Logo jaguar mobile

XF PRESTIGE

Издигнете го луксузот на повисоко ниво со современите материјали и најфината мајсторска изработка.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 104 со рачна трансмисија
Од 109 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,0 со рачна трансмисија
Од 4,1 со автоматска трансмисија

XF Prestige нуди стилски луксуз. Достапни се седишта од кожата Grained и избор на фино изработени завршни детали. Функцијата Внатрешно осветлување според расположението го комплетира елегантниот простор во кабината. Бифункционалните HID ксенон фарови со ЛЕД „Ј“ потпис се круна на динамичната надворешност.

Закажете тест возење

СОВРЕМЕН ЛУКСУЗ

Уживајте во дополнителниот луксуз во XF Prestige. Предните седишта со електрично прилагодување во 10x10 насоки и задните седишта со делливо соборување* даваат комфор и сестраност, додека функцијата Внатрешно осветлување според расположението со фосфорно сина боја ја нагласува современата мајсторска изработка.

ВНАТРЕШНОСТ ОД КОЖА

ВНАТРЕШНОСТ ОД КОЖА

XF Prestige е достапен со седишта од кожата Grained во широка палета од бои и волан од мека зрнеста кожа за чувство на мајсторство и луксуз.

КСЕНОН ФАРОВИ СО ВИСОК ИНТЕНЗИТЕТ

КСЕНОН ФАРОВИ СО ВИСОК ИНТЕНЗИТЕТ

Бифункционалните HID ксенон фарови се светли и јасни, обезбедувајќи одлично осветлување на патот и со долгите и со соборените светла, за поедноставно и побезбедно ноќно возење. Нивните интегрални ЛЕД светла за дневно возење со „Ј“ потпис на XF Prestige му даваат карактеристична визуелна препознатливост. Вградените прскалки се дел од стандардната опрема.

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СПОРЕД РАСПОЛОЖЕНИЕТО

ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СПОРЕД РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Кабината оживува преку внимателно распореденото фосфорно сино осветлување според расположението коешто ги нагласува главните дизајнерски детали и функции на кабината за да создаде богат визуелен ефект.

НАПРАВЕТЕ ГО XF САМО ВАШ

Со богатата колекција на достапни додатоци за надворешноста и за внатрешноста, XF е спремен да одговара на вашиот стил и начин на живот.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ДОДАТОЦИТЕ