Logo jaguar mobile

XF PORTFOLIO

Кулминација од луксуз и мајсторство во XF.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 104 со рачна трансмисија
Од 109 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,0 со рачна трансмисија
Од 4,1 со автоматска трансмисија

Portfolio е најлуксузниот модел на XF. Елегантната надворешност на XF се нагласува со 18-инчните тркала од легура коишто се дел од стандардната опрема*. Вo кабината, најквалитетни материјали, мајсторски изработени со педантно внимание кон деталите, за да се создаде внатрешност со врвен стил и комфор.

Закажете тест возење

ЕЛЕГАНЦИЈА НА ВНАТРЕШНОСТА

Изразете го вашиот стил со најголемиот избор којшто е достапен во XF. Сместете се во вашата совршена внатрешност со првокласниот луксуз на седиштата од кожата Windsor.

ВНАТРЕШНОСТ ОД КОЖАТА WINDSOR

ВНАТРЕШНОСТ ОД КОЖАТА WINDSOR

Кожата Windsor се користи за тапацирање на седиштата и на декоративната површина на инструмент таблата на XF Portfolio. Овој мек, финозрнест првокласен материјал го нуди најдоброто во комфорот. На располагање е палета од пет бои за седиштата.

СЕДИШТА СО ПРИЛАГОДУВАЊЕ ВО 10х10 НАСОКИ

СЕДИШТА СО ПРИЛАГОДУВАЊЕ ВО 10х10 НАСОКИ

За дополнителен луксуз и комфор, XF Portfolio нуди кожни седишта со електрично прилагодување во 10x10 насоки. Мемориската функција* може да ги врати седиштето за возачот, надворешните ретровизори и воланот во персонализираните позиции за возење.

ИЗБОР НА ЛУКСУЗ

ИЗБОР НА ЛУКСУЗ

Изберете од нашиот асортиман на фино изработени завршни детали од елегантно дрво, современ алуминиум или од карбонски влакна со спортски стил, тапацир на таванот од антилоп материјал или од кожата Windsor.

На сликата е прикажан екранот на опционалниот систем InControl Touch Pro

НАПРАВЕТЕ ГО XF САМО ВАШ

Со богатата колекција на достапни додатоци за надворешноста и за внатрешноста, XF е спремен да одговара на вашиот стил и начин на живот.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ДОДАТОЦИТЕ