Logo jaguar mobile

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Напредните системи за помош на возачот кај XJ се грижат за вашата безбедност, поврзливост и забава.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

XJ е опремен со множество од стандардни и опционални системи InControl, како и системи за помош на возачот, за да биде возењето поедноставно и побезбедно. Секој XJ е опремен и со системот InControl Touch Pro како дел од стандардната опрема. Тоа е најнапредниот и најбрзиот систем за информации и забава на Jaguar досега. А со системот InControl Touch Pro, можете да изберете да го додадете системот InControl Connect Pro, којшто обезбедува широк пакет на Pro услуги за дополнително проширување на способностите на системот InControl Touch Pro.

ПОВРЗАН АВТОМОБИЛ

Сите модели на XJ се карактеризираат со најсовремениот систем за информации и забава на Jaguar, системот InControl Touch Pro. Со помош на Intel Quad Core системот на чип (SoC) тој ја издигнува идејата за поврзан автомобил на друго ниво. Системот беспрекорно се интегрира со вашиот паметен телефон за да ви понуди лепеза од услуги коишто ќе го надградат доживувањето во возењето осигурувајќи ви поврзливост додека сте во движење.

КОНТРОЛА ПРЕКУ ЕКРАНОТ НА ДОПИР

КОНТРОЛА ПРЕКУ ЕКРАНОТ НА ДОПИР

Командниот центар на XJ е екранот на допир. Овој нов, високоинтуитивен интерфејс со повеќекратен допир може да се персонализира и користи гестикулации коишто се познати кај паметните телефони и таблетите- само допрете, зумирајте со два прста и поминете со прст за брза и точна работа.

ВИРТУЕЛЕН ДИСПЛЕЈ СО ИНСТРУМЕНТИ

ВИРТУЕЛЕН ДИСПЛЕЈ СО ИНСТРУМЕНТИ

Виртуелниот дисплеј со инструменти со висока резолуција на XJ ги оживува информациите - 12.3”-ен HD TFT екран ја заменува вообичаената група инструменти. Овој моќен повеќеслоен, виртуелен дисплеј комбинира едноставен за употреба графички интерфејс со напредна функционалност за да го направи возењето уште попријатно. Можете да изберете една од четирите претходно поставени теми на дисплејот, или целосен поглед на мапа во 3Д, да одговара на вашите желби.

ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

Опционалниот систем Забава на задните седишта се карактеризира со поединечни екрани, на отворање, од 10,2 инчи со висока резолуција со остра слика. Односот на страните од 16:9 значи дека се совршени за гледање филмови преку целиот екран. А бидејќи системот е опремен со безжични слушалки и далечински, USB и HDMI порти коишто поддржуваат повеќе таблети и паметни телефони, XJ може секому да му овозможи поврзливост без напор.

ЗВУЧИ ВИСТИНСКИ

ЗВУЧИ ВИСТИНСКИ

XJ нуди аудио системи коишто се дизајнирани за да ја оживеат музиката. Аудио системот на Jaguar развива моќност од 250W и нуди акустично доживување преку 8 звучници. Три други системи, дизајнирани за XJ во соработка со британските експерти за звук Meridian, нудат уште поголемо пространство од перформанси: дигиталниот аудио систем Meridian од 380W со опкружувачки звук, дигиталниот аудио систем Meridian од 825W со опкружувачки звук и дигиталниот аудио систем Meridian Reference од 1300W.

Сите се карактеризираат со напредна технологија вклучувајќи го софтверот за дигитална обработка на сигналите Digital Signal Processor (DSP) за да создадат врвен стерео или опкружувачки звук низ кабината и да го оптимизираат секој елемент од системот, како и функцијата Meridian Cabin Correction за драстично да се унапреди јасноста и автентичната репродукција на вашата музика.

НАДГРАДЕНА СИГУРНОСТ

НАДГРАДЕНА СИГУРНОСТ

XJ е дизајниран за максимална сигурност кога стои во место и кога се движи. Алармниот систем и имобилизаторот на моторот се вградуваат како дел од стандардната опрема. Со помош на вашата клуч картичка можете далечински да го заклучите и двојно да го заклучите XJ или, од друга страна, истото можете да го направите преку дискретното копче на кваката на вратата. Штом ќе тргнете, вратите може да бидат програмирани да се заклучуваат автоматски на претходно поставена брзина на движење.