JAGUAR АСОРТИМАН ОД OLIVER SWEENEY

Водечкиот британски бренд за автомобили и водечкиот британски бренд за чевли соработуваат за да произведат - а што друго? - ексклузивен асортиман на висококвалитетни чевли за возење.

ДИЗАЈН НА ЧЕВЛИ ИНСПИРИРАН ОД НАГРАДУВАНИОТ ДИЗАЈН НА АВТОМОБИЛ

Чевлите се инспирирани од чудесниот Jaguar F-TYPE; добитник на престижната награда светски дизајн на автомобил на годината. Тим Купер, главниот чевлар во Oliver Sweeney, работеше со Џулијан Томсон, директорот на Jaguar Advanced Design, за да произведат асортиман што ги користи материјалите и завршните обработки од F‑TYPE.

ВРСКАТА ПОМЕЃУ АВТОМОБИЛОТ И ВОЗАЧОТ

Обувките „Jaguar by Oliver Sweeney“ се достапни во комбинација на кожа со принт од карбонски влакна и сендвич нубук кожа, во црвена, морнарска сина и црна боја - бои што се изведени од внатрешноста на автомобилот. Дизајнот на обувките се базира на технологијата на анатомски калап што ги имитира природните контури на стопалото и обезбедува вистинска врска помеѓу возачот, возилото и патот - нешто на што во Jaguar инсистираме и во нашите автомобили.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас