Logo jaguar mobile

XF PURE

Суштината на XF. Перформанси на Jaguar фокусирани кон возачот, комбинирани со ефикасност.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 104 со рачна трансмисија
Од 109 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,0 со рачна трансмисија
Од 4,1 со автоматска трансмисија

Впечатлива, аеродинамична надворешност во спој со современа внатрешност. XF Pure нуди комфор, а преку екранот на допир од 8 инчи ви го претставува новиот систем за информации и забава на Jaguar, системот InControl, за да го направи возењето уште попријатно. Со помош на лепезата од достапни мотори и трансмисии можете да ставите акцент на перформансите или на економичноста.

Закажете тест возење

ЧИСТА ПРЕФИНЕТОСТ

Во XF Pure ќе ги пронајдете најновата технологија и современото мајсторство. Седиштата со прилагодување во 8x8 насоки и мајсторски изработениот фурнир со сјајна црна боја нудат комфор и стил. Секое возење се збогатува со напредниот систем за информации и забава и аудио системот Jaguar од 80W со 8 звучници.

ПРОСТРАНСТВО ОД ПЕРФОРМАНСИ

ПРОСТРАНСТВО ОД ПЕРФОРМАНСИ

XF нуди палета на мотори, од 2.0-литарскиот 4-цилиндричен E-Performance (163PS) мотор којшто има емисија на CO2 од 104g/km до 2.0-литарскиот 4-цилиндричен (300PS) мотор со забрзување од 0 до 100km/h за 5,8 секунди. Независно дали сакате Jaguar ефикасност или перформанси, тука има еден XF за вас.

ИЗБОР НА ТРАНСМИСИЈА

ИЗБОР НА ТРАНСМИСИЈА

XF е достапен или со рачна трансмисија* со 6 степени на пренос или со електронска автоматска трансмисија со 8 степени на пренос. Рачната трансмисија дава глатки, прецизни промени на степените на пренос и врвно ниво на комфор. Автоматската трансмисија се одликува со глатка работа и брза промена на степените на пренос за беспрекорно забрзување.

*Рачната трансмисија е достапна со 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 163PS (E-Performance) дизел мотор и со 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 180PS турбодизел Ingenium мотор. Зависи од пазарот.
На сликата е прикажана автоматска трансмисија.

ВКУПНИ ТРОШОЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ

ВКУПНИ ТРОШОЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ

XF го дизајниравме имајќи ги на ум ниските вкупни трошоци за поседување. Тој може да постигне завидна ефикасност со ниски вредности за потрошувачката на гориво од 4.0l/100km и на емисијата на CO2 од 104g/km. Заштедите не завршуваат со ова. XF нуди и подолги сервисни интервали, така што воопшто не мора да размислувате за редовен сервис во наредните 34.000km или две години.

НАПРАВЕТЕ ГО XF САМО ВАШ

Со богатата колекција на достапни додатоци за надворешноста и за внатрешноста, XF е спремен да одговара на вашиот стил и начин на живот.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ДОДАТОЦИТЕ