Logo jaguar mobile

XF

Типичен Jaguar. Самоуверениот дизајн на XF се издвојува од останатите.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 104 со рачна трансмисија
Од 109 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,0 со рачна трансмисија
Од 4,1 со автоматска трансмисија

XF се надоградува на успехот на најнаградуваниот автомобил на Jaguar досега. Со неспоредлива комбинација на стил и содржина, тој претставува крајно заводлива мешавина од дизајн, динамика и префинетост како би се создал автомобил којшто нуди и возбуда и ефикасност. Сето тоа усовршено со најсовремени технологии коишто се грижат за вашата безбедност, поврзливост и забава.

Закажете тест возење

СО МАЛА ТЕЖИНА, ИНСТИКТИВЕН, СО БРЗА РЕАКЦИЈА

Благодарејќи на алуминиумската конструкција со мала тежина на Jaguar, XF е поефикасен, има пониски трошоци за одржување и ја намалува емисијата на CO2 до 104g/km. Во движење, системите за потпирање со мала тежина, напред двојна вилушка а назад Integral Link, даваат врвно ниво на комфор при возењето и извонредна управливост.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ДОЖИВУВАЊЕТО ВО ВОЗЕЊЕТО

ИЗРАБОТЕН ДО СОВРШЕНСТВО

XF е избор и луксуз по нарачка. Место кадешто првокласните материјали се елегантно изработени во дизајн којшто дава чист, сеопфатен комфор. Каде и да седите, комбинацијата на современиот дизајн, изобилната природна светлина и извонредната изработка на XF, создадава атмосфера на релаксирана префинетост.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

ИНОВАЦИИ ОД ТРГНУВАЊЕ ДО ЗАСТАНУВАЊЕ

Поврзливоста и забавата ви ја овозможуваат InControl Touch и InControl Touch Pro*, системи за информации и забава на XF. Тие се карактеризираат со брза реакција и современ графички интерфејс со технологиите на „допир“ и на „поминување со прст“. Со брза реакција, интуитивна и беспрекорно интегрирана - технологијата на Jaguar нуди решенија коишто иновативно го унапредуваат вашето возење.

*Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Jaguar. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.

ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ ТЕХНОЛОГИИ

ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ СПОРЕД EURO NCAP

Jaguar XF ја доби максималната оценка од 5 ѕвездички во тестовите за безбедност на Euro NCAP за 2015 година.

Нудејќи извонредна заштита од судар, возилото беше високо оценето во сите категории вклучувајќи ги категориите Патник и Пешак, и е меѓу највисоко оценетите модели во својот сегмент.

XF нуди и палета на системи за активна безбедност вклучително системот Автономно итно кочење за дополнително унапредување на нивото на безбедност од светска класа.

Дознајте повеќе
XF ЗА БИЗНИС

XF ЗА БИЗНИС

При дизајнирањето на XF ги земавме во предвид сите области на вкупните трошоци за поседување на автомобилот. Резултатот е до 34.000km или две години меѓу редовни сервиси, емисија на CO2 од 104g/km и потрошувачка на гориво од 4,0 литри/100km - податоци коишто го позиционираат XF меѓу водечките во класата.

ИЗБЕРЕТЕ ЕДЕН ОД ПЕТТЕ МОДЕЛИ

Пронајдете ја вашата рамнотежа од ефикасност, перформанси и луксуз со серијата модели XF.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ XF

XF PURE

Суштината на XF. Перформанси на Jaguar фокусирани кон возачот, комбинирани со ефикасност.

XF PRESTIGE

Издигнете го луксузот на повисоко ниво со современите материјали и најфината мајсторска изработка.

XF PORTFOLIO

Кулминација од луксуз и мајсторство во XF.

XF R-SPORT

Смел и самоуверен. Јасно забележлив спортски стил на надворешноста и во внатрешноста.

XF S

За чисти спортски перформанси, со феноменалниот 3.0-литарски V6 мотор.