Logo jaguar mobile

XJR SWB

Кај моделот XJR ќе најдете перформанси на суперавтомобил во комбинација со највисоко ниво на луксуз, инженерство и современа мајсторска изработка.
Емисија на CO2 g/km

Од 264

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 11,1

Инспирирано од оригиналните тркачки автомобили XJR, означувањето „R“ ви вели дека ќе го доживеете врвниот израз на спортскиот луксуз на Jaguar. Откријте ја возбудата што ја крие засилениот 5.0-литарски V8 550PS мотор со компресор. XJR може да забрза од 0 до 100km/h за 4,6 секунди (0-60mph за 4,4 секунди) и има максимална брзина од 280km/h (174mph).

Погледнете го моделот со големо меѓуоскино растојание Закажете тест возење

УНИКАТЕН СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА НА XJ

Седишта од мека зрнеста кожа во две бои, боите Jet и Red, со порабување во контрастна боја Red, тапацир на горната страна на инструмент таблата во бојата Jet, тапацир на таванот од антилоп материјал во бојата Jet, фурнир во бојата Piano Black и патосници во бојата Jet.

НАДВОРЕШНОСТ ВО СТИЛОТ XJR

Аеродинамиката на XJR е подобрена со изменетиот преден одбојник којшто има разделник во боја на каросеријата, долните влезни отвори за воздух со хромирано порабување, страничните прагови и со задниот спојлер. Уникатниот стил на надворешноста вклучува и украсна маска со сјајна црна боја, двојни жалузини на хаубата, црвени шепи на кочниците, препознатливо „R“ означување и Farallon тркала од легура со димензија од 20 инчи.

Истражете ја надворешноста

ПОТПИРАЊЕТО НА XJR

XJR се карактеризира со засилено и преработено потпирање со прилагодени поставки за надградена стабилност на големи брзини и агилна управливост со брза реакција.

Истражете го доживувањето во возењето

АКТИВЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА

Работејќи со системите за стабилност, тракција и со ABS системот, електронскиот активен диференцијал го испорачува вртежниот момент поединечно до секое задно тркало овозможувајќи скоро моментна промена во рапределбата на моќноста за да се ограничи провртувањето на тркалата и да се максимира тракцијата.

Истражете го доживувањето во возењето

СПЕЦИФИКАЦИЈА НА МОДЕЛОТ XJR

Истражете ги спецификациите на XJR на Jaguar

Погледнете ги спецификациите на XJ

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

Создадете еден совршен XJ за вашиот стил на возење, вашиот деловен стил и за вашиот животен стил.

Креирајте свој XJ