Logo jaguar mobile

XF S

XF во неговата највозбудлива варијанта и со најголем фокус на перформансите. XF со моќност на V6 моторот.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 198 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 8,3 со автоматска трансмисија

XF S ги комбинира моќноста на V6 моторот и спортскиот луксуз во стил што го одзема здивот. Уживајте во прецизната управливост благодарејќи на неговото спортско потпирање и одличниот квалитет на возење којшто се добива со системот Прилагодлива динамика со Динамика којашто може да се конфигурира*. Самоуверениот S стил на каросеријата надополнет со црвените шепи на кочниците, тркалата од легура од 19 инчи, двојната издувна цевка, елегантниот заден спојлер и уникатниот стил на внатрешноста одговараат на перформансите.

Закажете тест возење

ЛУКСУЗ ИНСПИРИРАН ОД СПОРТОТ

XF S нуди луксуз со стил на спортски авотмобил. Спортски седишта од кожата Taurus и од антилоп материјал, метални завршни елементи на праговите и мултифункционален волан - сите се карактеризираат со ексклузивниот беџ S.

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

За максимален комфор и прецизна контрола, системот Прилагодлива динамика ги прилагодува електронски контролираните амортизери за да го оптимизира потпирањето на XF. Системот ги анализира управувањето, до 500 пати во секунда, и движењата на каросеријата, до 100 пати во секунда, како и мноштвото команди од возачот, за постојано да ги набљудува и да ги даде совршените поставки за потпирањето според условите на патот и барањата на возачот.

СПОРТСКИ СТИЛ

СПОРТСКИ СТИЛ

Со смел стил и на надворешноста и во внатрешноста, изгледот на XF S одговара на неговите перформанси. Додавајќи мускулест изглед на веќе динамичната форма на XF, каросеријата во стилот S вклучува спортски преден одбојник, спојлер и странични прагови со сјајна црна боја. Во кабината, спортските седишта и уникатната завршна обработка Dark Hex создаваат внатрешност којашто има перформанси во своето срце.

АПСОЛУТНА МОЌНОСТ

АПСОЛУТНА МОЌНОСТ

XF S е достапен со моќниот 3.0-литарски V6 380PS бензински мотор со компресор којшто се наоѓа и во F-TYPE S. Создава возбудливи перформанси со оптимална ефикасност и префинетост. Вртежниот момент од 450Nm на моторот овозможува забрзување од 0 до 100km/h за само 5,3 секунди и максимална брзина од 250km/h.

НАПРАВЕТЕ ГО XF САМО ВАШ

Со богатата колекција на достапни додатоци за надворешноста и за внатрешноста, XF е спремен да одговара на вашиот стил и начин на живот.

истражете ги додатоците