Logo jaguar mobile

ДОЖИВУВАЊЕ ВО ВОЗЕЊЕТО

Откријте ја префинетоста на XJ со исклучителни мотори, молневита трансмисија и множество напредни технологии за возење.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

XJ ви нуди комфор и префинетост на луксузен автомобил со брзина на реакцијата и вклученост на возачот како во спортски автомобил.

МОЌНИ, СО БРЗА РЕАКЦИЈА, ПАМЕТНИ

Движечка сила кај XJ се исклучителните мотори креирани за да ги задоволат различните барања за возење, но секогаш да ги обезбедат извонредните перформанси. Сите модели се карактеризираат со трансмисија со 8 степени на пренос за бесшумно и глатко менување на степените на пренос, обезбедувајќи возење со поголема реакција и помала потрошувачка на гориво.

УБАВИНА, СИЛА И АГИЛНОСТ

УБАВИНА, СИЛА И АГИЛНОСТ

Целосно алуминиумската конструкција на каросеријата на XJ се одликува со јакост, екстремна крутост и со мала тежина. Споена со заковки и без ниту еден заварен спој, 100-процентната алуминиумска монокок конструкција на шасијата и каросеријата, го позиционира XJ меѓу автомобилите со најмала тежина во неговата класа.

Одличниот однос моќност/тежина ги унапредува сите аспекти на перформансите, а монокок конструкцијата нуди зголемена крутост за унапредена управливост и одлична безбедност.

КОМФОР И КОНТРОЛА

КОМФОР И КОНТРОЛА

Системот Прилагодлива динамика постојано го набљудува автомобилот до 500 пати во секунда, менувајќи го амортизирањето за да одговара на условите. Овие постојани прилагодувања се грижат за мирното возење и стабилноста на XJ, унапредувајќи ја контролата без никакви загуби во комфорот при возењето.

ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА

ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА

Автоматската трансмисија со 8 степени на пренос кај XJ се контролира со помош на Jaguar Drive Selector, којшто се подигнува и ви е на дофат на раката откако ќе го притиснете копчето „Start“. Системот Jaguar Drive Control нуди два режима за возење - Динамичкиот режим обезбедува забрзување со побрза реакција, а Зимскиот режим дава поголема контрола на движењето во лизгави услови.

УНАПРЕДЕНА УПРАВЛИВОСТ И ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

УНАПРЕДЕНА УПРАВЛИВОСТ И ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

Електронскиот активен диференцијал ја контролира распределбата на вртежниот момент до задните тркала. Целосната електронска контрола на блокадата на задниот диференцијал му овозможува на системот да нанесува вртежен момент за целосна блокада скоро моментно за да го ограничи провртувањето на тркалата, да ја максимира тракцијата и да понуди уште поголемо ниво на контрола.

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Интелигентниот систем Погон на сите тркала (AWD) реагира додека да трепнете, така што доколку задните тркала започнат на провртуваат, системот моментно го прераспределува вртежниот момент за да го компензира тоа. Преку 90 проценти од вртежниот момент на моторот може да биде прераспределен од задните тркала кон предните тркала за да се обезбеди оптимална тракција.

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ALL SURFACE PROGRESS CONTROL)

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ALL SURFACE PROGRESS CONTROL)

Уникатниот систем на Jaguar, Контрола на движењето по секаква површина (ASPC), е контрола на мала патна брзина, работи на брзини меѓу 3,6 km/h и 30 km/h. Системот се грижи XJ да се справи со ситуациите со мала тракција независно од временските услови и му овозможува на возачот да се концентрира на управувањето на возилото. Системот има и функција за тргнување од место којашто му овозможува на XJ да тргне од место на лизгава површина, како и функција спуштање по надолнина којашто ја контролира брзината на возилото на пострмни надолнини.