Logo jaguar mobile

XJ

XJ е врвниот седан на Jaguar, совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 149

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 5,7

XJ го редефинира поимот за луксузен автомобил. Тој е драматична комбинација од убавина, луксуз и моќност. Обезбедува агилност и нуди освежувачко динамично доживување во возењето. За патниците, кабината претставува место за комфор и релаксирање.

XJ се карактеризира со целосно ЛЕД фарови и крајни светла како и со системот InControl Touch Pro како дел од стандардната опрема, заедно со мноштво други надградби и во внатрешноста и на надворешноста.

Ниту еден автомобил не изгледа и не возбудува како XJ.

Закажете тест возење

Истражете ја ВНАТРЕШНОСТА НА XJ

Седишта од зрнеста кожа Cashew Bond со декоративна површина Truffle на горниот дел на инструмент таблата, тапацир на таванот во Ivory Morzine, фурнир Satin Rosewood и патосници Truffle.

Истражете ја внатрешноста

ОФИЦИЈАЛНО ИЗВОНРЕДЕН

XJ ги освои највисоките резултати за целокупен квалитет во сегментот на луксузни возила за 2016 година во истражувањето "Total Quality ImpactTM" спроведено од страна на Strategic Vision Inc. Оваа сеопфатна студија го мери целокупното сопственичко искуство при што од возачите е побарано да ги оценат сите аспекти на купувањето, поседувањето и возачкото доживување. Таа опфаќа сè: од сигурноста до возбудата да се управува и лојалноста кон автомобилот. Ние сме горди што XJ е оценет како "извонреден" од страна на најдобрите судии за било кој автомобил - од сопствениците.

СТАНДАРДНО ИЛИ ГОЛЕМО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ

Стандардно меѓуоскино растојание (SWB) или Големо меѓуоскино растојание (LWB), секој XJ е совршена средина за работа или за одмор во слободното време. Моделите со LWB се карактеризираат и со простор за нозете поголем од еден метар и со уникатно „лимузинско“ возење со изменети поставки на воздушното потпирање за уште поголем комфор.

ПОДВИЖЕН ДИЗАЈН

Самоуверениот стил на XJ вклучува импресивна, исправена предна украсна маска со мрежест детаљ, моќни целосно ЛЕД фарови и впечатливи ЛЕД крајни светла со уникатна графика со тенка декоративна линија. Моќниот карактер на XJ се отсликува во нискиот, широк став и долгата, затегната странична линија.

Истражете ја надворешноста

ВНАТРЕШЕН МИР

Со исклучителен луксуз, низ целата внатрешност на XJ ќе откриете квалитетна мајсторска избработка којашто го издвојува од останатите. Со XJ никогаш нема само да патувате, вас ќе ве превезуваат на друго место.

Истражете ја внатрешноста

МОЌНИ, СО БРЗА РЕАКЦИЈА, ПАМЕТНИ

Секој мотор на XJ нуди извонредна комбинација од перформанси, префинетост и ефикасност. На располагање се V6 турбодизел мотор или четири бензински мотори. Бензинските мотори се 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 240PS мотор со компресор, 3.0-литарскиот V6 мотор со компресор и моќниот 5.0-литарски V8 550PS мотор со компресор на XJR. Сите мотори се карактеризираат со функцијата Интелигентен Stop/Start за дополнително унапредување на ефикасноста на горивото и намалување на емисијата на CO2 кај XJ.

Истражете го доживувањето во возењето

УБАВИНА, СИЛА И АГИЛНОСТ

Целосно алуминиумската конструкција на каросеријата на XJ не само што се одликува со јакост и крутост, туку се одликува и со екстремно мала тежина. Споена со заковки и без ниту еден заварен спој, 100-процентната алуминиумска монокок конструкција на шасијата и каросеријата, го позиционира XJ меѓу автомобилите со најмала тежина во неговата класа. Одличниот однос моќност/тежина ги унапредува сите аспекти на перформансите, а монокок конструкцијата нуди зголемена крутост за унапредена управливост како и одлични придобивки за безбедноста.

Истражете го доживувањето во возењето

ДОБРО ПОВРЗАН АВТОМОБИЛ

Издигајќи ја идејата за поврзан автомобил на друго ниво - најсовремениот систем InControl Touch Pro на Jaguar е дел од стандардната опрема кај секој XJ. Се карактеризира зо 8”-ен екран на допир во централната конзола и прилагодлив, 12.3”-ен TFT дисплеј со висока резолуција за групата инструменти којшто обезбедува едноставни за користење интерфејси. Други иновативни карактеристики се системот за навигација со предвидување што ги „учи“ вашите вообичаени патувања и тврд диск со простор од 10GB за складирање на вашите лични медиуми.

*Зависи од пазарот

Истражете ја технологијата во автомобил
ПЕРФОРМАНСИТЕ И ЛУКСУЗОТ НА XJR

ПЕРФОРМАНСИТЕ И ЛУКСУЗОТ НА XJR

XJR ги комбинира перформансите на суперавтомобил со мајсторската изработка од највисоко ниво. Од неговиот 5.0-литарски V8 550PS мотор со компресор и напредните технологии за возење, до препознатливиот „R“ стил и современата внатрешност, ова е врвниот израз на спортскиот луксуз.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА СЕРИЈАТА МОДЕЛИ

ИСТРАЖЕТЕ ЈА СЕРИЈАТА МОДЕЛИ

Прегледајте ја серијата XJ и откријте ја вашата совршена комбинација на перформанси, управливост и комфор.

XJ СО СТАНДАРДНО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ
XJ СО ГОЛЕМО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ

XJ СО СТАНДАРДНО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ

XJ СО ГОЛЕМО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ