Logo jaguar mobile

ВНАТРЕШНОСТ

Внатрешноста на XF нуди извонреден избор на луксуз и изобилство од простор.

Во кабината на XF, лепеза од современи материјали коишто се извонредно изработени за да понудат исклучителен комфор и чувство на благосостојба.

Креирајте свој модел

НА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

НА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

Отворете ја вратата на XF и копчето Start ве мами да влезете внатре. Пулсирајќи во ритамот на срцето, тоа создава емоционална врска меѓу возачот и машината. Неговиот ритам од 72 двојни отчукувања во минута е истиот како кај дивата мачка јагуар во мирување. Сега, притиснете го копчето Start и XF ќе се разбуди. Со совршена кореографија, отворите за воздух ротираат за да се отворат, современиот вртлив селектор* во бојата Satin Black полека се подига, моторот ’ржи – сето тоа ве инспирира да го замислите претстојното возење.

*Само со автоматска трансмисија.

НАЈФИНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ

Кожите и фурнирите се бирани највнимателно за да се осигура дека сѐ што ќе допрете во кабината на XF зрачи со луксуз. Независно од тоа дали претпочитате декоративни површини од карбонски влакна или дрвени фурнири коишто ќе го надополнат прекрасниот избор на кожи, вашиот XF секогаш ќе биде вистинскиот, и на изглед и на допир.

ДЕТАЛИ НА ДИЗАЈНОТ

ДЕТАЛИ НА ДИЗАЈНОТ

XF ја комбинира прецизната мајсторска изработка со современите материјали за да понуди бројни опции за внатрешноста. Меката кожа со двојно порабување, вклучувајќи ја и првокласната кожа Windsor Grain, може да се надополни со елегантни фурнири и квалитетни текстилни материјали во разни бои.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Од елегантните модерни фурнири, висококвалитетните текстилни материјали и кожи, до големиот избор на комбинации од бои, можете да создадете еден XF којшто ќе одговара на вашиот стил. Можете дури и да ставите свој натпис на осветлените плочки на праговите*.

*Опционална карактеристика.

Креирајте свој модел
БАГАЖЕН ПРОСТОР

БАГАЖЕН ПРОСТОР

Со зафатнина од 540 литри*, багажниот простор на XF нуди голем капацитет за сместување багаж. За уште поголема сестраност, изберете ја опционалната конфигурација 40:20:40 на задните седишта – тоа ја зголемува зафатнината на багажниот простор на импресивни 885 литри.

*Со систем за поправка на пневматици. 505 литри со тенко резервно тркало.

ПРОСТОР ЗА РЕЛАКСАЦИЈА

ПРОСТОР ЗА РЕЛАКСАЦИЈА

Кабината на XF е место на луксуз, избор и богат простор. Големите вредности за висината кај задните седишта и на просторот за нозе го збогатуваат извонредниот комфор за патниците. Функцијата Внатрешно осветлување според расположението исто така ја унапредува атмосферата во XF, додека ЛЕД светлата за читање даваат јасно, лично осветлување.