Секој заштеден милиграм на F‑TYPE SVR му дава поголемо забрзување, поагилна управливост и поостро кочење – за незаборавно доживување во возењето.
АЕРОДИНАМИКА
Аеродинамичното крило на SVR е составен дел на надградените перформанси осигурувајќи и помал отпор на воздухот и поголема сила на притискање. Крилото е пошироко и поиздигнато, овозможувајќи му дејство преку целата ширина на автомобилот. Кога е отворено, дава намалување на отпорот на воздухот од 2,5 проценти и намалување на подигнувањето од 15 проценти. Други надградби на аеродинамиката го регулираат струењето на воздух низ просторот за мотор за оптимално ладење и урамнотежена сила на притискање. Мазната долна површина на каросеријата и задниот дифузер го намалуваат отпорот на воздухот, го регулираат струењето на воздухот и ја унапредуваат стабилноста.
ТЕХНОЛОГИЈА НА ПОГОНСКАТА ЕДИНИЦА
5.0-литарскиот V8 мотор на F‑TYPE SVR е кулминација од моќност, рекалибриран за да развива зачудувачка моќност од 575PS и вртежен момент од 700Nm. Системот Погон на сите тркала работи заедно со електронскиот активен диференцијал за да се зголемат тракцијата и стабилноста. Со тоа на импозантните перформанси на F‑TYPE SVR им се дава потполна слобода.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА F-TYPE SVR
5.0-ЛИТАРСКИ V8 МОТОР СО МОЌНОСТ ОД 575PS
Овој рекалибриран 5.0-литарски V8 мотор со моќност од 575PS го прави F‑TYPE SVR најмоќниот сериски автомобил на Jaguar досега. Ќе ве однесе од 0 до 100km/h за само 3,7 секунди и до максимална брзина од 314km/h.
НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА
Бројни надградби на аеродинамиката, вклучувајќи ги прецизниот преден разделник и поширокиот спојлер, на F‑TYPE SVR му даваат повисоко ниво на сила на притисок, а во исто време го намалуваат отпорот на воздухот. Како резултат на тоа, F‑TYPE SVR лесно го сече воздухот, постигнувајќи големо забрзување и движење без напор.
УНИКАТНИ ТРКАЛА
F‑TYPE SVR е опремен со персонализирани 20”-ни тркала од легура со завршна обработка во сивата боја Satin Grey. Овие тркала со двојни краци користат уникатни пневматици Pirelli P ZERO™ што се за 10mm пошироки од стандардните пневматици кај F‑TYPE за да се добие унапредена управливост и подобар зафат на тркалата со подлогата.
ЕКСКЛУЗИВНА ВНАТРЕШНОСТ
Внатрешноста на F‑TYPE SVR е демонстрација на грижата за секој детаљ што ја практикува нашиот оддел Special Vehicle Operations. Насекаде во внатрешноста ќе забележите ексклузивни материјали, од финото контрастно порабување до ултрамодерните завршни обработки што создаваат чувство на максимален луксуз.
СТАНДАРДНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ДОСТАПНИ КАЈ СИТЕ МОДЕЛИ НА F‑TYPE
NAVIGATION PRO
Водењето преку системот за навигацијата го олеснува планирањето на патувањата и следењето на патеките, благодарејќи на гласовното водење свиок по свиок и на прегледот на раскрсниците. Функцијата „Dead-reckoning“ може точно да го позиционира возилото дури и кога GPS сигналите повеќе не може да се примаат – совршено за во центар на град или за возење низ тунели.
ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)
Електричниот серво управувач (EPAS) нуди извонредна повратна информација, контрола и се активира по барање – штедејќи ја моќноста за таму кадешто навистина ќе ви треба, а и го штеди горивото. Софистицираната компјутерска контрола ја менува помошта за управување според потребата – зголемувајќи ја при маневрирање со мали брзини на движење, а на големи брзини го подобрува чувството.
TOUCH PRO
Дел од стандардната опрема кај секој F‑TYPE, хардверот и софтверот од следната генерација на системот Touch Pro ги унапредуваат поврзливоста и забавата во F‑TYPE до највисокото ниво. Неверојатно брз, со високоинтуитивен кориснички интерфејс и остра графика, овој систем прави секое патување да биде поедноставно и позабавно.
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™
Дизајниран во соработка со Meridian™, британските експерти за звук, аудио системот од 380W кај F‑TYPE ја оживува вашата музика. Со 10 звучници, вклучувајќи 2 сабвуфера, овој систем го формира вашиот звук во однос на уникатната акустика на внатрешноста на F‑TYPE, со помош на софтверот за дигитална обработка на сигналите Digital Signal Processing (DSP) и напредните алгоритми на функцијата Cabin Correction.
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ
Системот Насочување на вртежниот момент на F‑TYPE ја максимира способноста дури и низ најтесните свиоци. Технологијата за насочување на вртежниот момент обезбедува контролирано независно кочење на поединечното внатрешно, предно и задно, тркало за да ги зголеми силите за вртење коишто дејствуваат на автомобилот.
ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ F‑TYPE

Направете го вашиот F‑TYPE уникатно ваш. Изберете ги боите на каросеријата и на покривот - и на тркалата, за да добиете целина. Скројте го вашиот личен стил на внатрешноста, одредувајќи ги вашите идеални седишта, текстури и комбинации од бои. И со исклучителната колекција од опции, стилски пакети и додатоци на Jaguar, вашиот F‑TYPE станува навистина персонализиран.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ F‑TYPE

Направете го вашиот F‑TYPE уникатно ваш

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ