Logo jaguar mobile

БЕЗБЕДНОСТ

Дизајнирани се низа од напредни системи за помош на возачот и системи за безбедност за да ве штитат при секое патување.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

XJ е опремен со множество од системи за помош на возачот коишто даваат многу повеќе отколку збирот на нивните делови, работејќи заедно за да го направат возењето поедноставно и побезбедно.

ДИЗАЈНИРАН ЗА ДА ОХРАБРУВА

Без оглед на задачата, условите или околината, можете да бидете сигурни дека XJ ќе направи повеќе од тоа што е потребно за да ви помогне и да ве заштити вас и вашите сопатници.

ФАНТАСТИЧНА СВЕТЛИНА

ФАНТАСТИЧНА СВЕТЛИНА

Моќните и ефикасни целосно ЛЕД фарови на XJ создаваат исклучително мазен сноп и светлина којашто е блиска до вистинската дневна светлина - овозможувајќи побрзо препознавање на предметите. Достапни се и со системот Прилагодливо предно осветлување, којшто работи заедно со управувачот за да го зголеми осветлувањето во свиоците и со опционалниот систем Помош за автоматски долги светла што го соборува снопот на фаровите како што приоѓаат возилата од спротивен правец.

ДЕТСКИ СЕДИШТА

ДЕТСКИ СЕДИШТА

Достапни се бројни детски седишта компатибилни со XJ коишто ќе се грижат за безбедноста и сигурноста на најмалите. Од корпите за бебиња до седиштата за поголеми деца, целата опрема е дизајнирана за едноставно вградување, отстранување и чистење

СЕКОГАШ ПОД КОНТРОЛА

СЕКОГАШ ПОД КОНТРОЛА

Системот InControl Protect ја вклучува функцијата SOS итен повик, којашто веднаш ќе ги донесе соодветните служби до вашата точна локација во случај на критична ситуација. Исто така ја обезбедува и функцијата Optimised Jaguar Assistance којашто ги пренесува вашата локација и дијагностичките податоци за возилото и се грижи да го минимизира доцнењето во вашето патување. Апликацијата Remote Essentials ви овозможува да го набљудувате вашиот XJ преку вашиот паметен телефон, на пример да го проверите нивото на гориво или да проверите дали автомобилот е заклучен или не.