Прецизна конструкција и чудесен дизајн, часовник во чест на најубавиот автомобил во светот.
Легендарниот модел E‑type сè уште важи за најубав автомобил на сите времиња. Во 1963 година, Jaguar планираше да произведе 18 возила, со специјална алуминиумска каросерија со мала тежина – но се направија само 12 возила. Педесет години подоцна, решивме да ги произведеме останатите шест возила.
По овој повод, соработувавме со Bremont, англиска компанија за производство на часовници, да направи шест чудесни часовници - по еден за секој клиент.
Уникатниот часовник Bremont Jaguar се карактеризира со мноштво дизајнерски детали од E-type. Меѓу другите тоа се црниот аналоген мерач што се базира на бројачот на вртежи во Lightweight E-type, а закосените стрелки за часови и минути ја реплицираат стрелката на тахометарот. Тркалцето за навивање е изгравирано со мотивот од ретро тркачките пневматици на Dunlop што се вградени на моделите Lightweight E-type. Ременчето е направено од истата кожа Connolly што се користеше за декоративните површини во внатрешноста. Секој часовник ги има броевите на шасијата и моторот од автомобилот со којшто е во пар.
„Гледано како целина, овие дизајнерски детали даваат визуелен впечаток на усогласеност со самиот E-type. Едноставно, изгледаат сосема во ред кога се носат на седиштето за возачот - како да се дизајнирани заедно со автомобилот во 60-тите години“.
Ијан Калум, директор на дизајн