Logo jaguar mobile

XJ AUTOBIOGRAPHY LWB

Моделот XJ Autobiography е кулминацијата на серијата модели на XJ со луксузен и уникатен стил независно дали сте зад воланот или на седиштата за сопатниците.
Емисија на CO2 g/km

Од 149

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 5,7

Изберете динамика и ефикасност што се нуди со засилениот 3.0-литарски 300PS турбодизел мотор. Или префинетата моќност на 3.0-литарскиот V6 340PS бензински мотор со компресор, достапен и со погон на задните тркала RWD и со погон на сите тркала AWD. Врвните перформанси се достапни со 5.0-литарскиот 510PS V8 бензински мотор со компресор.

Закажете тест возење

УНИКАТЕН СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА НА XJ

Пространата задна кабина на XJ е направена да ве разгали. Таа може дополнително да се надгради со поединечни екрани, на отворање, од 10,2 инчи со висока резолуција со остра слика и централен потпирач за раце со елементи за контрола за мултимедија и за предните и задните седишта, а обезбедува и корисен простор за одлагање предмети.

360 СТЕПЕНИ КОНТРОЛА НА РАСТОЈАНИЕ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Системите 360 Контрола на растојание при паркирање и Забележување на сообраќајот којшто приоѓа одзади користат предни, задни и странични ултразвучни сензори за да ви ја сигнализираат близината на предметите и другите автомобили кога се паркирате или кога излегувате од паркинг место. Системот Помош при паркирање автоматски управува со XJ и го внесува во место за паркирање додека возачот работи со педалите. Системот од камери за опкружувачка слика користи пет камери за да обезбеди многустрани погледи околу возилото.

Истражете ја технологијата во автомобил

ДИГИТАЛЕН АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN REFERENCE (1300W)*

Неверојатниот дигитален аудио систем Meridian Reference од 1300W користи 26 звучници. Овој супериорен аудио систем користи психоакустика за да создаде звуци коишто се толку верни на природните звуци што мозокот ги регистрира како вистински.

*Опционална карактеристика

Истражете ја технологијата во автомобил

ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА*

Патниците можат да ги гледаат нивните омилени телевизиски емисии кога патуваат, преку дигиталниот телевизиски приемник. Возачите имаат можност да ги гледаат омилените ТВ емисии на екранот на допир секој пат кога автомобилот стои во место.

*Опционална карактеристика

Истражете ја технологијата во автомобил

СПЕЦИФИКАЦИЈА НА МОДЕЛОТ XJ AUTOBIOGRAPHY

Истражете ги спецификациите на XJ Autobiography на Jaguar

Погледнете ги спецификациите на XJ

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

Создадете еден совршен XJ за вашиот стил на возење, вашиот деловен стил и за вашиот животен стил.

Креирајте свој XJ